Одо де Сен-Аман

Грбот на Одо де Сен-Аман

Одо де Сен-Аман (Од или Одон) бил осмиот Голем мајстор на витешкиот ред, темплари, од 1171 до 1179 година.

Личен живот

Одо де Сен-Аман се родил како член на едно познато семејство од Лимузин, Франција. Тој бил маршал од Ерусалим, а потоа станал и висконт. Тој бил остроумен и паметен водач на темпларите, а тоа му донело големи пофалби, но и лутина и огорченост. Како на пример, кога темпларот Готјер е Маизнил во 1172 година бил обвинет од кралот Арнарик I дека убил исламски благородник, Сент Арман него не го предал. Со тоа, тој постапил според папската була и докажал дека врз темпларите се наредува од Рим.