Излачување

Излачување (екскреција) — процес при кој се отстрануваат штетните или непотребни материи, наречени лачевиниили екскрети надвор од организмот. Растенијата и животните се сосема различни во поглед на тоа како ги третираат екскретите и како ги излачуваат. Органските материи во клетката постојано се разложуваат во присуство на кислород, при што се добива јаглерод диоксид, енергија, вода и штетни материи, кои ако не се отстранат од организмот можат да предизвикаат труење. Такви материи се разни соли растворени во вода, мочна киселина, урејата, амонијакот и други. Овие материи ја сочинуваат мочта. Отстранувањето на штетните материи и водата (мочта) од организмот се вика лачење. Органите преку кои се исфрла мочта се викаат органи за излачување.

Органи за излачување кај безрбетници

  • Кај парамециумот непотребните материи што се создаваат при варењето, се исфрлаат преку целото тело, преку порите на клеточна мембрана или преку контрактилни вакуоли. Вакуолите имаат ѕвездовидна форма. Преку каналчињата на вакуолата во неа однадвор навлегува и излегува водата. На тој начин постојано се врши полнење и празнење на вакуолата, и исфрлање на непотребните материи. Поради тоа оваа вакуола е наречена уште и пулсативна вакуола.
  • Кај планаријата излачувањето се врши преку ситни собирни каналчиња кои се влеваат во два главни странични изводни канали, кои преку пори, ги излачуваат штетните материи од телото.
  • Кај прстенести црви излачувањето се врши преку мали парни цевчиња со отвори од страната на телото. Овие цевчиња се наречени левкасти цевчиња ( малпигиеви). Цевчињата на почетниот дел се проширени и имаат трепки. Трепките ја тераат водата и штетните материи да влегуваат во цевчето, бидејќи треперат навнатре.
  • Кај членконогите во телесната празнина (мешето) има систем од цевки за излачување, наречени малпигиеви садови. Преку малпигиевите цевчиња мочта се влева во задното црево и заедно со изметот се исфрла надвор.
  • Мекотелите имаат органи за излачување - бубрези. Бубрезите се изградени од каналчиња кои на почетниот дел се проширени во вид на инка со трепки. Сите каналчињата завршуваат со еден заеднички отвор кој се наоѓа меѓу стопалото и трупот.
Other Languages
العربية: إخراج (فسلجة)
asturianu: Escreción
বাংলা: রেচন
Bân-lâm-gú: Pâi-siat
български: Отделяне
bosanski: Izlučivanje
català: Excreció
čeština: Vylučování
Cymraeg: Ysgarthu
Deutsch: Exkretion
Ελληνικά: Απέκκριση
English: Excretion
español: Excreción
euskara: Iraizketa
فارسی: دفع
français: Excrétion
galego: Excreción
한국어: 배설
हिन्दी: उत्सर्जन
hrvatski: Izlučivanje
Bahasa Indonesia: Ekskresi
íslenska: Þveiti
italiano: Escrezione
Basa Jawa: Èkskrèsi
Kapampangan: Excretion
Bahasa Melayu: Perkumuhan
Nederlands: Excretie
नेपाली: उत्सर्जन
日本語: 排泄
norsk: Ekskresjon
oʻzbekcha/ўзбекча: Chiqarish sistemasi
polski: Wydalanie
português: Excreção
română: Excreție
Scots: Excretion
Simple English: Excretion
srpskohrvatski / српскохрватски: Izlučivanje
suomi: Erite
svenska: Exkretion
Tagalog: Ekskresyon
தமிழ்: கழிப்பு
తెలుగు: విసర్జన
Türkçe: Boşaltım
українська: Виділення
中文: 排泄作用