Италија
English: Italy

Италијанска Република
Repubblica Italiana  (италијански)
Знаме Грб
ХимнаIl Canto degli Italiani  (италијански)
Песната на Италијанците

Италија  (dark green)

– во Europe  (light green и dark grey)
– во the European Union  (light green)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Рим
41°54′N 12°29′E / 41°54′N 12°29′E / 41.900; 12.483
Службен јазик италијански
Демоним Италијанец
Уредување Унитарна парламентарна уставна република
 •  Претседател Серџо Матарела
 •  Премиер Џузепе Конте
Формирање
 •  Обединување 17 март 1861 
 •  Република 2 јуни 1946 
пристапила во ЕУ 25 март 1957
Површина
 •  Вкупна 301.338 км2 (72ра)
 •  Вода (%) 2.4
Население
 •  проценка за 2015 г. 60,674,933[1] (23ма)
 •  Попис 2015 59,433,744[2] (23та)
 •  Густина 198.9 жит/км2 (63та)
БДП (ПКМ) проценка за 2014 г.
 •  Вкупен $1.848 трилиони[3] (12та)
 •  По жител $36,313[3] (37та)
БДП (номинален) проценка за 2014 г.
 •  Вкупно $2.220 трилиони[3] (12та)
 •  По жител $30,294[3] (26та)
Џиниев коеф. (2011)31.9[4]
среден
ИЧР (2013) 0.881[5]
многу висок · 25та
Валута Евро (€) (EUR)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .it
Повик. бр. 39

Италија (италијански: Italia, официјално Италијанска Република (италијански: Repubblica Italiana[6][7][8][9]) — држава во Европа која географски е сместена на Апенинскиот полуостров разграничена со Италијанските Алпи, опкружена со неколку острови. Се наоѓа во средината на Средоземното Море поради кое во голема мера има умерена сезонска и медитеранска клима. Земјата опфаќа површина од 301.340 км2 и има отворени копнени граници со Франција, Словенија, Австрија, Швајцарија и енклавските држави Ватикан и Сан Марино. Италија има територијална ексклава во Швајцарија (Кампионе) и морска ексклава во Туниското Море (Лампедуза и Линоза). Со околу 60 милиони жители, Италија е четвртата најнаселена земја членка на Европската Унија.

Поради својата централна географска местоположба во Јужна Европа и Медитеранот, Италија историски е дом на огромен број народи и култури. Освен различните древни народи расфрлани низ денешна Италија, најмногу доминантно се индоевропските народи кои на полуостровот му го дале името, почнувајќи од класичната ера, Феникијците и Картагинците основале колонии главно во островска Италија[10]. Грците основале населби во таканаречената Магна Грација во јужна Италија, додека Етрурците и Келтите живееле во централна и северна Италија, соодветно. Италијанското племе познато како Латини го формирале Римското Кралство во 8 век п.н.е., кое на крајот станало република. Римската Република првично ги освоила и ги асимилирала своите соседи на полуостровот, на крајот ги проширила и освоила делови од Европа, Северна Африка и Азија. До 1 век п.н.е., Римското Царство се појавило како доминантна сила во медитеранскиот басен и станало водечки културен, политички и религиозен центар на западната цивилизација, започнувајќи го Pax Romana, период од повеќе од 200 години, во кој италијанскиот закон, технологијата, економија, уметност и литература биле развиени[11][12]. Италија останала татковина на Римјаните, чие наследство може да се забележи и во глобалната дистрибуција на културата, владите, христијанството и латиницата.

Во текот на раниот среден век, Италија претрпела општествено-политички колапс и варварски инвазии, но до 11 век многубројни ривалски градови-држави и поморски републики, главно во северниот и централниот регион на Италија, доживеале голем просперитет преку трговијата и банкарството, поставувајќи ја основата за модерниот капитализам[13]. Овие главно независни држави служеле како главни трговски центри во Европа со Азија и Блискиот Исток, често уживајќи во поголем степен на демократија од поголемите феудални монархии кои се консолидирале низ цела Европа. Сепак, дел од централна Италија била под контрола на теократската Папска држава, додека јужната Италија останла во голема мера феудална до 19 век, делумно како резултат на византиското, арапското, норманското, арагонското освојување на регионот[14]. Ренесансата започнала во Италија и се проширила на остатокот од Европа, со што повторно се зголемил интересот за хуманизмот, науката, истражувањето и уметноста. Италијанската култура процветала и произвела познати научници, уметници. Во текот на средниот век, италијанските истражувачи откриле нови правци на Далечниот Исток и Новиот Свет, помагајќи ги Големите географски откритија. Сепак, комерцијалната и политичката моќ на Италија значително исчезнала со отворањето трговски патишта што го заобиколувале Медитеранот[15]. Понатаму, вековите на меѓусебната борба меѓу италијанските градски држави, како што се Италијанските војни од 15 и 16 век, го оставиле регионот фрагментиран и подоцна бил освоен и понатаму поделен од европските сили, како што се Франција, Шпанија и Австрија.

До средината на 19 век, зголемувањето на италијанскиот национализам и повикот за независност од странската контрола довело до период на револуционерни политички немири. По векови на странска доминација и политичка поделба, Италија била речиси целосно обединета во 1861 година, со што Кралството Италија станало голема сила[16]. Од крајот на 19 век до почетокот на 20 век, Италија брзо била индустријализирана, имено на север, и стекнала колонијално царство[17], додека југот останал во голема мера сиромашен и исклучен од индустријализацијата[18]. И покрај тоа што била една од главните победници во Првата светска војна, Италија влегла во период на економска криза и социјални превирања, што довело до појава на фашистичка диктатура во 1922 година. Учеството во Втората светска војна на страната на Сили на Оската завршило со воен пораз, економско уништување и италијанската граѓанска војна. По ослободувањето на Италија и зголемувањето на отпорот, земјата ја укинала монархијата, формирала демократска република и доживеала економски бум, станувајќи високо развиена земја[19].

Денес, Италија се смета за една од најпознатите културни и економски напредни земји во светот[19][20][21], со нејзино осмо економско рангирање по големина во светот и трето во Еврозоната по номинален БДП. Италија има шесто најголемо светско национално богатство, трета по големина златна резерва на Цнтралната банка и многу висок животен век. Земјата има истакната улога во регионалните и глобалните економски, воени, културни и дипломатски работи. Таа е и регионална сила[22][23] и голема сила[24][25], и е рангирана како осма најмоќна воена сила во светот. Италија е основач и водечка членка на Европската Унија и член на бројни меѓународни институции, вклучувајќи ги ООН, НАТО, ОЕЦД, ОБСЕ, СТО, Г-7, Г-20, Медитеранска Унија, Советот на Европа, Шенген зоната и многу други. Земјата во голема мера влијаела и придонесе за различни области, особено уметноста, музиката, литературата, филозофијата, науката и технологијата, модата, киното, кујната, спортот, како и судството, банкарството и бизнисот[26]. Како одраз на нејзиното културно богатство, Италија е дом на најголем број објекти вклучени во списокот на светско културно наследство, и е петта најпосетена земја.

Содржина

Other Languages
Acèh: Itali
Адыгэбзэ: Италэ
адыгабзэ: Италие
Afrikaans: Italië
Akan: Italy
Alemannisch: Italien
አማርኛ: ጣልያን
Ænglisc: Italia
Аҧсшәа: Италиа
العربية: إيطاليا
aragonés: Italia
ܐܪܡܝܐ: ܐܝܛܠܝܐ
armãneashti: Italia
arpetan: Étalia
অসমীয়া: ইটালী
asturianu: Italia
Avañe'ẽ: Itália
авар: Италия
Aymar aru: Italiya
azərbaycanca: İtaliya
تۆرکجه: ایتالیا
Bali: Italia
বাংলা: ইতালি
Bân-lâm-gú: Í-tāi-lī
Basa Banyumasan: Italia
башҡортса: Италия
беларуская: Італія
беларуская (тарашкевіца)‎: Італія
भोजपुरी: इटली
Bikol Central: Italya
Bislama: Itali
български: Италия
Boarisch: Italien
བོད་ཡིག: ཨི་ཏ་ལི།
bosanski: Italija
brezhoneg: Italia
буряад: Итали
català: Itàlia
Чӑвашла: Итали
Cebuano: Italya
čeština: Itálie
Chamoru: Italia
Chavacano de Zamboanga: Italia
Chi-Chewa: Italia
chiShona: Italy
chiTumbuka: Italy
corsu: Italia
Cymraeg: Yr Eidal
dansk: Italien
davvisámegiella: Itália
Deitsch: Idali
Deutsch: Italien
ދިވެހިބަސް: އިޓަލީވިލާތް
dolnoserbski: Italska
डोटेली: इटाली
ཇོང་ཁ: ཨྀཊ་ལི་
eesti: Itaalia
Ελληνικά: Ιταλία
emiliàn e rumagnòl: Itâglia
English: Italy
español: Italia
Esperanto: Italio
estremeñu: Italia
euskara: Italia
eʋegbe: Italy
فارسی: ایتالیا
Fiji Hindi: Italy
føroyskt: Italia
français: Italie
Frysk: Itaalje
Fulfulde: Italiya
furlan: Italie
Gaeilge: An Iodáil
Gaelg: Yn Iddaal
Gagauz: İtaliya
Gàidhlig: An Eadailt
galego: Italia
ГӀалгӀай: Итали
贛語: 意大利
Gĩkũyũ: Itari
ગુજરાતી: ઈટલી
𐌲𐌿𐍄𐌹𐍃𐌺: 𐌹𐍄𐌰𐌻𐌾𐌰
गोंयची कोंकणी / Gõychi Konknni: इटली
客家語/Hak-kâ-ngî: Yi-thai-li
한국어: 이탈리아
Hausa: Italiya
Hawaiʻi: ʻĪkālia
հայերեն: Իտալիա
Արեւմտահայերէն: Իտալիա
हिन्दी: इटली
hornjoserbsce: Italska
hrvatski: Italija
Ido: Italia
Igbo: Italy
Ilokano: Italia
বিষ্ণুপ্রিয়া মণিপুরী: ইতালি
Bahasa Indonesia: Italia
interlingua: Italia
Interlingue: Italia
ᐃᓄᒃᑎᑐᑦ/inuktitut: Italy
Ирон: Итали
isiXhosa: IItaly
isiZulu: ITaliya
íslenska: Ítalía
italiano: Italia
עברית: איטליה
Jawa: Itali
Kabɩyɛ: Itaalii
kalaallisut: Italia
ಕನ್ನಡ: ಇಟಲಿ
Kapampangan: Italya
къарачай-малкъар: Италия
ქართული: იტალია
kaszëbsczi: Italskô
қазақша: Италия
kernowek: Itali
Kinyarwanda: Ubutaliyani
Kirundi: Ubutariyano
Kiswahili: Italia
коми: Италия
Kongo: Italia
Kreyòl ayisyen: Itali
kurdî: Îtalya
Кыргызча: Италия
Ladino: Italia
لۊری شومالی: ایتالٛیا
latgaļu: Italeja
Latina: Italia
latviešu: Itālija
Lëtzebuergesch: Italien
лезги: Италия
lietuvių: Italija
Ligure: Italia
Limburgs: Italië
lingála: Italya
Lingua Franca Nova: Italia
Livvinkarjala: Itualii
la .lojban.: italias
Luganda: Yitale
lumbaart: Itàlia
magyar: Olaszország
मैथिली: इटाली
Malagasy: Italia
മലയാളം: ഇറ്റലി
Malti: Italja
Māori: Itāria
मराठी: इटली
მარგალური: იტალია
مصرى: ايطاليا
مازِرونی: ایتالیا
Bahasa Melayu: Itali
Minangkabau: Italia
Mìng-dĕ̤ng-ngṳ̄: É-dâi-lé
Mirandés: Eitália
мокшень: Италие
монгол: Итали
မြန်မာဘာသာ: အီတလီနိုင်ငံ
Nāhuatl: Italia
Dorerin Naoero: Itari
Na Vosa Vakaviti: Itali
Nederlands: Italië
Nedersaksies: Italiën
Nēhiyawēwin / ᓀᐦᐃᔭᐍᐏᐣ: ᐃᑕᓖ
नेपाली: इटाली
नेपाल भाषा: इटाली
日本語: イタリア
Napulitano: Italia
нохчийн: Итали
Nordfriisk: Itaalien
Norfuk / Pitkern: Italii
norsk: Italia
norsk nynorsk: Italia
Nouormand: Italie
Novial: Italia
occitan: Itàlia
олык марий: Италий
ଓଡ଼ିଆ: ଇଟାଲୀ
Oromoo: Xaaliyaanii
oʻzbekcha/ўзбекча: Italiya
ਪੰਜਾਬੀ: ਇਟਲੀ
पालि: इटली
Pälzisch: Italien
Pangasinan: Italia
پنجابی: اٹلی
Papiamentu: Italia
پښتو: اېټاليا
Patois: Itali
Перем Коми: Италья
ភាសាខ្មែរ: អ៊ីតាលី
Picard: Italie
Piemontèis: Italia
Tok Pisin: Itali
Plattdüütsch: Italien
polski: Włochy
Ποντιακά: Ιταλία
português: Itália
Qaraqalpaqsha: İtaliya
qırımtatarca: İtaliya
reo tahiti: ’Itāria
Ripoarisch: Italie
română: Italia
romani čhib: Italiya
rumantsch: Italia
Runa Simi: Italya
русиньскый: Італія
русский: Италия
саха тыла: Италия
ᱥᱟᱱᱛᱟᱲᱤ: ᱤᱴᱟᱞᱤ
Gagana Samoa: Italia
संस्कृतम्: इटली
Sängö: Italùii
sardu: Itàlia
Scots: Italy
Seeltersk: Italien
Sesotho: Ithali
Sesotho sa Leboa: Italia
Setswana: Italia
shqip: Italia
sicilianu: Italia
සිංහල: ඉතාලිය
Simple English: Italy
سنڌي: اٽلي
SiSwati: INtaliyane
slovenčina: Taliansko
slovenščina: Italija
словѣньскъ / ⰔⰎⰑⰂⰡⰐⰠⰔⰍⰟ: Їталїꙗ
ślůnski: Italijo
Soomaaliga: Talyaaniga
کوردی: ئیتالیا
Sranantongo: Italiyanikondre
српски / srpski: Италија
srpskohrvatski / српскохрватски: Italija
Sunda: Italia
suomi: Italia
svenska: Italien
Tagalog: Italya
தமிழ்: இத்தாலி
Taqbaylit: Ṭelyan
tarandíne: Itaglie
татарча/tatarça: Италия
తెలుగు: ఇటలీ
tetun: Itália
ትግርኛ: ጣልያን
тоҷикӣ: Итолиё
ᏣᎳᎩ: ᎢᏔᎵ
Tsetsêhestâhese: Italy
Tshivenda: Italy
ತುಳು: ಇಟಲಿ
Türkçe: İtalya
Türkmençe: Italiýa
Twi: Italy
тыва дыл: Италия
удмурт: Италия
ᨅᨔ ᨕᨘᨁᨗ: Italia
українська: Італія
اردو: اطالیہ
ئۇيغۇرچە / Uyghurche: ئىتالىيە
Vahcuengh: Eiqdaihleih
vèneto: Itałia
vepsän kel’: Italii
Tiếng Việt: Ý
Volapük: Litaliyän
Võro: Itaalia
walon: Itåleye
文言: 義大利
West-Vlams: Itoalië
Winaray: Italya
Wolof: Itaali
吴语: 意大利
Xitsonga: Ithali
ייִדיש: איטאליע
Yorùbá: Itálíà
粵語: 意大利
Zazaki: İtalya
Zeêuws: Itâlië
žemaitėška: Italėjė
中文: 意大利