Лабораторија за реактивен погон

Лабораторија за реактивен погон
Jet Propulsion Laboratory
Jet Propulsion Laboratory logo.svg
NASA logo.svg
Site du JPL en Californie.jpg
Лабораторијата од птичја перспектива
Податоци за органот
Основан1936
НадлежностФедерална влада на САД
СедиштеПасадена
 / 
Вработени> 5.000
РаководителЧарлс Елахи
(директор)
Матичен органКалифорниски технолошки институт во име на НАСА
ОграноциНаучно одделение на JPL
Мрежно место
Дом. страница на лабораторијата
Контролната просторија на лабораторијата

Лабораторија за реактивен погон (англиски: Jet Propulsion Laboratory или JPL) — државен истражно-развоен и вселенски центар на НАСА сместен во округот Лос Анџелес во Калифорнија, САД. Седиштето се води под градот Пасадена [1], а објектите се сместени на границата помеѓу градовите Ла Кањада Флинтриџ и Пасадена. Лабораторијата е под управа на Калифорнискиот технолошки институт (Калтех) во име на агенцијата НАСА. Главна функција на лабораторијата е конструирање и работа со роботски планетарни вселенски летала, но установата раководи и со мисии во Земјината орбита. Меѓу другите нејзини надлежности се вбројува раководењето со мрежата Deep Space Network на НАСА. Тековни проекти на лабораторијата се мисијата „Касини-Хајгенс“ до Сатурн, Марсовските истражни возила „Спирит“ и (Spirit) и „Опортјунити“ (Opportunity), Марсовскиот извиден орбитер (Mars Reconnaissance Orbiter), мисијата Дон до Керера и Веста и веленскиот телескоп „Спицер“.

Објектот за раководење со вселенски летови и симулаторот се прогласени за национални историски знаменитости.

Историја

Лабораторијата датира 1936 г. со вршењето на првите ракетни експерименти на воздухопловната лабораторија „Гугенхајм“ при Калифорнискиот технолошки институт во местото Аројо Секо. Судентите на Калтех Френк Малина, Велд Арнолд, Аполо М. О. Смит и Чен Сјуесен, заедно со Џек Парсонс и Едвард Форман, вршеле проби на мал спиртен мотор за да соберат податоци за дисертацијата на Малина. Советникот за дисертацијата бил аеродинамичарот Теодор фон Карман, кој во 1939 успеал да добие средства од војската за овој потфат наречен „GALCIT Rocket Project“. Во 1941, Малин, Парсонс, Форман, Мартин Самерфилд и пилотот Хомер Буши и ги прикажале на војската првите ракети JATO. Во 1943, фон Карман, Малина, Парсонс и Форман го основале претпријатието „Aerojet Corporation“ за производство на мотори за JATO. Во ноември 1943 г. проектот го добил името Лабораторија за реактивен погон и станал дел од војската, но под раководство на универтетот.[2][3][4]

Во воениот период, лабораторијата конструирала и произведувала вооружени системи како среднодометните балистички проектили MGM-5 Corporal и MGM-29 Sergeant. Покрај ова разработила и други прототипни вооружени системи како ПВО-проектилот „Локи“, и претходникот на метеролошката ракета Aerobee. Пробите се вршеле на теренот „Вајт Сендс“, воздухопловната база Едвардс и во Голдстон. Во периодот 1938-39 е изработен и месечев слетувач, на кој потоа се е заснован месечевиот модул „Аполо“ од 1960-тите години.[4]

Во 1954 лабораторијата се здружила со ракетните стуручњаци предводени од Вернер фон Браун во арсеналот Редстон на Воената агенција за балистички проектили во Хантсвил (Алабама) и заедно предложиле да орбитираат сателит во текот на Меѓународната геофизичка година. Предлогот бил неуспешен и наместо ова бил усвоен проектот „ Вангард“ - таен проект со цел да се покаже аблативната повратна технологија користејќи ракета од типот Jupiter-C. Во 1956 и 1957 извршиле три подорбитални лета. Користејќи резервна ракета од типто Jupiter-C, двете организации го лансирале првиот американски сателит „Експлорер 1“ (1 февруари 1958).[5]

Со основањето на НАСА во 1958, агенцијата преоѓа под нејзина надлежност и со тоа станува нејзин главен центар за планетарни вселенски летала. Инженерите на лабораторијата ги осмислиле и раководеле мисиите на Месечината „ Ренџер“ и „ Сарвејор“ трасирајќи го патот за мисијата „ Аполо“. Лабораторијата исто така предводела меѓупланетарните истражувања со мисиите на „ Маринер“ до Венера, Марс и Меркур.[5]

Лабораторијата била меѓу првите установи што нуделе работни места на жените-математичари. Во 1940-тите и 1950-тите, траекторните пресметки во лабораторијата ги вршела група составена исклучиво од жени. [6][7] Во 1961 лабораторијата ја вработила првата жена-инженер во екипите за следење на мисиите „ Ренџер“ и „ Маринер“.[8]

Установата е четири пати наградена од Вселенската задолжбина: со наградата „Даглас С. Мороу“ (за значајни придонеси кон подигањето на јавната свест за вселенските програми) во 1998 и три пати со наградата „Џон Л. ,Џек‘ Свигерт Јуниор“ (за истражување на вселената) во 2005, 2006 и 2009 г. (како дел од екипата на маровскиот слетувач „Феникс“ на НАСА[9]).

Other Languages
Bahasa Indonesia: Jet Propulsion Laboratory
Lëtzebuergesch: Jet Propulsion Laboratory
Bahasa Melayu: Makmal Perejangan Jet
srpskohrvatski / српскохрватски: Laboratorija za mlazni pogon