Мезе

Јорданско мезе, Петра, Јордан.

Мезе (персиски: مزه; турски: meze; грчки: μεζές; српски: мезе; бугарски: мезе; арапски: مقبلات; албански: Meze) е јадење кое се служи со алкохолни пијалаци во земјите од Блискиот Исток, балканските земји, и во делови од Централна Азија. Во левантската, кавкаската и балканската кујна, мезето се служи на почетокот од оброкот.[1] Зборот мезе доаѓа од персискиот јазик مزه, со значење „вкусно“.[2]

Видови мезе

Грчко мезе
Албанско мезе

Мезето во Турција вообичаено се состои од: бело сирење, парчиња диња, мелени лути пиперки мешани со ореви, таратур или цаѕики, салата од модри патлиџани, салата од мозок, пржени лигњи, сарма, џигери, салата од октопод, шиш-ќофте, и слично.

Во Грција, на Кипар и во земјите од Балканскиот Полуостров, како и кај нас во Македонија, мезе може да биде топло или ладно послужено јадење. Може да биде: морска храна, или каков било вид на салата, сечкани варени јајца, леб со вкус на лук, свежо или печено парче сирење, маслинки, готвен зеленчук, салата од модар патлиџан, тарамо салата, и слично.

Во земјите од Балканскиот Полуостров, мезето може да вклучува разни видови салати, и најчесто не вклучува готвени јадења. Како мезе, се изнесуваат разни видови на сирење, кајмак, салами, сушено месо, кулен, сланина, суџук, маслинки, кој било вид на зеленчук, а доколку се работи за муслиманско мезе, тогаш тоа ги исклучува производите од свинско месо.

Во Романија за мезе се изнесува сирење или некој вид на салама.

Other Languages
العربية: مقبلات
български: Мезе
català: Meze
čeština: Meze (předkrm)
Deutsch: Mezze
Ελληνικά: Μεζές
English: Meze
español: Meze
Esperanto: Mezeo
français: Mezzé
galego: Meze
한국어: 메제
Bahasa Indonesia: Meze
italiano: Meze
қазақша: Мезе
kurdî: Meze
lietuvių: Meze
Nederlands: Mezze (gerecht)
日本語: メゼ
polski: Meze
português: Meze
русский: Мезе
shqip: Meze
Simple English: Meze
suomi: Meze
svenska: Meze
Türkçe: Meze
українська: Мезе