Злато (хералдика)

Златна боја на штит

Во хералдиката, златото (скратено З) [1]; (меѓународен француски назив „or“) е боја на злато и, заедно со среброто (argent), ја сочинува класата на светли бои наречена „метали“. На гравури, по пат на штрафирање, златото се претставува со рамномерно распределени точки. [2] Оваа боја многу често стои прикажана како жолта, иако во многу илустрирани ракописи и пораскошни грбовници за ова е користен златен лист.

Златото во хералдиката се смета дека ги симболизира следниве нешта:

  • Од драгите камења, топазот
  • Од небесните тела, Сонцето
  • Од металите, златото
  • Од доблестите, Верата [3] или покорноста и отменоста [4]

Поврзано

Other Languages