Морско прасе

Домашно морско прасе
Two adult Guinea Pigs (Cavia porcellus).jpg
припитомен
Научна класификација
Царство:Animalia
Колено:Chordata
Класа:Mammalia
Ред:Rodentia
Подред:Hystricomorpha
Семејство:Caviidae
Потсемејство:Caviinae
Род:Cavia
Вид:C. porcellus
Биномен назив
Cavia porcellus
(Еркслебен, 1777)
Синоними

Mus porcellus
Cavia cobaya
Cavia anolaimae
Cavia cutleri
Cavia leucopyga
Cavia longipilis

Домашните морски прасиња или заморчиња (лат. Cavia porcellus) се животни коишто припаѓаат на фамилијата Caviidae, род Cavia, и се чуваат како домашни миленичиња. И покрај нивното име, немаат никаква врска со море или со Гвинеја. Овие животни се глодари и имаат по 4 прсти на предните, и по 3 прсти на задните нозе. Обично живеат од 3 до 8 години, но ако се хранат со трева и се пуштаат во природна околина, можат да достигнат и до 10 години старост.

Ова животно е припитомен вид (Cavia porcellus) на јужноамериканското морско прасе (семејство Caviidae). Личи на многу други морски прасиња по тоа што е дебело, со кратки нозе и е долго 25 cm. Има мали уши, нема надворешна опашка и има крзно, коешто е црно, жолто-кафено, крем, кафено, бело или комбинација на овие бои. Должината на влакното и составот варираат. Се храни, главно, со трева и со други зелени растенија. Припитомено е во времето пред Инките, а било донесено во Европа во раните години на XVI век. Тоа е популарно домашно милениче и значајно животно за испитување. Морските прасиња играат значајна улога во испитувањата и проучувањата. Ова животно може да има свиоци на неговото крзно или пак да биде со рамно крзно.

За чување:-Женките првиот сексуален однос мора да го имаат пред да наполнат 8 месеци и да се породат пред да наполнат една година, бидејќи карлицата зараснува, и ембрионот т.е малечките(2-5 во просек) не можат да излезат по природен пат и ќе треба да се изврши царски рез.

-Ако имате едно морско прасе и сте решиле да вдомите уште едно, тогаш нивниот прв контакт нека биде на неутрална територија, морските прасиња бележат територија преку урината, како кучињата и ја бранат. Немојте да дозволите миленичињата уште од прв ден да не се сакаат, бидејќи тоа ќе остане така.

-За одржувањето хигена нормално потребно е на секои 3-4 дена менување на пилевината, во зависност колку морски прасиња чувате. Капење може еднаш месечно и тоа со бебешки шампон без многу хемикалии или некоја купка за интимни делови, редовно чешлање, бидејќи склони се кон митарење, и на секој 2-3 месеци сечење на ноктите, бидејќи многу брзо растат и често се кршат. Исто така предните запчиња им се кршат, но тоа не треба да биде проблем бидејќи тие непрекинато растат. Ако го чувате во кафез нема потреба од камчиња за да ги тријат забите, туку тие тоа ќе го прават од оградата на кафезот.

Исхрана

Сé од зеленчук, но никако МАРУЛА. Марулата во себе има состојка која што го нагризува црниот дроб на морските прасиња. Овошје можете да давате но не во толку големи количини како зеленчукот. Може јаболко, мандарина во зимно време, лубеница на лето, банана (во помали количини). Морските прасиња се тревопасни и не смеете да им давате месо. Исто така не смеете да им давате млечни производи кои предизвикуваат дијареа која е фатална за нив и тоа во многу краток временски период од само 4-5 часа.

Other Languages
Ænglisc: Rætswīn
aragonés: Cavia porcellus
asturianu: Cavia porcellus
Avañe'ẽ: Apere'a
Aymar aru: K'uwisu
azərbaycanca: Dəniz donuzcuğu
বাংলা: গিনিপিগ
беларуская: Марская свінка
беларуская (тарашкевіца)‎: Марская сьвінка
български: Морско свинче
brezhoneg: Razh-Indez
čeština: Morče domácí
Cymraeg: Mochyn cwta
eesti: Merisiga
English: Guinea pig
español: Cavia porcellus
Esperanto: Kobajo
euskara: Akuri
français: Cavia porcellus
Frysk: Kavia
Gaeilge: Muc ghuine
Gàidhlig: Gearra-mhuc
galego: Cobaia
ગુજરાતી: ગિનિ પિગ
한국어: 기니피그
Հայերեն: Ծովախոզուկ
Ido: Kobayo
Bahasa Indonesia: Tikus belanda
interlingua: Cavia porcellus
íslenska: Naggrísir
italiano: Cavia porcellus
עברית: שרקן
Basa Jawa: Tikus walanda
ಕನ್ನಡ: ಗಿನಿಯಿಲಿ
Kapampangan: Dagis sungsung
ქართული: ზღვის გოჭი
latviešu: Jūrascūciņa
lietuvių: Jūrų kiaulytė
Limburgs: Hoescavia
magyar: Tengerimalac
Bahasa Melayu: Tikus Belanda
မြန်မာဘာသာ: ပူး
Nāhuatl: Cuatochtli
Nederlands: Huiscavia
नेपाली: गिनी पिग
日本語: モルモット
norsk: Marsvin
norsk nynorsk: Marsvin
occitan: Cavia
polski: Kawia domowa
română: Cobai
Runa Simi: Wasi quwi
Seeltersk: Huusmeerswien
Simple English: Guinea pig
slovenčina: Morča domáce
slovenščina: Morski prašiček
српски / srpski: Морско прасе
srpskohrvatski / српскохрватски: Morsko prase
suomi: Marsu
svenska: Marsvin
Tagalog: Konehilyo
தமிழ்: கினி எலி
Türkçe: Kobay
українська: Кавія свійська
Tiếng Việt: Chuột lang nhà
West-Vlams: Spaansche ratte
粵語: 天竺鼠
中文: 豚鼠
Lingua Franca Nova: Cavia