Марија Калас

Марија Калас како Виолета во Вердиевата Травијата во легендарната продукција на Ла Скала од 1955 година

Марија Калас ( англиски: Maria Callas, грчки: Μαρία Κάλλας) ( 2 декември 1923, Њујорк16 септември 1977, Париз) била американско- грчки сопран, една од најпопуларните и најконтроверзните оперски пејачки на сите времиња. Својот успех го должи на неверојатните гласовни можности, моделирани по најсуштествените принципи на белкантото, но и на исклучителните интерпретациски и артистички способности со кои доминира на сцената. Нејзиниот репертоар се протегал од улоги од драмскиот Вагнеров фах, преку комплексните ликови на хероините од оперите на Џузепе Верди и Џакомо Пучини, па сѐ до исклучителните колоратурни партии од композиторите на белкантото, Винченцо Белини и Гаетано Доницети, чии неколку опери самата лично ги „ископува од правта“ на театарските архиви и ги вцврстува во стандарниот оперски репертоар.

Исклучително чудлива личност, полна со испади и скандали; врската со Аристотел Оназис, како и можното ривалство со Рената Тебалди, допринесува медиумите сето тоа да го пренагласат и да влијаат врз текот на нејзиниот живот. Сепак, денеска таа претставува синоним за оперска дива, име кое има оставено неизбришлива трага врз оперската уметност. Во 2013 година, во октомвриското издание на списанието "Класик војс" (Classic Voice), по повод одбележувањето на 200-годишнината од раѓањето на Верди, во анкетата спроведена на сто најголеми оперски имиња, Калас била убедливо прогласена за најдобар интерпретатор на оперите на Верди. Имено, во анкетата со која биле опфатени сто најголеми оперски имиња во светот, Калас била убедливо прва, со далеку најголем број гласови пред второпласираниот Пјеро Капучили и третопласираната Рената Тебалди. [1]

  • Наводи

Наводи

  1. "Марија Калас и Пјеро Капучили се најдобрите пејачи на Верди", Дневник, број 5291, година XVII, среда, 16 октомври 2013, стр. 22.


Other Languages
Afrikaans: Maria Callas
العربية: ماريا كالاس
asturianu: Maria Callas
Aymar aru: Maria Callas
azərbaycanca: Mariya Kallas
беларуская: Марыя Калас
български: Мария Калас
bosanski: Maria Callas
català: Maria Callas
Чӑвашла: Мария Каллас
čeština: Maria Callas
Cymraeg: Maria Callas
Deutsch: Maria Callas
Ελληνικά: Μαρία Κάλλας
English: Maria Callas
español: Maria Callas
Esperanto: Maria Callas
euskara: Maria Callas
français: Maria Callas
galego: Maria Callas
Հայերեն: Մարիա Կալաս
hrvatski: Maria Callas
Bahasa Indonesia: Maria Callas
íslenska: Maria Callas
italiano: Maria Callas
ქართული: მარია კალასი
Кыргызча: Каллас Мария
Latina: Maria Callas
latviešu: Marija Kalla
Lëtzebuergesch: Maria Callas
magyar: Maria Callas
Bahasa Melayu: Maria Callas
Nederlands: Maria Callas
occitan: Maria Callas
Piemontèis: Maria Callas
polski: Maria Callas
português: Maria Callas
română: Maria Callas
Runa Simi: Maria Callas
русский: Мария Каллас
sicilianu: Maria Callas
Simple English: Maria Callas
slovenčina: Maria Callasová
slovenščina: Maria Callas
српски / srpski: Марија Калас
srpskohrvatski / српскохрватски: Maria Callas
svenska: Maria Callas
Tagalog: Maria Callas
Türkçe: Maria Callas
українська: Марія Каллас
Tiếng Việt: Maria Callas
Yorùbá: Maria Callas