Имунитет |
Имунитетот е способност на
Главните делови на
Моноклоналните антитела се користат за дијагноза на малигните тумори, за следење на болеста после терапијата, но се користат и во третман на некои малигни болести. Во терапијата се употребуваат самостојно, или се врзани за токсини, радиоизотопи или цитостатици, со цел да се зголеми нивната антитуморска активност. Предноста на терапијата со моноклонални антитела е во нивното селективно дејствување на туморското ткиво и минималната токсичност. Проблеми кои сеуште ја ограничуваат нивната поширока примена се:
Голем проблем е НАМА – фемомонот (human anti-mouse antibodies), односно создавање на антитела против имунизираните глувчешки клетки, од кои се добиваат моноклоналните антитела. Тие антитела ги инактивираат инектираните моноклонални антитела. Продукцијата на НАМА е ублажена со произведување на рекомбинирани моноклонални антитела, кои имаат хумани антитела и глувчешки антитела во имуноглобулинот.
Во клиничка употреба, засега најефикасно дејство има Rituximab, моноклонално антитело кое се користи во третманот на не-Хочкин лимфомите од Б-типот. Тој се врзува за антигенот CD20 на мембраната на незрелите или зрелите Б-клетки, како и за клеките на лимфомот.
CD (cluster of differentiation) претставуваат „обележувачи“ т.е. антигенски молекули кои се наоѓаат на површината на лимфоцитите. Rituximab ја активира апоптозата (програмираната смрт на клетките), го спречува размножувањето на малигните клетки, и ја згомелува осетливоста на туморските клетки кон цитостатиците.
Кај пациентите со не-Хочкин лимфом, терапијата со Mabthera дава тераписки одговор кај 50% од пациентие, кои биле претходно лекувани со интензивна терапија и кои не дале одговор на истата. При лекување на релапс на болеста, исто така, се постигнува тераписки одговор кај 44 % од пациетите. Терапијата со Mabthera може да се користи истовремено со цитостатската терапија, при што терапискиот одговор е дури 95%.
Несаканите ефекти од терапијата со моноклоналните антитела се: покачена телесна температура, треска, гадење, општа слабост и малаксаност. Овие несакани ефекти се јавуваат на почетокот на терапијата и постепено исчезнуваат.
Моноклоналните антитела може да се врзат со токсини од растително потекло (рицин и други), со бактериски токсини (токсини од corinebacterium diphteriae, pseudomonas aeruginosa), со цитостатици (doxorubicin) или со радиактивни изотопи (радиоактивен јод Ј-131 и радиоактивен итриум Y-90).
Целта на врзувањето на моноклоналното антитело со радиактивен изотоп е да комплексот антитело-изотоп, вRзувајќи се за антиген позитивната туморска клеткa, ги озрачи и соседните антиген - негативни клетки. Засега, изотоп кој најмногу ветува е итриум-90 поради неговите поволни физикални својства. Тој е бета емитер со просечна продорност на зраците од 6 mm.