Михајло Пупин

Mihajlo Pupin.jpg
Роден 4 октомври 1858
Идвор, Србија (тогаш Австроунгарија)
Починал 12 март 1935
Њујорк, САД
Националност Србин
Познат физичар, електротехничар, пронаоѓач

Михајло Пупин ( Идвор, 4 октомври 1858 - Њујорк, 12 март 1935) бил знаменит великан во областа на физиката и електрониката, научник и пронаоѓач од светски глас, кој дал особен придонес во областа на телекомуникациите, радиотехниката и радиологијата.

Бил професор по физика и математика на Колумбија во САД, го пронашол системот на повеќекратна фотографија и ги открил секундарните рендгенски зраци. Човештвото најмногу го задолжил со решението на проблемот на телеграфски и телефонски пренос на далечина. За своето автобиографско дело „Од имигрант до пронаоѓач“ посмртно ја добил Пулицеровата награда во 1924 година, како и многу други награди со светско значење за својата научна работа.

Биографија

Во родното место завршил oсновно училиште, а потоа 5 класа гимназија во Панчево на германски јазик, бидејќи тој крај се наоѓал под австроунгарска власт. Бунтовен, со немирен дух, поради учеството во демонстрациите против австроунгарските власти, бил принуден да ја напушти гимназијата во Панчево и по совет на својата мајка, заминал да се школува во Прага. Но тука, разочаран од наставниците и поради недостиг на материјални средства, на полугодието од седмиот клас, го напуштил училиштето и во 1874 година, преку Хамбург, кога имал само 20 години, заминал за Америка, во САД.

Во САД, Михајло Пупин 5 години работел како чувар на магацин, физички работник, како бојаџија на коли, молер, и како ложач во една фабрика за бисквити во Њујорк. Во исто време започнал да посетува и вечерно училиште, како подготовка за приемниот испит на колеџот Колумбија, што потоа есента 1879 година го положил со одличен успех. Дипломирал за 4 години како најдобар студент, примил американско државјанство, и како професор по уметност, пак продолжил да студира. Семејните корени му се од с.Вевчани.

Other Languages
bosanski: Mihajlo Pupin
català: Mihajlo Pupin
čeština: Michael Pupin
English: Mihajlo Pupin
español: Michael Pupin
Esperanto: Mihajlo Pupin
euskara: Mihajlo Pupin
hrvatski: Mihajlo Pupin
Kiswahili: Michael Pupin
Kreyòl ayisyen: Michael Pupin
Nederlands: Michael Pupin
português: Michael Pupin
русский: Пупин, Михаил
slovenščina: Mihajlo Pupin-Idvorski
српски / srpski: Михајло Пупин
srpskohrvatski / српскохрватски: Mihajlo Pupin
українська: Михайло Пупін