Летни олимписки игри 2016

Игри на XXXI Олимпијада
Игри на XXXI Олимпијада
Лого на Летните олимписки игри 2016
Град домаќинРио де Жанеиро, Бразил
Број на држави207
Број на спортисти11.000+
Број на спортови28
Број на натпревари306
Отворање5 август 2016
Затворање21 август 2016
СтадионМаракана

Летни олимписки игри 2016 (португалски: Jogos Olímpicos de Verão de 2016), официјално познати како Игри на XXXI Олимпијада или само како Рио 2016летни олимписки игри кои се одржале во Рио де Жанеиро од 5 до 21 август 2016, при што натпреварите во фудбал започнале на 3 август 2016 година.

На игрите учествувале рекорден број на земји во рекорден број спортови. Притоа, повеќе од 11.000 спортисти од вкупно 206 национални олимписки комитети настапиле на игрите, вклучувајќи ги и спортистите од Косово и Јужен Судан кои настапуваат за првпат.[1] Медали биле доделени во 306 натпреварувања во вкупно 28 олимписки спортови, вклучувајќи ги и рагби-7 и голф кои биле додадени од страна на Меѓународниот олимписки комиет (МОК) во 2009 година. Натпреварувањата во спортовите се одржуваат во 33 зданија во градот-домаќин и во уште пет зданија во Сао Паоло, Бело Хоризонте, Салвадор, Бразилија и Манаус.

Ова биле првите летни олимписки игри под претседателство со МОК ма Томас Бах.[1] Изборот на Рио де Жанеиро како град-домаќин бил направен на 121. седница на МОК која се одржала во Копенхаген на 2 октомври 2009. Со тоа, Рио е првиот јужноамерикански град-домаќин на олимписките игри. Ова исто така биле првите олимписки игри кои се одржале во земја од португалско говорно подрачје, првите кои во целост се одржале во текот на зимата во градот-домаќин, првите кои по 1968 се одржале во Латинска Америка и првите по 2000 кои се одржале на јужната полутопка.[2]

Подготовките пред игрите биле одбележани со бројни загрижености и контроверзии, меѓу кои се нестабилноста на федералната власт во Бразил, епидемијата на вирусот Зика, значителното загадување во заливот Гванабара, како и скандалот со употреба на недозволени средства во Русија кој значително влијаел врз учеството на спортистите од оваа земја на игрите.

Other Languages
беларуская (тарашкевіца)‎: Летнія Алімпійскія гульні 2016 году
føroyskt: Summar-OL 2016
Bahasa Indonesia: Olimpiade Musim Panas 2016
norsk nynorsk: Sommar-OL 2016
oʻzbekcha/ўзбекча: Yozgi Olimpiada oʻyinlari 2016
Simple English: 2016 Summer Olympics
srpskohrvatski / српскохрватски: Olimpijada 2016