Ливадски кос

Ливадски кос
Turdus pilaris2.jpg
Научна класификација
Царство:Животни
Колено:Хордови
Класа:Птици
Ред:Врапчевидни
Семејство:Дроздови
Род:Turdus
Вид:Ливадски кос
Биномен назив
Turdus pilaris
Linnaeus, 1758

Ливадскиот кос (науч. Turdus pilaris) е член на фамилијата дроздови. Се размножува во шумски и во предели со грмушки низ северна Европа и Азија. Таа е птица преселничка, со многу птици што живеат на север, кои се селат зиме на југ.

Гнездат во дрвјата, лежејќи неколку јајца во плетено гнездо. Невообичаено за дроздовите, ливадските косови често гнездат во колонии, можеби за да се заштитат од големите гаврани. Преселничките се собираат во големи јата заедно со лисестиот дрозд. Сештојади се, кои јадат широк спектар инсекти и црви лете, а разни бобинки зиме.

Ливадскиот кос е долг 22-27 см, со чисто кафеав грб, бел под крилјата, со сив заден дел и тил. Градите се светло портокалови, а останиот долен дел му е бел. Градите и страните се многу точкави. По изглед, половите се слични.

Ливадскиот кос е опишан од Linnaeus во неговата Systema naturae (1758) под името Turdus pilaris.[2]

Видот има широк опсег, на околу 10 милиони квадратни километри, голема популација, со приближно 28-48 милиони индивидуи само во Европа. Според статусот спаѓа во категоријата на најмала загриженост.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Turdus pilaris. Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106006405. посет. 16 јули 2012 г.  (англиски)
  2. (латински) Linnaeus, C (1758). Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima, reformata.. Holmiae. (Laurentii Salvii).. стр. 168. „T. rectricibus nigris : extimis margine interiore apice albicantibus, capite uropygioque cano.“ 
Other Languages
العربية: دج الغيط
asturianu: Turdus pilaris
azərbaycanca: Turdus pilaris
беларуская: Рабіннік
беларуская (тарашкевіца)‎: Дрозд-піскун
български: Хвойнов дрозд
brezhoneg: Drask louet
català: Griva cerdana
Чӑвашла: Пилеш кайăкĕ
čeština: Drozd kvíčala
Cymraeg: Socan Eira
dansk: Sjagger
davvisámegiella: Ránesrásttis
English: Fieldfare
español: Turdus pilaris
Esperanto: Griza turdo
euskara: Durdula
føroyskt: Fjalltrøstur
français: Grive litorne
Gaeilge: Sacán
Հայերեն: Սինակեռնեխ
italiano: Turdus pilaris
ქართული: ბოლოშავა
kaszëbsczi: Jagódnik
kurdî: Boqije
magyar: Fenyőrigó
Nederlands: Kramsvogel
Nordfriisk: Kraansfögel
norsk: Gråtrost
norsk nynorsk: Gråtrast
Piemontèis: Turdus pilaris
polski: Kwiczoł
português: Turdus pilaris
română: Cocoșar
русиньскый: Квіч
русский: Рябинник
Scots: Feltifleer
slovenčina: Drozd čvíkota
svenska: Björktrast
татарча/tatarça: Миләш баркылдыгы
українська: Чикотень
Tiếng Việt: Turdus pilaris
中文: 田鸫