Образование

One Laptop per Child at Kagugu Primary School, Kigali, Rwanda-19Sept2009.jpg

Образование ( лат. educatus, educate, educere - изнесува, ducere - водење, едукација) е процес на промена на личноста во посакуваната насока со усвојување на различни содржини во зависност од возраста и потребите на поединци. Образованието вклучува и воспитни, покрај образовните содржини. Најзначајна образовна институција од образовно-воспитен карактер е училиштето. Со развиток на системот за комуникација образованието станува глобален процес каде е тешко да се усмерува само во саканиот правец на одредена социјална заедница.

Образованието е процес со кој општеството ги пренесува акумулираните знаења, вештини и вредности од генерација на генерација. Во античките општества, образованието било достапно само на мал број луѓе. Верските великодостојници, често биле единствените кои го разбирале писмото. За повеќето, учењето претсавувало земање пример од постарите. Било вообичаено децата уште од мали да помагаат во домашните работи, во работата на поле или пак во занаетчиската работа. Читање не било потребно, ниту корисно. Друга причина за нечитањето е тоа што сите текстови биле рачно умножувани, а тој процес бил долг и тежок.Печатењето влегло во Европа преку Кина. Пронаоѓањето на машината за печатење во 1454 го олeснило умножувањето на текстовите. Ова довело до повисоко ниво на писменост.

Образованието во својата модерна форма, која вклучува обука во посебно изградени објекти, почнало да се развива постепено. И покрај тоа до пред 150 години децата на побогатите имале приватни учители. Поголемиот број од населението немале никакво образование до првите децении од 19 век, кога во Европа и САД почнал да се воведува системот на основно училиште. Процесот на индустријализација и експанзија на градовите предизвика потреба за специјална едукација. Луѓето денес работат во многу професии и користат разни стручни знаења, па затоа не е можно пренесување на знаењето од родителите на децата. Повеќето е истакнато апстрактното учење на некои дисциплини, а не како порано практично пренесување на некои специфични вештини. Веќе долго време, особено во развиените западни земји, е присутно домашното образование како алтернативно формално образование.

Во современото општество, луѓето треба да ги научат основните вештини како што се читање, пишување и математика и да добијат општо познавање за нивната физичка, социјална и економска средина. Во исто време, важно е да се знае како да научите, за да би биле во состојба да ги совладате новите и технички сложени облици на информација. Современиот образовен систем почнал да се оформува во западниот дел на почетокот од 19 век, иако властите во Велика Британија, за разлика од другите земји, се колебале дали да прифатат еден интегриран систем на национално ниво (задолжителното образование било воведено во 1870 година). Кај нив се развил систем на приватни училишта каде што наставата се плаќа, особено на ниво повисоко од основно. Во оваа смисла, денес се води остра дебата за образовниот систем, каде што постои и училишен систем под покровителство на верските заедници. Образованието во САД започнува од практиката на дисциплинирањето на децата, што во 17 век одиграло голема улога во верувањето дека децата мора да ги слушаат родителите без приговор, и тоа било вклучено во правилата и на првите американски колонии. Со одредбата во 1642 дебели и строги се казните за родителите и старателите кои ја занемаруваат обуката и работата на своите деца. Бидејќи тоа не било делотворно, пуританските власти во 1647 год. наредиле сами да го организираат школувањето. Тоа траело повеќе од 200 години за да се воведе сеопфатна едукација за голем број луѓе во САД. Посебен проблем е разновидноста на имигрантите, кои преку едукација треба да се лингвистички обединети, и до одреден степен културно англизирани. Во училиштата се направени и американските идеали за еднакви можности за сите, што доведе до развој на образованието и масовното ширење на образованието многу порано отколку во другите земји. Заедно со идеалот на еднаквоста и другите американски вредности и идеи продолжиле до денес помалку или повеќе експлицитно да се предаваат во училиштата.


Општествена образована зависност

Образованието има важна функција во секое општество. Поради важноста на образованието секоја влада сака да ја дефинира својата концепција и содржина, за секој поединец да ги прифати вредноста и нормите на системот. Поради тоа државата обезбедува финансирање на образованието. Покрај тоа, во однос на содржината, се обиде да утврди социјалните норми и вредности и да се изгради свест за припадност кон својата заедница, општествена група, религија.

Преку едукација и исто така се развиваат чувства за сопствената култура, почитување на принципите и солидарноста. Преку школување се обликува свеста и гледиштето на поединецот, кога станува збор за процеси во општеството и системот на власта. Сите образовни системи се базираат на познавање на историјата на општеството. Институционализацијата на образованието и покрај тоа што врз основа на усвојување на збир од правила и социјални вредности, се огледува и во знаења и вештини кои поединецот ги совладува во процесот на обуката. Преку силен образовен систем се менува структурата на општеството, на семејството и професијата. По Талкот Парсонс училиштето е мост меѓу семејствата и општеството како целина. Училиштето го подготвува детето за неговата улога. Образованието е всушност израз на социјалниот систем. Тоа денес значи еднакви шанси кои отвараат можност за менување на положбата кај некои поединци кои ја стекнале со раѓање или наследство. Тоа е многу важно за социјалнен престиж, власт и моќ. Стекнатите знаења и образовните вештини се многу применливи и корисни во практичниот живот. Иако лицата се стекнуваат со знаењата индивидуално тоа е богатство на сите луѓе во општеството.

Other Languages
Afrikaans: Onderwys
Alemannisch: Bildung
አማርኛ: ትምህርት
العربية: تعليم
aragonés: Educación
অসমীয়া: শিক্ষা
asturianu: Educación
azərbaycanca: Təhsil
تۆرکجه: تحصیل
বাংলা: শিক্ষা
Bân-lâm-gú: Kàu-io̍k
Basa Banyumasan: Pendidikan
башҡортса: Мәғариф
беларуская: Адукацыя
беларуская (тарашкевіца)‎: Адукацыя
भोजपुरी: शिक्षा
български: Образование
བོད་ཡིག: སློབ་གསོ།
bosanski: Obrazovanje
brezhoneg: Deskadurezh
буряад: Болбосорол
català: Educació
Чӑвашла: Вĕрентÿ
Cebuano: Edukasyon
čeština: Vzdělávání
corsu: Educazioni
Cymraeg: Addysg
dansk: Uddannelse
davvisámegiella: Skuvlejupmi
Deutsch: Ausbildung
eesti: Haridus
Ελληνικά: Εκπαίδευση
English: Education
español: Educación
Esperanto: Eduko
estremeñu: Educación
euskara: Hezkuntza
Fiji Hindi: Parrhai
føroyskt: Útbúgving
français: Éducation
Frysk: Underwiis
furlan: Educazion
Gaeilge: Oideachas
Gaelg: Edjaghys
Gàidhlig: Foghlam
galego: Educación
客家語/Hak-kâ-ngî: Kau-yuk
한국어: 교육
հայերեն: Կրթություն
हिन्दी: शिक्षा
hrvatski: Obrazovanje
Ilokano: Edukasion
Bahasa Indonesia: Pendidikan
interlingua: Education
ᐃᓄᒃᑎᑐᑦ/inuktitut: ᐃᓕᓐᓂᐊᖅᑐᓕᕆᓂᖅ
Ирон: Ахуырад
isiXhosa: Imfundo
isiZulu: Imfundo
íslenska: Menntun
italiano: Educazione
עברית: חינוך
Basa Jawa: Pandhidhikan
kalaallisut: Ilinniartitaaneq
ಕನ್ನಡ: ಶಿಕ್ಷಣ
Kapampangan: Educación
къарачай-малкъар: Окъуу
ქართული: განათლება
қазақша: Білім беру
Kiswahili: Malezi
Kreyòl ayisyen: Edikasyon timoun
kurdî: Perwerde
Кыргызча: Билим берүү
Latina: Educatio
latviešu: Izglītība
Lëtzebuergesch: Educatioun
lietuvių: Švietimas
Limburgs: Óngerwies
Lingua Franca Nova: Educa
Livvinkarjala: Opastus
magyar: Oktatás
Malagasy: Fanabeazana
मराठी: शिक्षण
Bahasa Melayu: Pendidikan
Mìng-dĕ̤ng-ngṳ̄: Gáu-ṳ̆k
Mirandés: Eiducaçon
монгол: Боловсрол
မြန်မာဘာသာ: ပညာရေး
Nederlands: Onderwijs
नेपाली: शिक्षा
नेपाल भाषा: शिक्षा
日本語: 教育
Napulitano: Aducazzione
нохчийн: Дешар
norsk: Utdannelse
norsk nynorsk: Utdanning
Nouormand: Êducâtion
Novial: Edukatione
occitan: Educacion
oʻzbekcha/ўзбекча: Taʻlim
ਪੰਜਾਬੀ: ਸਿੱਖਿਆ
پنجابی: پڑھائی
پښتو: زده کړه
Patois: Edikieshan
ភាសាខ្មែរ: ការអប់រំ
Picard: Éducacion
Piemontèis: Educassion
Tok Pisin: Edukesen
polski: Edukacja
português: Educação
română: Educație
Runa Simi: Yachachiy
русиньскый: Ошколованя
русский: Образование
саха тыла: Үөрэҕирии
ᱥᱟᱱᱛᱟᱲᱤ: ᱥᱮᱪᱮᱫ
Scots: Eddication
shqip: Arsimi
sicilianu: Aducazzioni
Simple English: Education
سنڌي: تعليم
slovenčina: Vzdelávanie
slovenščina: Izobraževanje
Soomaaliga: Waxbarasho
کوردی: پەروەردە
српски / srpski: Образовање
srpskohrvatski / српскохрватски: Obrazovanje
Basa Sunda: Atikan
suomi: Koulutus
svenska: Utbildning
Tagalog: Edukasyon
தமிழ்: கல்வி
татарча/tatarça: Мәгариф
తెలుగు: విద్య
ትግርኛ: ትምህርቲ
тоҷикӣ: Маориф
Türkçe: Eğitim
Türkmençe: Bilim (okuw)
українська: Освіта
اردو: تعلیم
Vahcuengh: Gyauyuz
vèneto: Educasion
vepsän kel’: Openduz
Tiếng Việt: Giáo dục
Volapük: Dugäl
Võro: Koolitus
Winaray: Pag-aram
吴语: 教育
Xitsonga: Dyondzo
ייִדיש: חינוך
粵語: 教育
žemaitėška: Švėitėms
中文: 教育