Операција Божји гнев

Операцијата Божји гнев ( хебрејски: מבצע זעם האל, Mivtza Za'am Ha'el) претставувала тајна операција на Израел и Мосад по Минхенскиот масакар во 1972 година кога биле убиени 11 олимписки натпреварувачи на Олимписките игри во Минхен. Целта на Мосад била ликвидирање на членовите на Црн септември и Палестинската ослободителна организација. Налог за оваа операција била дадена од страна на израелскиот премиер Голда Меир во есента на 1972 година.

Позадина

По Минхенскиот масакар на Летните олимписки игри, премиерот Голда Меир создадала Комитет X, една мала група на државни службеници задолжени за формулирање на израелската реакција на чие чело застанал министерот за одбрана Моше Дајан. Таа исто така го именувала генералот Ахарон Јарив како нејзин советник за контратероризам заедно со директорот на Мосад Цви Замир. Комитетот заклучил дека за да ги одврати идните насилни инциденти против Израел потребно е да се извршат атентати врз оние кои го поддржувале или извршиле Минхенскиот масакар. Состојбата дополнително се зголемила кога тројца од преживеаните извршители на масакрот биле пуштени само неколку месеци подоцна од Западна Германија. Првата задача на комисијата за израелската разузнавачка служба била да се направи список на сите оние кои биле вклучени во Минхен. Ова било постигнато со помош на ПЛО оперативците кои работеле за Мосад како и со помош на информациите обезбедени од страна на пријателските европски разузнавачки агенции. [1]

Планирањето на операцијата била наменета кон постигнување на еден општ страв меѓу палестинските милитанти. Според поранешниот заменик-шеф на Мосад Дејвид Кимче целта на операцијата не била толку во одмаздата туку повеќе била насочена кон палестинските терористи да ги направи плашливи.

Other Languages