Моносахарид

Моносахаридите се најпростите шеќери (односно јаглехидрати), кои кога се делат ги губат својствата на јаглехидрати (шеќери). Најчесто тие се делат со процесот хидролиза. Моносахаридите се полихидроксилни соединенија (содржат повеќе -OH групи). Како такви, тие се раствораат во вода, имаат сладок вкус, а не се раствораат во органски растворувачи и масти. Доколку моносахаридите во својата молекула имаат алдехидна група, па тогаш говориме за алдози, а доколку поседуваат кето група, тие се кетози. Според бројот на јаглеродни атоми, простите шеќери се делат на:


Вид моносахаридБрој на јаглеродни атомиПримерОсобини на конкретниот моносахарид
Биоза2Гликоалдехид (или гликолоза)Добиен по лабораториски пат. Важен меѓупроизвод на метаболизмот во оксидационото разложување на глукозата и во фотосинтезата
Триоза3ДиоксиацетонНастанува во текот на анаеробното разложување на глукозата
Тетроза4Има вкупно 4 вида: L и D треоза ; L и D еритрозаДобиени по синтетички пат
Пентоза5Рибоза и деоксирибозаСоставен дел на РНК и ДНК, соодветно
Хексоза6Глукоза и ФруктозаНајважни и најпознати моносахариди. Учествуваат во различни биохемиски процеси и имаат енергетска улога во организмот

Има и други моносахариди, со повеќе C атоми, но овие се најважните. Ако некој од горенаведените моносахариди содржат алдехидна група, тогаш тие се, на пример, алдобиози, алдотриози итн., а ако содржат кето група: кетобиози, кетотриози итн.

  • Оптичка активност и конфигурација на моносахаридите

Оптичка активност и конфигурација на моносахаридите

Во својата молекула моносахаридите имаат хирални јаглеродни атоми (асиметрични јаглеродни атоми). Така, триозите имаат еден, тетрозите два, а хексозите четири хирални С-атоми. Овие атоми најчесто се обележуваат со ѕвездичка покрај нив. Бројот на можните моносахариди се зголемува поради асиметријата на С-атомите за вредноста 2n, каде n е бројот на хирални С-атоми. На пример, постојат два глицериналдехиди (D и L облик), четири тетрози, осум пентози и шеснаесет хексози.

Соединенијата кои имаат хирални (асиметрични) атоми во својата структура или, пак, се самите хирални (асиметрични), ја вртат рамнината на поларизираната светлина за определен агол. Ако вртењето е во правец на стрелките на часовникот, соединенијата се обележуваат со + (и се вели дека тие се декстрогири соединенија), а во спротивен правец со - (и се вели дека тие се левогири соединенија). Вртењето на поларизираната светлина се мери со посебни апарати наречени полариметри. Врз основа на измерениот агол на извртување се пресметува концентрацијата на некои оптички активни материи од следната формула:

, односно

Во формулата, α е измерениот агол на ротација, 1 е дебелината на слојот изразен во dm низ кој поминува светлоста (должината на цевката од полариметарот наполнета со оптички активна материја), c е концентрацијата во %, а k е константна вредност за секое оптички активно соединение и се нарекува специфичен агол на ротација. Тоа е онаа ротација (свртување) која се добива за оптички активно соединение кога неговата концентрација е 1 g во 1 ml, должината на медиумот е 1 dm, а to е 20o, мерено со натриумова ламба.

За одредување на концентрацијата на јаглехидрати се конструирани полариметри чија цевка има должина од 1,894 dm, така што кај нив добиениот агол директно ја покажува концентрацијата на глукозата. Ваквите полариметри се викаат сахарометри. За глукозата, ако ако k изнесува 52,8o, тогаш:

Other Languages
العربية: سكر أحادي
asturianu: Monosacárido
azərbaycanca: Monosaxarid
Bân-lâm-gú: Tan-thn̂g
беларуская: Монацукрыды
беларуская (тарашкевіца)‎: Монацукрыды
български: Монозахарид
bosanski: Monosaharidi
català: Monosacàrid
čeština: Monosacharidy
español: Monosacárido
Esperanto: Monosakarido
euskara: Monosakarido
فارسی: تک‌قندی
français: Ose
한국어: 단당류
हिन्दी: एकलशर्करा
hrvatski: Monosaharidi
Ido: Ozo
Bahasa Indonesia: Monosakarida
íslenska: Einsykrur
italiano: Monosaccaridi
עברית: חד-סוכר
latviešu: Monosaharīdi
lietuvių: Monosacharidai
Bahasa Melayu: Monosakarida
Nederlands: Monosacharide
日本語: 単糖
norsk nynorsk: Monosakkarid
occitan: Òsa
português: Monossacarídeo
română: Monozaharidă
русский: Моносахариды
Simple English: Monosaccharide
slovenčina: Monosacharid
slovenščina: Monosaharid
српски / srpski: Моносахарид
srpskohrvatski / српскохрватски: Monosaharidi
Basa Sunda: Monosakarida
svenska: Monosackarid
Türkçe: Monosakkarit
українська: Моносахариди
Tiếng Việt: Monosaccharide
粵語: 單醣
中文: 單醣