Комнини

Комнини
Земја Византиска империја
Трапезунтска империја
Титули Византиски цар
Трапезунтски цар [1]
Основач Мануел Еротик Комнин
Последен владетел Давид Комнен
Година на основање 10 век
Распад 15 век
Крај на владеењето 1453 - распаѓање на Византиска империја
1461 - распаѓање на Трапезунтска империја
Националност Византијци

Комнини ( грчки: Κομνηνός, Κομνηνοί) се средновековна аристократска византиска фамилија, кои во 11 век и 12 век управувале со Византија.

Потекло

Основач на династијата според Михаил Псел е Мануел Еротик Комнин, кој бил крупен земјопоседник на византиски апанаж во Кастамону - Пафлагонија, но бил роден во Филипопоја каде поседувал имот со името Комни . Негов син бил Исак I Комнин. Општо е прифатено (хипотетички, но без да е докажано) дека корените на презимето Комнин се во областа Пафлагонија во која семејството поседувала генерички имоти, центар на кои била тврдината Castra Comnenus (Денешниот турски град Кастамону).

Не е јасно Мануел Комнин дали бил Ерменец по потекло или Бугарин. Последното големо преселување било во 970 година, кога во реонот на Филипопол (денешен Пловдив) се населиле 200.000 Ерменци [2]. Според американската византолошка од ерменско потекло Н. Гарсојан, овие Ерменци биле потомци на оние кои биле населувани во Сирија по падот на Павликанската држава во 871 година.

За првиот познат претставник на династијата е јасно дека во 978 година ја бранел Никеја од Вардех Склир. Претставниците на Комнините сосема намерно се сродиле со претставници на комитопулитете - Исак I Комнин бил оженет за Катерина Комнина, а Алексиј I Комнин - за Ирина Дукина.

Other Languages
Alemannisch: Komnenen
العربية: كومنينيون
azərbaycanca: Komnenos sülaləsi
беларуская: Дынастыя Камнінаў
беларуская (тарашкевіца)‎: Камніны
български: Комнини
bosanski: Komnen
català: Comnè
čeština: Komnenovci
Deutsch: Komnenen
English: Komnenos
Esperanto: Komnena dinastio
فارسی: کمنن
français: Maison Comnène
Bahasa Indonesia: Komnenos
italiano: Comneni
ქართული: კომნენოსები
Nederlands: Komnenen
oʻzbekcha/ўзбекча: Komninlar
polski: Komnenowie
português: Dinastia comnena
русский: Комнины
slovenščina: Komneni
српски / srpski: Династија Комнина
srpskohrvatski / српскохрватски: Dinastija Komnina
suomi: Komnenos
svenska: Komnenos
українська: Комніни