Калифорнија

Калифорнија
State of California
Знаме на КалифорнијаПечат на Калифорнија
ЗнамеПечат
Прекар(и): The Golden State
Гесло: Еурека[1]
АлабамаАлјаскаАризонаАрканзасКалифорнијаКолорадоКонектикатДелаверФлоридаЏорџијаХаваиАјдахоИлиноисИндијанаАјоваКанзасКентакиЛуизијанаМејнМерилендМасачусетсМичигенМинесотаМисисипиМонтанаМисуриНебраскаНевадаЊу ХемпширЊу ЏерсиЊу МексикоЊујоркСеверна КаролинаСеверна ДакотаОхајоОклахомаОрегонПенсилванијаРод АјлендЈужна КаролинаЈужна ДакотаТенесиТексасЈутаВермонтВирџинијаВашингтонЗападна ВирџинијаВисконсинВајомингMap of USA CA.svg
За сликава
Службен јазикАнглиски
Главен градСакраменто
Најголем градЛос Анџелес
Површина 3. место
 - Вкупно410 000 км²
 - Широчина400 км
 - Должина1 240 км
 - % вода4,7
 - Гео. ширина32° 32′ N до 42° N
 - Гео. должина114° 8′ W до 124° 26′ W
Население 1. место
 - Вкупно33 871 648 (2006: 36 842 934)
 - Густина83,85/км² (12. место)
Надм. вис. 
 - Највисока точкапланината Витни[2]
4 421 м
 - Најниска точкаДолината на Смртта[2]
-86 м
Влез во сојузот 9 септември, 1850 (31)
ГувернерЏери Браун (Д)
СенаториДајен Фејнстајн (Д)
Барбара Боксер (Д)
Делегација на конгресот
Часовен појасПацифичка: UTC-8/-7
КратенкиCA Calif. US-CA
Порталwww.ca.gov

Калифорнија (англиски: California) — најнаселената држава во Соединетите Американски Држави и трета по големина по површина, после Алјаска и Тексас. Исто така, Калифорнија е и најнаселената држава со мултинационален ентитет во Северна Америка. Се наоѓа на западниот брег на САД, граничи со Тихиот Океан на запад и со државите: Орегон на север, Невада на исток, Аризона на југоисток, Долна Калифорнија и Мексико на југ. Петте најголеми градови во Калифорнија се Лос Анџелес, Сан Диего, Сан Хозе, Сан Франциско и Фресно, со Лос Анџелес, Сан Диего и Сан Хозе кои имаат најмалку по 1 милион жители. Како и во многу други густо населени држави, главниот град на Калифорнија, Сакраменто е помал од најголемиот град во државата - Лос Анџелес. Државата е дом на вториот и шестиот по големина статистички попис на областите и на 8 од 50 најнаселени градови во САД.

Калифорнија има разновидна клима и географија, како и мулти-културно население. Географијата на Калифорнија се протега од Тихиот Океан па се до планината Сиера Невада (Sierra Nevada) на исток, до областите од пустината Мохаве (Mojave Desert) на југозапад и боровите шуми Редвуд-Даглас (Redwood–Douglas) на северозапад. Во центарот на државата доминира Централната Долина (Central Valley), една од најпродуктивните земјоделски површини во светот. Калифорнија е држава која има најразновидна географија во САД и ја има највисоката (планината Витни - Mount Whitney) и најниската (Долината на Смртта - Death Valley) точка во Соединетите Американски Држави. Речиси 40% од територијата на Калифорнија е пошумена, што претставува голем дел за релативно сушна држава.

Името Калифорнија се однесува на голема површина од Северна Америка, вклучувајќи и голем дел од Југозападните Соединети Држави и полуостровот Долна Калифорнија. Почнувајќи од крајот на 18ти век, областа позната како Алта Калифорнија (Горна Калифорнија - или едноставно, она што е денес во југозападниот дел на САД, западно од преријата) била колонизирана од Шпанската Империја, како дел од Вицекралството Нова Шпанија. Во 1821 година, Мексико, вклучувајќи ја и Алта Калифорнија, станала првата Мексиканска Империја, најпрво управувана како монархија а потоа како република. Во 1846 година, група американски доселеници во Сонома ја прогласиле независноста на Република Калифорнија во Алта Калифорнија. Како резултат на Мексиканско-Американската војна, Мексико ја отстапи Алта Калифорнија на САД. Западните делови на Алта Калифорнија станаа државата Калифорнија, 31та држава примена во унијата на 9 септември 1850 година, додека пак источните делови беа доделени на различни територии на САД.

Во 19ти век, Калифорниската Златна Треска придонесе за драматичните социјални, економски и демографски промени во Калифорнија, со голем прилив на луѓе и економски бум што предизвика Сан Франциско да прерасне од селце со шатори во светски реномиран град. Клучните случувања во почетокот на 20тиот век ја вклучуваат појавата на Лос Анџелес како центар на американската забавна индустрија, како и растот на голем туристички сектор на државно ниво. Во прилог на просперитетната земјоделска индустрија во Калифорнија, други важни придонесувачи за економијата се и воздушната, нафтената и информатичката технологија. Доколку Калифорнија беше држава, би била рангирана помеѓу десетте најголеми економии во светот, со БДП сличен како оној на Италија. Би била 35та најнаселена држава.

Етимологија

Зборот Калифорнија најпрво се однесувал на целиот регион составен од она што е денес државата Калифорнија, плус цели или пак делови на Невада, Јута, Аризона и Вајоминг и мексиканскиот полуостров Долна Калифорнија.

Името Калифорнија се верува дека потекнува од измислениот рај населен од Црните Амазони, управуван од страна на Кралицата Калифија. Митот за Калифија е запишан во 1510 година, во “ Потфатот на Еспландиан”, напишан како продолжение на “ Амадис де Гола” од шпанскиот авантурист Граси Родригез де Монталво. Кралството на Кралицата Калифија или Калафија, според Монталво, било далечно кралство населено од грифини и други чудни ѕверови и било богато со злато.

“Знаевте ли дека во десната рака на Индите има еден остров наречен Калифорнија, многу блиску до тој дел на земскиот рај, населен од црни жени, без ниту еден маж помеѓу нив, кои живееле на сличен начин како Амазонките. Тие биле крупни, со слични и страствени срца и големи доблести. Самиот остров е еден од најдивите во светот поради дебелите и спилести карпи. Нивните оружја биле направени од злато. Островот насекаде изобилувал со злато и скапоцени камeња и освен нив, ниту еден друг метал не бил пронајден.”

Името Калифорнија е петто најстаро зачувано европско име за место во САД и бил употребуван за она што е денес јужниот врв на Долна Калифорнија како островот Калифорнија од страна на шпанската експедиција предводена од Диего де Бесера и Фортун Ксименез, кои пристигнале таму во 1533 година по налог на Хернандо Кортез.

Other Languages
Afrikaans: Kalifornië
Alemannisch: Kalifornien
አማርኛ: ካሊፎርኒያ
Ænglisc: California
العربية: كاليفورنيا
aragonés: California
arpetan: California
asturianu: California
Avañe'ẽ: California
Aymar aru: California suyu
azərbaycanca: Kaliforniya
Bân-lâm-gú: California
башҡортса: Калифорния
беларуская: Каліфорнія
беларуская (тарашкевіца)‎: Каліфорнія
Bikol Central: California
Bislama: Kalifornia
български: Калифорния
Boarisch: Kalifornien
bosanski: Kalifornija
brezhoneg: Kalifornia
буряад: Калифорни
català: Califòrnia
Чӑвашла: Калифорни
Cebuano: California
čeština: Kalifornie
Chavacano de Zamboanga: California
corsu: California
Cymraeg: Califfornia
davvisámegiella: Kalifornia
Deitsch: Kalifornie
Deutsch: Kalifornien
dolnoserbski: Kaliforniska
eesti: California
Ελληνικά: Καλιφόρνια
emiliàn e rumagnòl: Califòrgna
English: California
español: California
Esperanto: Kalifornio
euskara: Kalifornia
فارسی: کالیفرنیا
Fiji Hindi: California
føroyskt: Kalifornia
français: Californie
Frysk: Kalifornje
Gaeilge: California
Gaelg: California
Gagauz: Kaliforniya
Gàidhlig: Calafòrnia
galego: California
客家語/Hak-kâ-ngî: California
хальмг: Калифорния
Hawaiʻi: Kaleponi
Հայերեն: Կալիֆոռնիա
hornjoserbsce: Kaliforniska
hrvatski: Kalifornija
Ilokano: California
বিষ্ণুপ্রিয়া মণিপুরী: ক্যালিফোর্নিয়া
Bahasa Indonesia: California
interlingua: California
Interlingue: California
ᐃᓄᒃᑎᑐᑦ/inuktitut: ᑳᓖᐴᕐᓃᐊ
Iñupiak: California
isiZulu: California
íslenska: Kalifornía
italiano: California
עברית: קליפורניה
Basa Jawa: California
Kapampangan: California
къарачай-малкъар: Калифорния
ქართული: კალიფორნია
қазақша: Калифорния
kernowek: Kaliforni
Kiswahili: California
Kreyòl ayisyen: Kalifòni
kurdî: Kalîforniya
Кыргызча: Калифорния
кырык мары: Калифорни
Ladino: Kalifornia
لۊری شومالی: کاليفورنيا
Latina: California
latviešu: Kalifornija
Lëtzebuergesch: Kalifornien
lietuvių: Kalifornija
Ligure: California
Limburgs: Californië
la .lojban.: kalifornias
lumbaart: California
magyar: Kalifornia
Malagasy: Kalifornia
മലയാളം: കാലിഫോർണിയ
Māori: Karapōnia
მარგალური: კალიფორნია
مازِرونی: کالیفرنیا
Bahasa Melayu: California
Mìng-dĕ̤ng-ngṳ̄: California
монгол: Калифорни
Nāhuatl: California
Dorerin Naoero: California
Nederlands: Californië
Nedersaksies: Kalifornië
नेपाल भाषा: क्यालिफोर्निया
нохчийн: Калифорни
Nordfriisk: California
norsk: California
norsk nynorsk: California
occitan: Califòrnia
олык марий: Калифорний
oʻzbekcha/ўзбекча: Kaliforniya
Pangasinan: California
پنجابی: کیلیفورنیا
Papiamentu: California
Picard: Californie
Piemontèis: Califòrnia
Plattdüütsch: Kalifornien
polski: Kalifornia
português: Califórnia
Qaraqalpaqsha: Kaliforniya shtati
română: California
rumantsch: California
Runa Simi: California suyu
русский: Калифорния
саха тыла: Калифорния
Gagana Samoa: Kalefonia
संस्कृतम्: कालिफ़ोर्निया
Scots: Californie
Seeltersk: Kalifornien
shqip: Kalifornia
sicilianu: California
Simple English: California
slovenčina: Kalifornia
slovenščina: Kalifornija
ślůnski: Kaliforńijo
Soomaaliga: Kalifornia
српски / srpski: Калифорнија
srpskohrvatski / српскохрватски: Kalifornija
Basa Sunda: Kalifornia
suomi: Kalifornia
svenska: Kalifornien
Tagalog: California
Taqbaylit: Kalifurnya
татарча/tatarça: Калифорния (штат)
tetun: California
тоҷикӣ: Калифорния
Tsetsêhestâhese: California
Türkçe: Kaliforniya
українська: Каліфорнія
ئۇيغۇرچە / Uyghurche: Kaliforniye Shitati
vèneto: Całifornia
Tiếng Việt: California
Volapük: Kalifonän
Winaray: California
ייִדיש: קאליפארניע
Zazaki: Kaliforniya
Zeêuws: Californië
žemaitėška: Kalėfuornėjė
Kabɩyɛ: Kalɩfɔrnii
Lingua Franca Nova: California