Операција Барбароса

Расположбата на германските војски, во предвечерјето на операцијата Барбароса, 22 јуни 1941

Операција Барбароса (на германски: Unternehmen Barbarossa) е кодирано име за германскиот напад врз Советскиот сојуз во 1941. Името на операцијата, Барбароса, значи Црвена брада (барба = брада; роса = црвена).

Во ноември 1940 се завршени и одобрени плановите од Хитлер со директивата N21, која датира од 18 декември 1940, наречена Операција Барбароса. Предложено е подготовките за нападот да бидат завршени до 15 мај 1941, а до есента Германците требало да стасаат до линијата од Архангелск до Волга.

Неопходноста Германија да се распореди на Балканот во Грција и Југославија, го забавува нападот 7 недели. На 22 јуни 1941, 79 германски дивизии, поткрепени од романски и фински војски, го започнуваат нападот.

Оваа најголема воена операција во историјата не успева заради две основни причини: руските ресурси и издржливост биле поголеми од очекуваните; и самиот Хитлер греши, давајќи наредба за концентрирање на војските во Москва, кога Ленинград веќе е опкружен, а во истото време ги поместува тенковите од централна кон јужна насока и со тоа ја смалил заштитата на Москва. До пристигнувањето на зимата, само јужната армиска група успева да ги исполни првичните заповеди.

Other Languages
беларуская: План Барбароса
беларуская (тарашкевіца)‎: Плян Барбароса
Bahasa Indonesia: Operasi Barbarossa
Кыргызча: «Барбаросса»
Bahasa Melayu: Operasi Barbarossa
norsk nynorsk: Operasjon Barbarossa
oʻzbekcha/ўзбекча: Barbarossa rejasi
Simple English: Operation Barbarossa
slovenščina: Operacija Barbarossa
srpskohrvatski / српскохрватски: Operacija Barbarossa
татарча/tatarça: Barbarossa operatsiäse