Единствена назнака за состојки

Единствена назнака за состојки (англиски: Unique Ingredient Identifier, UNII) — систем на азбучнобројчени назнаки на Системот за заведување на супстанции (SRS) во надлежност на Управата за храна и лекови (FDA) и Фармакопејата на САД (USP).

Системот им дава трајни и единствени назнаки на супстанциите во производи како лекови и биолошки преработки. За секоја супстанција има запис со опис на молекуларната структура, претставена на дведимензионална рамнина. Во случаите кајшто отсуствува молекуларна структура (на пр. ботанички материи), UNII е определен со описни информации.[1]

Со системот раководи посебен одбор од членови на управата и фармакопејата.[2]

Примери

Назив UNII
Метадон хидрохлорид 229809935B
Метадон UC6VBE7V1Z
Вода 059QF0KO0R
Other Languages