Мустафа III

Osmanli-nisani.svg    Мустафа III
Отомански султан
Калиф
Tughra of Mustafa III.JPG
Владеење30 октомври 1757 – 21 јануари 1774
ПериодСтагнација на Отоманската империја
Полно имеMustafa III
ПретходникОсман III
НаследникАбдулхамид I
СемејствоОтоманска династија
ДинастијаОтоманска династија

Мустафа ІIІ (османлиски јазик: مصطفى ثالث Muṣṭafā-yi sālis, 28 јануари 1717 во Одрин - 21 јануари 1774 во Цариград) бил дваесетишестиот султан на Отоманската империја. Тој бил син на Ахмед III (1703-1730) и Амина Михришах султан. Го наследил својот роднина Осман III во 1757 година а негов следбеник бил неговиот брат Абдул Хамид I (1774-1789).

  • Владеење

Владеење

Енергичниот Мустафа III се обидел да ја модернизира армијата и внатрешната државна администрација според европската. Сепак овие реформи не биле прифатени од јаничарите. Голем дел од своето владеење го поминал размислувајќи како да ја наполни испразнетата каса, бидејќи знаел дека Руската империја се подготвува за поредната војна. Мустафа III планирал да го отвори Суецкиот канал, но не бил успешен во тоа поради недостиг на талентирани државници. Во негово време биле основани академии за математика, навигација и науки. Овој султан водил неуспешни војни со Русија, при што засекогаш ги загубил Молдавија, Влашка и Крим. Во Македонија е познат по тоа што во 1767 подлегнал на барањата на Цариградската патријаршија и незаконски ја укинал Охридската архиепископија.

Се оженил со Михришах султан која го родила идниот Селим III. Починал во Топкапи сарај.

Во 1766 година се случил голем земјотрес во престолнината Истанбул во кој починале повеќе од 4.000 луѓе. Голем дел од џамиите заедно со Топкапи сарај биле оштетени. По земјотресот следувало и цунами.

Other Languages
Afrikaans: Mustafa III
العربية: مصطفى الثالث
azərbaycanca: III Mustafa
Bân-lâm-gú: Mustafa 3-sè
български: Мустафа III
bosanski: Mustafa III
brezhoneg: Mustafa III
català: Mustafà III
čeština: Mustafa III.
Deutsch: Mustafa III.
Ελληνικά: Μουσταφά Γ΄
English: Mustafa III
español: Mustafá III
Esperanto: Mustafa la 3-a
euskara: Mustafa III.a
فارسی: مصطفی سوم
français: Moustapha III
հայերեն: Մուստաֆա III
hrvatski: Mustafa III.
Bahasa Indonesia: Mustafa III
italiano: Mustafa III
ქართული: მუსტაფა III
қазақша: III Мұстафа
latviešu: Mustafa III
Bahasa Melayu: Mustafa III
Nederlands: Mustafa III
oʻzbekcha/ўзбекча: Mustafo III
پنجابی: مصطفی III
polski: Mustafa III
português: Mustafá III
русский: Мустафа III
српски / srpski: Мустафа III
srpskohrvatski / српскохрватски: Mustafa III
svenska: Mustafa III
Türkçe: III. Mustafa
українська: Мустафа III
Tiếng Việt: Mustafa III
Zazaki: Mustafa III