Жаброноги

Жаброноги
Triops longicaudatus.jpg
Triops, познат грбочерупкар (Notostraca)
Научна класификација
Царство:Животни
Колено:Членконоги
Потколено:Ракови
Класа:Жаброноги
Latreille, 1817
Редови
  • Поткласа Sarsostraca
    Anostraca
  • Поткласа Phyllopoda
    Lipostraca†
    Notostraca
    Инфракласа Diplostraca
    Laevicaudata
    Spinicaudata
    Cyclestherida
    Cladocera

Жаброноги (науч. Branchiopoda) — група на примитивни и првенствено слатководни ракови. Постојат преку 900 познати видови. Неколку од нив се добро познати, вклучувајќи ја Artemia и Daphnia, бидејќи и двете се одгледуваат како аквариумска храна или се користат во научни цели. Иако името Branchiopoda е слично по звучност и пишување на Brachiopoda (раменоноги), овие две групи на животни не треба да се мешаат.

Во постарите класификации, надредот Diplostraca се состоел од двата реда − Conchostraca и Cladocera. Меѓутоа, според поновите истражувања, овие редови би можеле да се вештачки, бидејќи некои од нивните членови имаат парафилетско потекло во рамките на Diplostraca. Поради ова, редот Conchostraca повеќе не е во употреба.

Иако неколку видови на водни болви се адаптирале за живот во море, овие ракови се претежно слатководни. Најстариот познат вид (фосил) е стар 500 милиони години и се нарекува Rehbachiella kinnekullensis. За бесчерупкарите (Anostraca) исто така се смета дека се едни од најпримитивните членови на оваа класа. Заедничка карактеристика за жаброногите е вентралната хранителна бразда, која се користи за суспензија и филтерно исхранување. Струењето на водата во оваа бразда, кое има респираторна и нутритивна улога кај повеќето видови, се предизвикува со треперењето на неколку пара неспецијализирани екстремитети. Ова се смета за најпримитивниот начин на живот помеѓу раковите.

Основни одлики

Eubranchipus grubii од Anostraca.

Својствена одлика за жаброногите е присуството на зарамнети листовидни стомачни телесни додатоци (екстремитети) за кои се прикачени жабрите (оттука името). Овие додатоци имаат и влакненца за филтрирање на храната од водата, а кај некои групи се користат при пливањето. Меѓутоа, кај многу жаброноги ракови, пропулзијата низ водата доаѓа од долгиот втор пар на антени.[1]

Бројот на градните сегменти варира од вид до вид.

Градбата на репродуктивниот, нервниот и циркулаторниот систем е примитивна во споредба со другите ракови. Некои жаброноги поседуваат мала количина на хемоглобин во својата крв, но ова зависи од количината на кислород во водата, така што респираторниот пигмент исчезнува кога животното е сместено во добро оксигенирана вода, а се враќа во стоечка вода. Срцето е цевчесто или вреќесто, додека аортата е единствениот крвен сад. Крвта циркулира слободно низ телото. Азотните екскрети се излачуваат преку магзиларните жлезди.

Речиси сите жаброноги се слободноживеачки, иако постојат и неколку ектопаразитски видови.

Женката ги носи со себе своите јајца некое време по оплодувањето, и тоа обично под карапаксот или во торбичка која потекнува од матката. Јајцата се изведуваат во малечки верзии на возрасната единка, без слободноживеачки ларвен стадиум. Некои видови се делумно или целосно партеногенетски.

Other Languages
asturianu: Branchiopoda
azərbaycanca: Ayaqqəlsəməlilər
беларуская: Жабраногія
Cebuano: Branchiopoda
čeština: Lupenonožci
English: Branchiopoda
español: Branchiopoda
Esperanto: Brankiopodoj
euskara: Branchiopoda
français: Branchiopodes
Gaeilge: Branchiopoda
한국어: 새각류
हिन्दी: क्लोमपाद
hrvatski: Škrgonošci
Bahasa Indonesia: Branchiopoda
interlingua: Branchiopoda
italiano: Branchiopoda
Basa Jawa: Branchiopoda
latviešu: Žaunkājvēži
lietuvių: Žiaunakojai
Limburgs: Kiewpuuetige
Bahasa Melayu: Brankiopoda
Nederlands: Branchiopoda
日本語: 鰓脚綱
norsk nynorsk: Bladfotkreps
polski: Skrzelonogi
português: Branchiopoda
română: Branhiopode
русский: Жаброногие
Simple English: Branchiopoda
slovenčina: Lupeňonôžky
slovenščina: Branchiopoda
svenska: Bladfotingar
українська: Зяброногі раки
Tiếng Việt: Lớp Chân mang
Winaray: Branchiopoda
中文: 鰓足綱