Ница
English: Nice

Ница
Nice
Nice Port 1.jpg
Знаме на Ница
Знаме
Грб на Ница
Грб
Ница is located in Франција
Ница
Ница
Координати: 43°42′ СГШ; 7°16′ ИГД / 43°42′ СГШ; 7°16′ ИГД / 43.70; 7.26
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија.2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Ница (француски: Nice; окситански: Niça [класичен облик] или Nissa [нестандардно], италијански: Nizza или Nizza Marittima, грчки: Νίκαια, латински: Nicaea) — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион[1][2] и зафаќа површина од 721 км2.[1] Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.

Градот е наречен Nice la Belle (окситански: Nissa La Bella), што во превод значи Убавата Ница, а исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошки локалитет на кој се најдени докази за многу рано користење на оганот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никеја, по божицата на победата Ника.[3] Низ вековите, градот бил завземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (француски: Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот.[4]Сега со декади, сликовитата околина на Ница не ги привлекува само оние во потрага по одмор, туку и оние кои бараат инспирација. Чистиот воздух и пријатното светло особено ги привлекле некои од најдобрите сликари, како Марк Шагал, Анри Матис, Ники де Сен Фал и Арман. Нивните дела се прикажани во многуте градски музеи, вклучувајќи ги музејот „Марк Шагал“, музејот „Матис“ и музејот „Бо-Арт Жил Шере“.[5] Ница го има вториот најголем хотелски капацитет во земјата и е еден од најпосетените градови, посетувајќи го над 4 милиони туристи секоја година. Градот го поседува третиот најпрометен аеродром во Франција по двата аеродрома во Париз.[6] Таа е историски главен град на Грофството Ница (француски: Comté de Nice).

Содржина

Other Languages
Afrikaans: Nice
Akan: Nice
Alemannisch: Nizza
አማርኛ: ኒስ
العربية: نيس
aragonés: Niza
asturianu: Niza
azərbaycanca: Nitsa
تۆرکجه: نیس
bamanankan: Nice
বাংলা: নিস
Bân-lâm-gú: Nice
башҡортса: Ницца
беларуская: Ніца
беларуская (тарашкевіца)‎: Ніцца
български: Ница
Boarisch: Nizza
brezhoneg: Nisa
català: Niça
Чӑвашла: Ницца
Cebuano: Nice
čeština: Nice
Cymraeg: Nice
dansk: Nice
davvisámegiella: Nice
Deutsch: Nizza
eesti: Nice
Ελληνικά: Νίκαια (Γαλλία)
emiliàn e rumagnòl: Nisa
English: Nice
español: Niza
Esperanto: Nico
estremeñu: Niça
euskara: Niza
فارسی: نیس
français: Nice
Frysk: Nice
Gaeilge: Nice
Gàidhlig: Nice
galego: Niza
客家語/Hak-kâ-ngî: Nice
Hausa: Nice
հայերեն: Նիս
Արեւմտահայերէն: Նիս
हिन्दी: नीस
hrvatski: Nica
Ido: Nice
Bahasa Indonesia: Nice
interlingua: Nice
Interlingue: Nice
Ирон: Ниццæ
íslenska: Nice
italiano: Nizza
עברית: ניס
Jawa: Nice
kalaallisut: Nice
ქართული: ნიცა
қазақша: Ницца
Kiswahili: Nice
коми: Ницца
Kongo: Nice
Кыргызча: Ницца
Ladino: Nisa
latviešu: Nica
Lëtzebuergesch: Nice
lietuvių: Nica
Ligure: Nissa
Limburgs: Nice
lingála: Nice
lumbaart: Nìsa
magyar: Nizza
मराठी: नीस
მარგალური: ნიცა
مازِرونی: نیس
Bahasa Melayu: Nice
монгол: Ницца
Nederlands: Nice
日本語: ニース
Napulitano: Nizza
нохчийн: Ницца
norsk: Nice
norsk nynorsk: Nice
Nouormand: Nice
occitan: Niça
oʻzbekcha/ўзбекча: Nice
ਪੰਜਾਬੀ: ਨੀਸ
پنجابی: نیس
Piemontèis: Nissa Marìtima
polski: Nicea
Ποντιακά: Νις (Γαλλία)
português: Nice
română: Nisa
Runa Simi: Nice
русский: Ницца
sardu: Nitza
Scots: Nice
Seeltersk: Nice
shqip: Nice
sicilianu: Nizza (Francia)
Simple English: Nice
slovenčina: Nice
slovenščina: Nica
ślůnski: Nice
српски / srpski: Ница
srpskohrvatski / српскохрватски: Nice
suomi: Nizza
svenska: Nice
Tagalog: Nice
தமிழ்: நீஸ்
Taqbaylit: Nice
татарча/tatarça: Ницца
తెలుగు: నీస్
ไทย: นิส
Türkçe: Nice
Twi: Nice
ᨅᨔ ᨕᨘᨁᨗ: Nice
українська: Ніцца
اردو: نیس
ئۇيغۇرچە / Uyghurche: Nis
vèneto: Niza
vepsän kel’: Nicc
Tiếng Việt: Nice
Volapük: Nice
Winaray: Nice
吴语: 尼斯
ייִדיש: ניס
粵語: 尼斯
Zeêuws: Nice
中文: 尼斯