Мутација

Мутација кај растение што довела до развивање на цветови со две различни бои.

Во генетиката, поимот мутација се однесува на трајна промена во ДНК секвенците од кои се состои генот. Опсегот на мутациите е варијабилен; може да мутира или само една азотна база или цел хромозомски сегмент.

Генските мутации можат да бидат наследени од родителите (хередитарни, наследни, односно гаметски мутации), или да се стекнат за време на животниот тек на единката. Наследните мутации се нарекуваат и гаметски бидејќи тие се присутни и во јајце клетката и сперматозоидот. Ваквиот вид на мутација е присутна во текот на целиот живот на единката и е присутна во речиси секоја клетка во телото.

Мутациите кои се случуваат само во една јајце клетка или еден сперматозоид се нарекуваат de novo мутации. De novo мутациите можат да го објаснат генетското заболување кај единката, но од нив не можат да се земат податоци за фамилијарната историја на заболувањето.

Стекнатите (или соматски, т.е. телесни) мутации се случуваат во ДНК молекулата на поедини клетки во одреден период од онтогенезата. Овие промени може да се предизвикани од различни еколошки фактори, како ултравиолетово зрачење од Сонцето, или, пак, можат да се појават доколку настанат грешки при репликацијата на ДНК во текот на клеточниот циклус. Стекнатите мутации не се предаваат на потомството.

Мутациите можат да се случат и во една клетка од раниот ембрионски стадиум. На овој начин, единката ќе има клетки со мутиран генетски материјал, како и нормални клетки. Оваа појава е позната како мозаицизам.

Некои мутации се јавуваат многу ретко, додека други се доста чести во популацијата. Мутациите што се присутни кај повеќе од 1% од популацијата се наречени полиморфизми. Тие се толку често што се сметаат за нормални варијации во структурата на ДНК. На пример, полиморфизмите се одговорни за многу фенотипски разлики кај луѓето, како боја на очите, боја на косата или разликите во типот на крвните групи. Иако многу полиморфизми немаат негативен ефект на здравјето на единката, сепак одредени полиморфни варијации доведуваат до некои нарушувања.

Other Languages
العربية: طفرة (أحياء)
asturianu: Mutación
azərbaycanca: Mutasiya
Bân-lâm-gú: Tu̍t-piàn
беларуская: Мутацыя
беларуская (тарашкевіца)‎: Мутацыя
български: Мутация
bosanski: Mutacija
català: Mutació
čeština: Mutace
dansk: Mutation
Deutsch: Mutation
eesti: Mutatsioon
Ελληνικά: Μετάλλαξη
English: Mutation
español: Mutación
Esperanto: Mutacio
euskara: Mutazio
فارسی: جهش
Gaeilge: Sóchán
galego: Mutación
한국어: 돌연변이
Հայերեն: Մուտացիա
hrvatski: Mutacija
Ido: Mutaco
Bahasa Indonesia: Mutasi
íslenska: Stökkbreyting
עברית: מוטציה
Basa Jawa: Mutasi
ಕನ್ನಡ: ವ್ಯತ್ಯಯನ
ქართული: მუტაცია
қазақша: Мутация
Kreyòl ayisyen: Mitasyon
Кыргызча: Мутация
latviešu: Mutācija
lietuvių: Mutacija
magyar: Mutáció
Bahasa Melayu: Mutasi
монгол: Мутац
Nederlands: Mutatie (biologie)
日本語: 突然変異
Nordfriisk: Mutatjuun
norsk: Mutasjon
norsk nynorsk: Mutasjon
oʻzbekcha/ўзбекча: Mutatsiya
ਪੰਜਾਬੀ: ਮਿਊਟੇਸ਼ਨ
polski: Mutacja
português: Mutação
русский: Мутация
Scots: Mutation
shqip: Mutacioni
Simple English: Mutation
slovenčina: Mutácia (genetika)
slovenščina: Mutacija
کوردی: بازدان
српски / srpski: Мутација
srpskohrvatski / српскохрватски: Mutacija
suomi: Mutaatio
svenska: Mutation
Tagalog: Mutasyon
Türkçe: Mutasyon
українська: Мутація
اردو: طَفرَہ
Tiếng Việt: Đột biến sinh học
Winaray: Mutasyon
吴语: 突变
ייִדיש: מוטאציע
粵語: 基因突變
Zazaki: Mutasyon
中文: 突变