Инерција

Тег на конец (Опит на Тисандие), со кој се покажува инерцијата на едно тело. Доколку конецот го повлечеме наеднаш, паѓа само долниот конец, а тегот останува да виси поради неговата инертност. Но доколку го повлечеме истиот конец побавно, тогаш паѓа целиот склоп.
Опитот е изведен од проф. Оливер Зајков. Институт за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Инерција (тромавост) — една од основните особини на сите тела во вселената што поседуваат маса, односно масата е мерка за инертноста на физичките тела. Се опишува како отпор на секое физичко тело да ја смени состојбата од мирување во движење , или обратно , од движење во мирување. Ова својство се манифестира како спротиставување на телата на промената на состојбата на нивното движење, што е опишано со Првиот Њутнов закон (закон за инерција).

Во основа, за на телото да му се промени интензитетот, правецот или насоката на неговата брзина, на тоа тело мора да дејствува сила. Треба да се забележи дека за промена на насоката на движењето не е потребна и промена на интензитетот (модулот) на брзината.

Инерцијални сили

Спротиставувањето на промената на состојбата на движење се манифестира со појавата на инерцијална сила која дејствува во неинерцијален референтен систем цврсто врзан за самото тело (во системот во кој телото мирува). Бидејќи во овој систем забрзувањето (промената на брзината) не се запазува, ова спротиставување се појавува како сила која дејствува без видлива причина или извор, па затоа се нарекува и фиктивна или инерцијална сила. Наједноставен и најпознат пример за ова е возењето во автомобил кој ја менува својата брзина (забрзува, успорува или ја менува насоката на брзината). Како што ни е добро познато од искуството, за време на забрзувањето при возењето, седиштето го притиска нашиот грб, како нешто да не влече назад, додека при успорувањето продолжуваме со движење кон ветробранското стакло, како нешто да не влече кон напред. Ефектот е уште поизразен доколку е поголема масата на телото и/или промената на брзината во единица време, односно при забрзување.

Векторот на инерцијалните сили секогаш е насочен во спротивна насока од векторот на забрзување на неинерцијалниот систем во кој ги забележуваме, а интензитетот се определува по формулата . По својата природа, инерцијалните сили се масени (волуменски) сили (за разлика од контактните). Таквите сили го опфаќаат телото со целата негова маса (волумен), бидејќи дејствуваат на секоја негова честица; во суштина, начинот на дејствување на инерцијалните сили по ништо не се разликува од гравитациските сили, освен по тоа што имаат различни причинители. Оваа нивна особина, Алберт Ајнштајн ја искористил за формулирање на својот принцип на еквивалентност на инерцијалните и гравитациските сили, кој претставува една од основите на неговата општа теорија на релативност. Некои инерцијални сили се од посебно значење во анализата на движењето, па затоа имаат и посебно име, на пример, центрифугална сила, Кориолисова сила и тн.

Other Languages
አማርኛ: ግዑዝነት
العربية: قصور ذاتي
asturianu: Inercia
azərbaycanca: Ətalət
বাংলা: জড়তা
беларуская: Інерцыя
български: Инертност
bosanski: Inercija
català: Inèrcia
čeština: Setrvačnost
Cymraeg: Inertia
dansk: Inerti
Deutsch: Trägheit
eesti: Inerts
Ελληνικά: Αδράνεια
English: Inertia
español: Inercia
Esperanto: Inercio
euskara: Inertzia
فارسی: لختی
français: Inertie
Gaeilge: Táimhe
한국어: 관성
հայերեն: Իներցիա
हिन्दी: जड़त्व
hrvatski: Tromost
Bahasa Indonesia: Inersia
íslenska: Tregða
italiano: Inerzia
עברית: התמד
ಕನ್ನಡ: ಜಡತ್ವ
ქართული: ინერცია
қазақша: Инерция
Kiswahili: Inesha
Kreyòl ayisyen: Inèsi
Latina: Inertia
latviešu: Inerce
മലയാളം: ജഡത്വം
Bahasa Melayu: Inersia
Nederlands: Traagheid
नेपाली: इनर्सिया
日本語: 慣性
norsk: Treghet
norsk nynorsk: Tregleik
Novial: Inertia
occitan: Inercia
ਪੰਜਾਬੀ: ਇਨਰਸ਼ੀਆ
português: Inércia
русский: Инерция
Simple English: Inertia
slovenčina: Zotrvačnosť
slovenščina: Vztrajnost
کوردی: ئینێرشیا
српски / srpski: Инерција
srpskohrvatski / српскохрватски: Tromost
suomi: Hitaus
svenska: Tröghet
Tagalog: Tigal
தமிழ்: நிலைமம்
Türkçe: Eylemsizlik
українська: Інерція
Tiếng Việt: Quán tính
Winaray: Anduroy
吴语: 惯性
中文: 慣性