Контролен број на Конгресната библиотека

Нормативна податотека на мрежното место на Конгресната библиотека

Контролниот број на Конгресната библиотека (крат. LCCN од англ. Library of Congress Control Number) — сериски систем на нумеризација на каталожни записи во Конгресната библиотека (национална библиотека) на САД. Податоците поврзани со бројот не се однесуваат на содржината на книгите, и затоа овој идентификатор е сосем различен од класификацијата на Конгресната библиотека.

Библиотекарите ширум светот се служат со овој единствен идентификатор при каталогизација на највеќето книги издадени во САД. Со помош на бројот, тие доаѓаат до исправните каталожни податоци што Библиотеката на конгресот и трети странки ги нудат на интернет и други места.

Во февруари 2008, Библиотеката на конгресот ја вовела услугата за постојани врски за LCCN, овозможувајќи стабилни URL-адреси за сите контролни броеви.[1]

Other Languages
беларуская (тарашкевіца)‎: Кантрольны нумар Бібліятэкі Кангрэсу
srpskohrvatski / српскохрватски: Kontrolni broj Kongresne biblioteke
Tiếng Việt: LCCN