Меѓународен монетарен фонд

ММФ лого.svg
Меѓународен монетарен фонд
International Monetary Fund
СедиштеВашингтон, САД
Раководен директорКристин Лагард
Централна банка на(меѓународна)
Валута
XDR (ISO 4217)
Каматна стапка3.49%[1]
Мрежно местоwww.imf.org

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е единствената меѓународна организација на која ѝ е дозволено да го надгледува глобалниот финансиски систем преку мониторинг на странските девизни курсеви и балансите на исплата, како и преку нудење на техничка и финанскиска поддршка кога е потребна. Седиштето на ММФ е во Вашингтон.

ММФ се опишува себеси како „организација на 185 држави, кои работат на глобална финансиска соработка, сигурна финансиска стабилност, олеснување на меѓународната трговија, промоција на вработувањето и на економскиот раст, и намалување на корупцијата“. Од сите членки на ОН само Северна Кореја, Куба, Лихтенштајн, Андора, Монако, Тувалу и Науру не се интегрирани или пак застапени преку други членки, односно имаат одлучено да не членуваат. ММФ заедно со Меѓународната банка за обнова и развој (Бретонвудски близнаци) делуваат заедно, со цел воспоставување стабилен систем на меѓународни односи.

ММФ има три цели: унапредување на меѓународната монетарна соработка и стабилност на меѓународните монетарни односи со цел спречување на девалвациите на националните валути и помош во создавањето на мултилатерален систем на плаќање во однос на монетарните трансакции меѓу земјите-членки и отстранување на девизните ограничувања кои се пречка за светската трговија. Фондот е посебно правно лице, со право да склучува договори и да располага со движен и недвижен имот.

Other Languages
беларуская (тарашкевіца)‎: Міжнародны валютны фонд
Bahasa Indonesia: Dana Moneter Internasional
Basa Jawa: IMF
къарачай-малкъар: Халкъла арасы ачха фонд
Kiswahili: IMF
kurdî: IMF
oʻzbekcha/ўзбекча: Xalqaro valyuta jamgʻarmasi
srpskohrvatski / српскохрватски: Međunarodni monetarni fond
татарча/tatarça: Xalıqara valüta fondı