Нобелова награда за економија

Награда за економски науки на Банката на Шведска во спомен на Алфред Нобел
Се доделува заИзвонредни придонеси во економските науки
ЗемјаШведска
Доделуваhttp://nobelprize.org

Нобеловата награда за економија или Нобелова награда за економски науки,[1][2] официјално: Награда за економски науки на Банката на Шведска во спомен на Алфред Нобел (швед. Sveriges riksbanks pris i ekonomisk vetenskap till Alfred Nobels minne) е награда што се доделува за извонредни придонеси во полето на економијата, една од најпрестижните награди од овој вид.[3] Иако не е дел од Нобеловите награди основани согласно тестаментот на Алфред Нобел, во јавноста таа секогаш се поистоветува со нив.[3][4][5][6][7] Наградата за економија, како што се нарекува во Нобеловата фондација, е воведена во 1968 од страна на Банката на Шведска (Sveriges Riksbank), која е покровител на средствата. Наградата е основана по повод 300-годишнината на банката и во спомен на Алфред Нобел.[3][8][9][10] Како и кај наградите за хемија и физика, лауреатите за економија ги бира Кралската академија на науките, со комитет сличен на оној за другите награди.[11][12] Првите лауреати (1969) на наградата се холандскиот економист Јан Тинберген и норвешкиот економист Рагнар Фриш „за разработка и примена на динамични модели за анализирање на економските процеси.“[10][13][14]

Other Languages
беларуская (тарашкевіца)‎: Нобэлеўская прэмія па эканоміцы
Bahasa Indonesia: Nobel Ekonomi
norsk nynorsk: Nobelprisen i økonomi
oʻzbekcha/ўзбекча: Iqtisodiyot boʻyicha Nobel mukofoti
پنجابی: کارل سپتلر
srpskohrvatski / српскохрватски: Nobelova nagrada za ekonomiju
Tiếng Việt: Giải Nobel Kinh tế