Ирански календар

Ирански календар (персиски: سالنمای هجری خورشیدی), познат и како Персиски или Џалалов календар, соларен календар кој денес се користи во Иран и во Авганистан. Почнува секоја година на пролетна рамнодневница прецизно одрена со астрономски набљудувања од Техеран (околу 52,5° ИГД, по кој е определено и Иранското стандардно време) и на Кабул, што го прави попрецизен од грегоријанскиот календар, но и потешко е да се определи кога ќе биде некој одреден датум.Календарот е воведен во селџучкиот султан Џалал ел Дин Малик шах I на 15 март 1079 година, врз основа на препорака од комитетот на астрономи, помеѓу кои бил и Омар Хајам, во царската опсерваторија во приестолнината Исфахан.[1] Календарот поседувал најпрецизно пресметана соларна година во тоа време, пресметувања на месеците се базирале врз поминувањето на Сонцето низ хороскопот, со што се интегрирани идеите од Сурија сидханта (Индија од 4 век од н. е.). Од 1258 година биле вклучени и некои идеи од Кинеско-ујгурскиот календар. Календарот бил во употреба осум векови во непроменета состојба, се додека не е ревидиран во 1925 година, со повелбата на иранскиот Меџлис за да би имал поправилни должини на месеците.

  • Наводи

Наводи


Other Languages
العربية: تقويم إيراني
asturianu: Calendariu persa
беларуская (тарашкевіца)‎: Іранскі каляндар
brezhoneg: Deiziadur pers
Esperanto: Persa kalendaro
Bahasa Indonesia: Kalender Iran
Basa Jawa: Tanggalan Iran
Nederlands: Iraanse kalender
norsk nynorsk: Den iranske kalenderen
oʻzbekcha/ўзбекча: Eroniy taqvim
português: Calendário persa
Simple English: Persian calendar
српски / srpski: Ирански календар
srpskohrvatski / српскохрватски: Iranski kalendar
Basa Sunda: Kalénder Iran
татарча/tatarça: Шәмси тәкъвим
Tiếng Việt: Lịch Iran