Лихтенштајн
English: Liechtenstein

Кнежевство Лихтенштајн
Fürstentum Liechtenstein  (германски)
Знаме Грб
ГеслоFür Gott, Fürst und Vaterland
За Бога, Кнезот и Татковината
Химна
Oben am jungen Rhein
(македонски: „Над младата Рајна")

Лихтенштајн  (зелена)

на Европскиот континент  (темнозелена)  —  [Легенда]

Лихтенштајн  (зелена)
Главен градВадуц
47°08.5′N 9°31.4′E / 47°08.5′N 9°31.4′E / 47.1417; 9.5233
Најголем град Шан
Службен јазик германски
Демоним Лихтенштајнци
Уредување Парламентарна демократија под уставна монархија
 •  Кнез Ханс-Адам II
 •  Регент Алоа
 •  Премиер Клаус Чичер
 •  Претседател на собранието Артур Брунхарт
Независност како кнежевство
 •  Пресбуршки договор 12 јули 1806 
 •  Независност од Германскиот Сојуз 1866 
Површина
 •  Вкупна  (211та)
 •  Вода (%) занемарлив
Население
 •  проценка за 2014 г. 37,340[1] (193та)
 •  Густина 227 жит/км2 (57ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2010 г.
 •  Вкупен $3.545 милијарди[2][3] (163та)
 •  По жител $98,432[1][2][3] (2ра)
БДП (номинален) проценка за 2010 г.
 •  Вкупно $5.155 милијарди[2][3] (147ма)
 •  По жител $143,151[1][2][3] (2ра)
ИЧР (2014) 0.908[4]
многу висок · 13та
Валута Швајцарски франк (CHF)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .li
Повик. бр. 423

Кнежевство Лихтенштајн (германски: Fürstentum Liechtenstein) — алпска држава во Западна Европа која се граничи со Швајцарија на запад и Австрија на исток.

Лихтенштајн е најмала држава каде се зборува германски јазик. Таа е уставна монархија поделена на 11 општини. Главен град на Лихтенштајн е Вадуц, а најголем е Шан. Земјата има јак финансиски сектор и е често окарактеризирана како „рај за даноци“. Лихтенштајн е дел од договорот за слободна европска трговија и оваа држава не е дел од Европската Унија и не пројавила желба да биде дел од истата.

Историја

Замокот во Вадуц

Денешната територија на Лихтенштајн во минатото била во склопот на Реција. Во текот на историјата, оваа територија останала далеку од европските стратешки планови и интереси. Пред доаѓањето на власт на актуелната династија, Лихтенштајн бил под управа на Хабсбуршката династија.

Династијата Лихтенштајн своето име го добила по дворецот Лихтенштајн, за последен пат во составот на Австрија. Низ вековите, членовите на династијата заземале големи територии под свои надлежности, како во Моравија, Долна Австрија и сепак не успевале да ги зачувуваат тие региони поради силата на Хабсбуршката династија. Графствата Шеленберг и Вадуц, кој биле придобиени во 1699 година станале дел од множеството графства, херцеговства, кнежества и држави обединети во светата Римска империја. Во 1719 година, териториите ѝ биле објавени за наследство од страна на Карло VI. Од 23 јануари 1719 година Лихтенштајн бил објавен за кнежество, станувајќи суверена држава во составот на империјата. Во 1806 година, Светата Римска империја паднала под француска власт. Ова придонесува, Лихтенштајн по прв пат во својата историја да стане независен.

XX век

Во текот на Втората светса војна, земјата успеала да ја зачува својата неутралност. По завршувањето на војната, Чехословачка и Полска ззазеле некои делови од Нацистичка Германија, кои биле под власта на Лихтенштајн. Овде, пред се се смета за Бохемија, Моравија. Династијата од 1938 година живееле во Виена.

По војната следувал тежок период за династијата и државата, кое ги принудило да се откажат од некои уметнички дела како Ginevra de' Benci од Леонардо Да Винчи, која била купена од страна на САД. Лихтенштајн е дел од договорот за европска слободна трговија и оваа држава не е дел од Европската Унија и не произјавила желба да биде дел од истата.

Географија и клима

Реката Рајна претставува граница помеѓу Лихтенштајн и Швајцарија (во позадина се Швајцарските Алпи).

Лихтенштајн граничи со Швајцарија на запад и Австрија на исток.Климата во Лихтенштајн е континентална, со студени зими и умерени лета. Климата по долината на Рајна е умерена, а на повисоките делови од Алпите е планинска. Поголемиот дел од територијата на Лихтенштајн е планинска што ја прави добар зимски спортски центар. Пејзажот на Лихтенштајн е исполнет со мали фарми и планински терени.

Политички систем

Лихтенштајн е парламентарна демократија на чие чело моментално стои кнезот Ханс-Адам Втори, кој го презел престолот после смртта на неговиот татко во 1989 година. Парламентот на Лихтенштајн, Ландтаг (Landtag), е составен од 25 пратеници кои се избрани од страна на жителите. Владата,која ја сочинуваат пет министри, раководи со тековните обврски.

На референдумот одржан на 1 јули 1984 година, било одлучено да се даде право на глас и на жените, но само на државните избори (не и на локалните).

Административна поделба

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Општини во Лихтенштајн.

Население, јазик и религија

Само две третини од целокупното население е со потекло од Лихтенштајн (65,8%). 20,1% од населението е дојдено од државите во кои се зборува германскиот јазих (најмногу од Швајцарија, Австрија и Германија). Потоа следат Италијанците (3,3%), бегалците од Југославија (3,3%), Турци и останати (помалку од 5%).

Во Лихтенштајн, како и во целото германско говорно подрачје во Швајцарија, говорен јазик е алеманскиот дијалект кој произлегол од германскиот јазик. И покрај тоа, германскиот јазик е официјален јазик во администрацијата. Лихтенштајн е единствена земја во светот која го усвоила исклучиво стандарниот германски јазик како единствен национален јазик (Германија и Австрија, на пример, признаваат и бројни малцински дијалекти).

Култура во Лихтенштајн

Во Лихтенштајн се одржуваат голем број на уметнички и културни настани. Популарната култура ја создава, се разбира, младата генерација, која создала многубројни рок и поп музички групи чие реноме често ги надминува локалните граници.

Голем број на организации се основани со цел да организираат изложби и разни други манифестации. Народниот музеј (Landesmuseum), свечено отворен во ноември 2003 година, им се придружил на другите културни установи во државата: музејот на уметност (Kunstmuseum), поштенскиот музеј (Postmuseum) и електричарскиот музеј.

Единствен театар во Лихтенштајн е театарот на црвениот плоштад, кој се наоѓа во Шан. Но, од октомври 2003 година, во Вадуц се наоѓа здружение кое организира концерти, хумористични изведби и кратки театарски изведби. Лихтенштајн може да се пофали со неколку домашни уметници кои се навистина признаени во своето поле на работа, како што е вајарот Георг Малин или пак сликарите Бруно Кауфман и Мартин Фромелт.

Музичката школа работи во куќата на Рајнберг во Вадуц.

Спорт во Лихтенштајн

Фудбалските тимови на Лихтенштајн играат под раководство на швајцарската фудбалска лига. Фудбалскиот куп на Лихтенштајн и овозможува секоја година на најдобрата екипа да влезе во Купот УЕФА: најчесто станува збор за фудбалскиот клуб Вадуц, кој инаку игра во Втората швајцарска лига. ФК Вадуц својот најголем успех го постигнал во Лигата на шампионите во 1996 година со победата врз Летонците од ФК Университате Рига со резултат 4:2. Во наредното коло се сретнале со Париз Сен Жермен, од чија страна биле елиминирани од натпреварувањето со вкупен резултат 7:0 (0:4 во Вадуц и 3:0 во Париз).

Фудбалската репрезентација на Лихтенштајн традиционално претставува лесен плен за било кој противник. Меѓутоа Лихтенштајн имале една извонредна недела во есента 2004 година, за време на квалификациските натпревари за влез на светското фудбалско првенство во фудбал 2006 година, изборувајќи нерешен резултат 2:2 во дуелот со Португалија (во Вадуц), за после тоа да триумфира против Луксембург со резултат 4:0. Натпреварувањето го завршиле како претпоследни во својата квалификациска група со освоени 8 бодови (нерешен резултат со Португалија, победа над Луксембург, нерешено со репрезентацијата на Словачка (0:0) и уште една победа против Луксембург (3:0).

Како планинска земја, Лихтенштајн постигнува доста добри резултати во зимските спортови, особено во алпското скијање: Хани Венцел така освоила два медала на зимските олимписки игри во Лејк Плес (Соединетите Американски Држави) во 1980 година.

Вкупно, спортистите на оваа држава успеале да освојат 8 олимписки медали (две златни,две сребрени и пет бронзени).

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 [1], Amt für Statistik, Landesverwaltung Liechtenstein. Accessed on 26 May 2015.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Key Figures for Liechtenstein, Landesverwaltung Liechtenstein. Accessed on 1 July 2012.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 World Development Indicators, World Bank. Accessed on 1 July 2012. Note: "PPP conversion factor, GDP (LCU per international $)" and "Official exchange rate (LCU per US$, period average)" for Switzerland were used.
  4. „2015 Human Development Report“ (PDF). United Nations Development Programme. 2015. конс. 14 December 2015. 

Надворешни врски

Other Languages
Адыгэбзэ: Лихтэнштейн
Afrikaans: Liechtenstein
Alemannisch: Liechtenstein
Ænglisc: Lēohtenstān
العربية: ليختنشتاين
aragonés: Liechtenstein
ܐܪܡܝܐ: ܠܝܟܛܢܫܛܝܢ
arpetan: Liechtenstein
asturianu: Liechtenstein
Avañe'ẽ: Liechytenteĩ
azərbaycanca: Lixtenşteyn
Bân-lâm-gú: Liechtenstein
Basa Banyumasan: Liechtenstein
башҡортса: Лихтенштейн
беларуская: Ліхтэнштэйн
беларуская (тарашкевіца)‎: Ліхтэнштайн
Bikol Central: Liechtenstein
Bislama: Liechtenstein
български: Лихтенщайн
Boarisch: Liachtnstoa
bosanski: Lihtenštajn
brezhoneg: Liechtenstein
català: Liechtenstein
Чӑвашла: Лихтенштейн
Cebuano: Liechtenstein
čeština: Lichtenštejnsko
Chavacano de Zamboanga: Liechtenstein
chiShona: Liechtenstein
chiTumbuka: Liechtenstein
Cymraeg: Liechtenstein
davvisámegiella: Liechtenstein
Deitsch: Liechtenstein
Deutsch: Liechtenstein
ދިވެހިބަސް: ލީޝްތެންސްޓީން
dolnoserbski: Liechtensteinska
Ελληνικά: Λίχτενσταϊν
emiliàn e rumagnòl: Liechtenstein
English: Liechtenstein
español: Liechtenstein
Esperanto: Liĥtenŝtejno
estremeñu: Lístestain
euskara: Liechtenstein
eʋegbe: Liechtenstein
Fiji Hindi: Liechtenstein
føroyskt: Liktinstein
français: Liechtenstein
Fulfulde: Liechtenstein
Gaeilge: Lichtinstéin
Gagauz: Lihtenşteyn
Gàidhlig: Liechtenstein
ગુજરાતી: લીચેસ્ટેઈન
गोंयची कोंकणी / Gõychi Konknni: लिंचेनस्टाइन
客家語/Hak-kâ-ngî: Liechtenstein
Hawaiʻi: Likenekaina
հայերեն: Լիխտենշտայն
hornjoserbsce: Liechtenstein
hrvatski: Lihtenštajn
Ilokano: Liechtenstein
বিষ্ণুপ্রিয়া মণিপুরী: লিষ্টেনষ্টাইন
Bahasa Indonesia: Liechtenstein
interlingua: Liechtenstein
Interlingue: Liechtenstein
íslenska: Liechtenstein
italiano: Liechtenstein
kalaallisut: Liechtensteini
Kapampangan: Liechtenstein
къарачай-малкъар: Лихтенштейн
kaszëbsczi: Liechtenstein
қазақша: Лихтенштейн
kernowek: Liechtenstein
Kinyarwanda: Liyeshitensiteyine
Kiswahili: Liechtenstein
Kreyòl ayisyen: Lichtènstayn
kriyòl gwiyannen: Liechtenstein
Кыргызча: Лихтенштейн
latgaļu: Liktenšteins
latviešu: Lihtenšteina
Lëtzebuergesch: Liechtenstein
lietuvių: Lichtenšteinas
Limburgs: Liechtenstein
lingála: Liechtenstein
Lingua Franca Nova: Lictenstain
Livvinkarjala: Lihtenštein
la .lojban.: lixtenctain
lumbaart: Liechtenstein
Malagasy: Liechtenstein
Māori: Rīkeneteina
მარგალური: ლიხტენშტაინი
مازِرونی: لیختن اشتاین
Bahasa Melayu: Liechtenstein
Mìng-dĕ̤ng-ngṳ̄: Liechtenstein
мокшень: Лихтенштайн
Dorerin Naoero: Riketentein
Nederlands: Liechtenstein
Nedersaksies: Liechtenstein
नेपाल भाषा: लीश्टेनस्टाईन
Napulitano: Liechtenstein
нохчийн: Лихтенштейн
Nordfriisk: Liechtenstein
Norfuk / Pitkern: Liktenstiin
norsk nynorsk: Liechtenstein
Nouormand: Liechtenstein
occitan: Liechtenstein
олык марий: Лихтенштейн
oʻzbekcha/ўзбекча: Lixtenshteyn
Pälzisch: Liechtenstein
Pangasinan: Liyestenstayn
پنجابی: لیختنشٹاین
Papiamentu: Liechtenstein
Patois: Liktenstain
Перем Коми: Лихтенштайн
Piemontèis: Liechtenstein
Plattdüütsch: Liechtensteen
Ποντιακά: Λιχτενστάιν
português: Liechtenstein
Qaraqalpaqsha: Lixtenshteyn
qırımtatarca: Lihtenşteyn
română: Liechtenstein
rumantsch: Liechtenstein
Runa Simi: Liechtenstein
русиньскый: Лихтенштайн
русский: Лихтенштейн
саха тыла: Лихтенштайн
Sakizaya: Liechtenstein
Gagana Samoa: Liechtenstein
संस्कृतम्: लिक्टनस्टैन
Seeltersk: Liechtenstein
sicilianu: Liechtenstein
Simple English: Liechtenstein
SiSwati: ILeshestani
slovenčina: Lichtenštajnsko
slovenščina: Lihtenštajn
словѣньскъ / ⰔⰎⰑⰂⰡⰐⰠⰔⰍⰟ: Лихтєнщаинъ
ślůnski: Liechtenstein
Soomaaliga: Liechtenstein
Sranantongo: Liechtensteinkondre
српски / srpski: Лихтенштајн
srpskohrvatski / српскохрватски: Lihtenštajn
svenska: Liechtenstein
Tagalog: Liechtenstein
Taqbaylit: Liechtenstein
tarandíne: Liechtenstein
татарча/tatarça: Лихтенштейн
Türkçe: Lihtenştayn
Türkmençe: Lihtenşteýn
українська: Ліхтенштейн
ئۇيغۇرچە / Uyghurche: لىختېنشتېين
Vahcuengh: Liechtenstein
vèneto: Liechtenstein
vepsän kel’: Lihtenštein
Tiếng Việt: Liechtenstein
Volapük: Ligtänstän
West-Vlams: Liechtnstein
Winaray: Liechtenstein
Xitsonga: Liechtenstein
ייִדיש: ליכטנשטיין
Zeêuws: Liechenstein
žemaitėška: Lichtenšteins