Оперативен систем

Оперативниот систем ( кој обично се скратува како или O/С) е посредник помеѓу хардверот и корисникот; ОС е одговорен за управувањето и координирањето на активностите и за делењето на ресурсите на компјутерот. Оперативниот систем работи како хост за апликациите за пресметки кои се извршуваат на машината. Како хост, една од целите на оперативниот систем е да ракува со детаљите на операцијата на хардверот. Ова им олеснува на апликациските програми да не мораат да управуваат со овие детаљи и го прави полесно самото пишување на апликациите. Скоро сите компјутери ( вклучувајќи ги и преносливите компјутери, desktop компјутерите, суперкомпјутерите, video game конзолите) како и некои роботи, домашните апарати ( машините за миење на садови, машините за перење), и портабилните медиа играчи користат оперативен систем од некој тип. Некои од старите модели може да користат вграден[1]оперативен систем, кој може да биде содржан на компактниот диск или на друг уред за зачувување на податоци.

Оперативните системи нудат голем број на сервиси за апликациските програми и корисници. Апликациите им пристапуваат на овие сервиси преку апликацискиот програмабилен посредник (API) или преку системски повици. Со повикување на овие интерфејси, апликацијата може да побара сервис од оперативниот систем, да ги помине параметрите и да ги прими резултатите од операцијата. Корисниците исто така можат да имаат интеракција со оперативниот систем преку некој вид на софтверски кориснички посредник (UI) како пишување на команди со користење на command line посредникот (CLI) или користење на графички кориснички посредник (GUI). На големите повеќе кориснички системи, како Unix и системите слични на Unix, корисничкиот посредник генерално е имплементиран како апликациска програма која се извршува надвор од оперативниот систем.

Повеќето од современите фамилии на оперативни системи вклучуваат BSD, Darwin (Mac OS X), Linux, SunOS (Solaris/OpenSolaris), и Windows NT (XP/Vista/7). Додека опслужувачите генерално извршуваат Unix и Unix- like оперативен систем, пазарите на вградените системи се поделени помеќу неколку оперативни системи.

Other Languages
Acèh: OS
Alemannisch: Betriebssystem
العربية: نظام تشغيل
azərbaycanca: Əməliyyat sistemi
Bân-lâm-gú: Chok-gia̍p hē-thóng
беларуская (тарашкевіца)‎: Апэрацыйная сыстэма
davvisámegiella: Operatiivavuogádat
Esperanto: Operaciumo
客家語/Hak-kâ-ngî: Chok-ngia̍p hì-thúng
한국어: 운영 체제
hornjoserbsce: Dźěłowy system
Bahasa Indonesia: Sistem operasi
Interlingue: Operativ systema
íslenska: Stýrikerfi
Lëtzebuergesch: Betribssystem
Bahasa Melayu: Sistem pengendalian
Mìng-dĕ̤ng-ngṳ̄: Chŏ̤-cáuk hiê-tūng
Nederlands: Besturingssysteem
नेपाल भाषा: अपरेटिङ सिस्टम
norsk nynorsk: Operativsystem
oʻzbekcha/ўзбекча: Ishlatuv tizimi
Pälzisch: Betriebssystem
Plattdüütsch: Bedriefssystem
português: Sistema operativo
Qaraqalpaqsha: Operatsion sistema
Ripoarisch: Bedriefsystem
русиньскый: Операчна сістема
Simple English: Operating system
slovenčina: Operačný systém
slovenščina: Operacijski sistem
Soomaaliga: Operating system
српски / srpski: Оперативни систем
srpskohrvatski / српскохрватски: Operativni sistem
Basa Sunda: Sistim Operasi
Taqbaylit: Anagraw n wammud
татарча/tatarça: Операцион система
Tiếng Việt: Hệ điều hành
吴语: 操作系统
粵語: 作業系統
žemaitėška: Uoperacėnė sėstema
中文: 操作系统
Lingua Franca Nova: Sistem de opera