Камаитачи

Камаитачи
Камаитачи (鎌鼬) од Kyōka Hyaku Monogatari 

Камаитачи (鎌鼬?) (鎌鼬?) е јапонски Јокаи (дух) за кој што често се зборува во Кошинетсу регионот.

Тие се појавуваат јавајќи на демони направени од прашина, тие ги сечат луѓето користејќи ги своите нокти на рацете кои што наликуваат на српови. Жртвите би добиле остра рана од сечењето, но не би чувствувале болка.

Тие се многу слични на Квионгите од Кина.

  • Легенди според области

Легенди според области

Легенди за ѓаволски ветрови кои ги сечат луѓето се спомнувани Чибу, Кансај  други региони. Има многу легенди за нив во поснежните региони, а има и некои региони каде што ги сметаат и самите вијулици за камаитачи.

Во Шинетсу регионот се верува дека камаитачите се креации на некој лош бог, а има и фолклорно верување дека ако се згазне на календар ќе се појави Камаитачи.

Во Тухоку се верува дека кога некој ќе добие рана од камаитачи треба да се стави целосно изгорен стар календар на раната за поборзо да заздрави.

Во Хида, во басенот на Ниу реката, се вели дека се три лоши богови, првиот би го бутнал доле човекот, следниот би го пресекол, и третиот би ставил лек на раната.

Во Јошио областа од Нара Префектурата, се верува дека кога ќе те гризне камаитачи кое што е невидливо, ќе се сопнеш, и иако не ти тече крв, имаш голема рана.

Other Languages
English: Kamaitachi
español: Kamaitachi
français: Kamaitachi
Bahasa Indonesia: Kamaitachi
italiano: Kamaitachi
日本語: 鎌鼬
polski: Kamaitachi
português: Kamaitachi
русский: Кама-итати
svenska: Kamaitachi
中文: 镰鼬