Масанобу Фукуока

Масанобу Фукуока
Масанобу Фукуока во 2002 година
Роден(а) 2 февруари 1913(1913-02-02)
Иј, Јапонија
Починал(а) 16 август 2008(2008-08-16) (воз. 95 г.)
Националност Јапонец
Занимање земјоделец, фармер, автор
Познат(а) по филозофија, земјоделство
Значајни дела Револуцијата на една сламка
Награди Рамон Магсејсеј

Масанобу Фукуока (福岡 正信 Fukuoka Masanobu; 2 февруари 191316 август 2008) бил јапонски селанец, земјоделец, филозоф и микробиолог, основач на школа за природно полјоделство.

Масанобу Фукуока бил веројатно еден од најзначајните теоретичари на полјоделство, кои се појавиле во нашето време. Неговиот пристап на полјоделството, неговата исхрана и неговата животна филозофија започнале редица на движења и отвориле еден сосема нов свет – светот на природното полјоделство.

Засновајќи ја својата теорија и пракса врз четири основни принципи: без обработка ( орање или копање), без ѓубре или компост, без плевење и без хемикалии, и водејќи сосема нов пристап до полјоделството (на пример: сеел пред жетвата), Фукуока укажал на правецот по кој полјоделството би требало да оди, доколку сакаме оваа планета да биде дом и за потомците. Докажал дека без современите полјоделствени мерки можат да постигнат ист придонес како и со нив. Исто така, покажал со личен пример како човечката исхрана може да се подреди во природни текови.

Награди

  • Рамон Магсејсеј (награда) во 1988 година, [1] што се смета за „Азиска Нобелова награда“.
Other Languages