Орбитална брзина

Орбитална брзинабрзината со која едно небесно тело или вештачки објект кружи околу тежиште или, ако има многу помала маса од главното тело во системот, неговата брзина во однос на најголемото тело. Во вториот случај, брзината е релативна на површината на поголемото тело или на неговото тежиште.

Поимот може да се однесува на средната орбитална брзина (просечната брзина низ целата орбита) или на мигновената брзина во дадена точка на орбитата. Најголемата (мигновена) орбитална брзина се постигнува во периапсидата (перигејот, перихелот и тн.), а најмалата за тела во затворени орбити е во апоапсидата (апхелионот, апогејот и тн.). Кај идеалните двотелесни системи, телата во отворени орбити продолжуваат бесконечно да се забавуваат како што се оддалечуваат од тежиштето.

Кога системот приближно се зема за двотелесен, мигновената орбитална брзина во дадена точка на орбитата може да се пресмета според оддалеченоста од средишното тело и специфичната орбитална енергија на објектот (која е постојана и независна од положбата).

Other Languages
العربية: سرعة مدارية
English: Orbital speed
Esperanto: Orbita rapido
français: Vitesse orbitale
한국어: 공전 속도
Bahasa Indonesia: Kecepatan orbit
Lëtzebuergesch: Bunnvitess (Astronomie)
Bahasa Melayu: Kelajuan orbit
日本語: 軌道速度
norsk nynorsk: Banefart
português: Velocidade orbital
Simple English: Orbital speed
slovenčina: Kruhová rýchlosť
slovenščina: Tirna hitrost
српски / srpski: Орбитална брзина
srpskohrvatski / српскохрватски: Orbitalna brzina
suomi: Ratanopeus
中文: 轨道速度