Крлежи

Крлежи
Период: долен девон - денес
Peacock mite, Tuckerella sp.jpg
Паунов крлеж (Tuckerella sp.) (згол. 260×)
Научна класификација
Царство:Животни
Колено:Членконоги
Потколено:Клештари
Класа:Пајаковидни
Поткласа:Крлежи
Leach, 1817
Надредови
  • Acariformes
  • Parasitiformes

и во текстот

Крлежи ((науч. Acari) или Acarina) — таксон на пајаковидни членконоги кој ги содржи грините и вистинските крлежи. Крлежообразните се распространети насекаде, а најрани фосилни остатоци се забележани од раниот Девон, а веројатно и од Ордовик. Како резултат на ова, акаролозите (луѓе кои ги проучуваат крлежообразните) предложиле сложени правила за систематизирање на овие животинки. Во најсовремените класификации, Acarina се смета за поткласа во Arachnida и се состои од 2-3 надредови или редови: Acariformes (или Actinotrichida), Parasitiformes (или Anactinotrichida) и Opilioacariformes. Последниот таксон често се смета за подгрупа во Parasitiformes. Монофилијата на крлежите е предмет на расправа, а поврзаноста на акарините со другите пајаковидни членконоги не е многу јасна. Во постарите систематики, на подгрупите од Acarina им се давал ранг на ред.

Повеќето акарини се многу ситни (на пример, од 0.08 до 1.0 mm), но поголемите (некои вистински крлежи и кадифени крлежи) можат да достигнат должини од 10–20 mm. Се проценува дека се опишани повеќе од 50.000 видови (до 1999) и дека моментално постојат уште милион (и повеќе) видови кои треба да се опишат. Науката која ги проучува крлежообразните се нарекува акарологија.

Опис

Телото на другите пајаковидни членконоги е поделено на два телесни региони (тагми): прозом (или цефалоторакс, кој ги опфаќа главата и градниот дел) и опистозом (абдомен, кој го опфаќа стомачниот дел). Ова не е случај кај крлежообразните, кај кои телото е поделено на капитулум (или гнатозом) и идиозом (кој се среќава единствено кај овие животни).

Капитулумот или гнатозомот е образуван со незабележливото спојување на прозомот и опистозомот. Според некои истражувачи, овој телесен регион се среќава и кај рицинулеите. Усниот апарат е дел од овој регион и се состои од 2-3 сегментни хелицери и 1-5 сегментни педипалпи. Тој може да биде приспособен за гризење, прободување, сечење или цицање. Како сетила за вид служат 1 до 2 средишни и 1 до 2 странични очели, но многу видови на грини се слепи. Антени отсуствуваат.

Идиозомот ги носи нозете. Возрасните единки најчесто имаат по четири пара, но некои помалку — ларвовидниот Phyllocoptes variabilis поседува само два пара нозе, а некои паразитски грини имаат само еден до три пара. Ларвените и предларвените единки обично имаат по 3 пара нозе.

Other Languages
العربية: قراديات
asturianu: Acari
azərbaycanca: Gənələr
башҡортса: Талпандар
беларуская: Кляшчы
български: Акари
brezhoneg: Akarian
català: Àcar
čeština: Roztoči
Cymraeg: Acari
dansk: Mider
Deutsch: Milben
eesti: Lestalised
Ελληνικά: Άκαρι
English: Acari
español: Acari
Esperanto: Akaro
euskara: Akaro
français: Acari
galego: Ácaros
한국어: 진드기아강
hrvatski: Acarina
Ido: Akaro
বিষ্ণুপ্রিয়া মণিপুরী: আকারি
Bahasa Indonesia: Tungau
Ирон: Гæбы
íslenska: Mítlar
italiano: Acarina
עברית: אקריות
Basa Jawa: Tungau
ქართული: ტკიპები
қазақша: Кенелер
Кыргызча: Кенелер
кырык мары: Пыйи
Latina: Acari
latviešu: Ērces
Lëtzebuergesch: Milben
magyar: Atkák
മലയാളം: അകാരിന
Nederlands: Acarina
日本語: ダニ
norsk: Midder
norsk nynorsk: Midd
occitan: Acari
oʻzbekcha/ўзбекча: Kanalar
Plattdüütsch: Mieten
português: Acarina
română: Acarieni
rumantsch: Chariels
Runa Simi: Khiki
Scots: Acari
Simple English: Acarina
slovenčina: Roztoče
slovenščina: Pršice
srpskohrvatski / српскохрватски: Acarina
suomi: Punkit
svenska: Kvalster
ትግርኛ: ሚተ
удмурт: Лемтэй
українська: Кліщі
اردو: علم حلم
vepsän kel’: Kägentäid
Tiếng Việt: Ve bét
粵語: 蜱蟎亞綱
中文: 蜱蟎亞綱
Lingua Franca Nova: Acaro