Лужички јазици

Лужички јазици
вендски јазици, лужичкосрпски јазици
Географска
распространетост:
Лужица
Класификација: индоевропски
Гранки:
ISO 639-2 и 639-5: wen
Germany sorbian region.png
Лужички јазици
Писмо латиница
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Wšitcy čłowjekojo su wot naroda swobodni a su jenacy po dostojnosći a prawach. Woni su z rozumom a swědomjom wobdarjeni a maja mjezsobu w duchu bratrowstwa wobchadźeć.
Македонски Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни и eднaкви пo дoстoинствo и прaвa. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштo чoвeчкaтa припaднoст.
Портал: Јазици

Лужичките јазици (Serbsce, Serbski) — мала група словенски јазици, дел од подгрупата на западнословенски јазици. Овие јазици се мајчини јазици на Лужичките Срби, автохтоно словенско население во областа Лужица во Источна Германија. Низ историјата, јазиците биле познати како вендски јазици или лужичкосрпски јазици. Овие јазици се слични со останатите западнословенски јазици, односно со полскиот, чешкиот, словачкиот и кашупскиот. [1]

Денес има два стандардни лужички јазици: горнолужички јазик и долнолужички јазик. Горнолужичкиот го зборуваат околу 40.000 луѓе во Саксонија, додека долнолужичкиот е зборуван од околу 10.000 луѓе во Бранденбург. Оваа област каде се зборуваат овие јазици е позната како Лужица.

Во Германија, горнолужичкиот и долнолужичкиот се признати и заштитени малцински јазици. Двата јазика во Лужица се официјални, заедно со германскиот. Центар на горнолужичкорпската култура е Бауцен. Во градот горнолужичкиот е доста застапен во секојдневната комуникација и се користи на сообраќајните знаци. Како центар на долнолужичката култура се смета Котбус. Како и во Бауцен, така и во Котбус има двојазични сообраќајни знаци.

Наводи

  1. За лужичкиот јазик од Хелмут Фаска - Лајпцишки универзитет
Other Languages
Afrikaans: Sorbies
العربية: لغات صوربية
aragonés: Idioma sorabo
asturianu: Sorbiu
azərbaycanca: Sorb dilləri
беларуская: Лужыцкія мовы
беларуская (тарашкевіца)‎: Лужыцкія мовы
български: Лужишки езици
brezhoneg: Sorabeg
català: Sòrab
Cymraeg: Sorbeg
dolnoserbski: Serbšćina
español: Lenguas sorbias
Esperanto: Soraba lingvo
français: Sorabe
Frysk: Sorbysk
Gaeilge: An tSoirbis
Gàidhlig: Sòrbais
한국어: 소르브어
Հայերեն: Լուժիկերեն
hornjoserbsce: Serbšćina
Bahasa Indonesia: Bahasa Sorbia
italiano: Lingue sorabe
Basa Jawa: Basa Sorbia
ქართული: სორბული ენა
latviešu: Sorbu valodas
lietuvių: Sorbų kalbos
Limburgs: Sorbisch
magyar: Szorb nyelv
მარგალური: სორბული ნინეფი
монгол: Сорб хэл
Nederlands: Sorbisch
日本語: ソルブ語
Nordfriisk: Sorbisch
norsk: Sorbisk
norsk nynorsk: Sorbiske språk
occitan: Sorab
Plattdüütsch: Sorbsche Spraken
português: Línguas sorábias
română: Limbi sorabe
sámegiella: Sorbigiella
Seeltersk: Sorbisk
Simple English: Sorbian languages
slovenčina: Lužické jazyky
slovenščina: Lužiščina
srpskohrvatski / српскохрватски: Lužičkosrpski jezik
suomi: Sorbi
svenska: Sorbiska
Türkçe: Sorbca
українська: Лужицькі мови
vèneto: Lengue sorabe
Tiếng Việt: Nhóm ngôn ngữ Sorb
文言: 索布語
ייִדיש: סארביש
粵語: 索布文
žemaitėška: Suorbu kalba
中文: 索布语