Ерл Греј

Ерл Греј
Earl Gray tea
Earl grey refus.jpg
Тип: Црн, Зелен, Бел
Други називи: нема
Потекло: веројатно Индија
Краток опис: Остар и ароматичен со релативно темна боја.

Ерл Греј ( англ. Earl Grey tea) — мешан чај со карактеристичен вкус и арома добиени од додаденото масло од кората на бергамот, ароматичен агрум.

Порано поимот „Ерл Греј“ важел само за црн чај, но денес важи и за зелени и бели чаеви кои содржат бергамотово масло.

Историја

Пакување на чај Ерл Греј од „ Твинингс

Мешавината Ерл Греј е наречена по Вториот Ерл Греј, британски премиер во 1830-тите, кој добил на подарок, веројатно како дипломатска компензација, чај збогаен со бергамотово масло. Според преданието ова бил подарок на некој благодарен кинески мандарин (функционер) чиј син бил спасен од давење од луѓето на ерлот, иако оваа мешавина била за прв пат добиена од ферментиран црн индиски и „Цејлонски“ ( шриланкански) чаеви. Бидејќи во Кина зелениот чај е многу попопуларен од црниот, изгледа малку веројатно дека тие би имале ваква мешавина за да ја даруваат на посетители. Покрај ерлот Греј никогаш нема стапнато во Кина. Друга верзија на приказната е дека слугите на ерлот спасиле син на индиски раџа од тигар.

Чајот станал толку популарен кај премиерот и неговите посетители, што фирмата Твинингс добила мостра и од нив било побарано да направат чај најсличен на него. Одтогаш овој чај се појавил на пазарот. Чајот Ерл Греј содржи кинески чај, индиски Дарџилинг, цејлонски чај, и малку Лапсанг сучонг, силен, „чаден“ црн чај. Чајот обично се пие црн (без млеко), но прифатливо е да му се додаде малку.

Џексонс од Пикадили тврдат дека тие се создателите на марката Ерл Греј. Според нив премиерот Греј му ја дал рецептата на Џорџ Чарлтон од таа фирма, во 1830; според Џексонс оваа рецепта одтогаш, па до денес е во постоајно производство и никогаш ја немаат дадено никому. Нивниот Ерл Греј се базира на кинески чај уште од почетокот. Ова соперништво помеѓу двата производитела продолжува, иако сега се во иста сопственост.

Other Languages
العربية: شاي إيرل غراي
azərbaycanca: Erl Qrey çayı
български: Ърл Грей
català: Earl Grey
čeština: Earl Grey
Cymraeg: Te Earl Grey
dansk: Earl Grey
English: Earl Grey tea
español: Earl Grey
français: Earl Grey
한국어: 얼 그레이
Հայերեն: Էրլ Գրեյ
Bahasa Indonesia: Earl Grey
íslenska: Earl Grey (te)
italiano: Earl Grey
magyar: Earl Grey
Nederlands: Earl grey
norsk: Earl Grey
norsk nynorsk: Earl Grey
Plattdüütsch: Earl Grey (Tee)
polski: Earl Grey
português: Earl Grey
русский: Эрл Грей
Simple English: Earl Grey tea
svenska: Earl Grey
українська: Ерл Грей (чай)
粵語: 伯爵茶