Нормандија

Нормандија
нормандски: Normaundie
француски: Normandie
Знаме на Нормандија
Знаме
Грб на Нормандија
Грб
Normandy in France 2016.svg
Земја Франција
ПрефектураBlason Rouen 76.svg Руан
Департмани
Управа
 • ПретседателЕрве Морен (Нов центар)
Површина
 • Вкупна29.906 км2 (11,547 ми2)
Население (2013)
 • Вкупно3.322.757
 • Густина110/км2 (290/ми2)
ДемонимНормани[1]
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
БДП (2015)Грешка во Lua: во земјата
Вкупно&1000000000000090400000090,4 млј 
По жител27,2k www.normandie.fr

Нормандија (нормандски: Normaundie, француски: Normandie) — еден од регионите на Франција, приближно одговара на историското Војводство Нормандија.

Административно, Нормандија е поделена на пет департмани: Калвадос, Ер, Манш, Орн и Поморска Сена. Регионот опфаќа 29.906 км2.[2] Со население од 3 328 364 жители согласно пописот од 1 јануари 2016 (RP INSEE 2013), населеноста на Нормандија изнесува 111 жители на km² формирајќи околу 5% од територијата на Франција. Климата е океанска. Средните температури се 6°C во зима и 17,5°C во лето[2].

Жителите на регионот се Нормандијци кои водат потекло од Норманите. Јазикот е нормандски.

Историскиот регион на Нормандија го подразбира денешниот регионот Нормандија, како и мали области кои сега се дел од "департманите," или областите Мајен и Сарт. Каналските Острови (кои Французите ги нарекуваат воедно Англонормандски Острови) историски се дел од Нормандија; тие покриваат 194 км2[3] и се состојат од: Гернзи и Џерси, кои денес се под власта на Британската Круна и каде кралицата Елизабета II е Војвода на Нормандија.[4]

Името на Нормандија е изведено од населбата главно составена од дански и норвешки викинзи (Нормани) од 9 век, и потврдено со договор во 10 век помеѓу кралот Карло III од Франција и ерлот Роло од Мере, Норвешка. Век и половина по норманското освојување на Англија во 1066, Нормандија и Англија биле поврзани со нормански и франкиски владетели.

Other Languages
Alemannisch: Normandie
aragonés: Normandía
asturianu: Normandía
azərbaycanca: Normandiya
беларуская: Нармандыя (рэгіён)
български: Нормандия
dansk: Normandie
Deutsch: Normandie
Esperanto: Normandio
euskara: Normandia
Interlingue: Normandie
italiano: Normandia
עברית: נורמנדי
Lëtzebuergesch: Normandie
Lingua Franca Nova: Normandia
монгол: Норманди
Nederlands: Normandië (regio)
Nordfriisk: Normandie
slovenčina: Normandia (región)
srpskohrvatski / српскохрватски: Normandija (regija)
татарча/tatarça: Нормандия
vèneto: Normandia
Tiếng Việt: Normandie
West-Vlams: Normandië