Египет

Арапска Република Египет
جمهوريّة مصرالعربيّة
ЗнамеГрб
ХимнаБилади, билади, билади
Земјо, земјо, земјо

Главен град
(и најголем)
Каиро
 / 
Службен јазикарапски1
Народности 99% Египјани, 0,3% Нубиjци, 0,7% Грци
ДемонимЕгипќани
УредувањеПретседателска република
 • ПретседателАбдел Фатах ел-Сиси
 • ПремиерИбрахим Махлаб
Утврдување
 • Прва династијаОколу 3150 п.н.е. 
 • Независност од Обединетото Кралство28 февруари 1922 
 • Прогласена за република18 јуни 1953 
Површина
 • Вкупна (30)
 • Вода (%)0,632
Население
 • проценка за 2013 г.84,550,000[1] (15)
 • Густина84 жит/км2 (126)
БДП (ПКМ)проценка за 2013 г.
 • Вкупен$559.843 билиони[2] 
 • По жител$6,652[2] 
БДП (номинален)проценка за 2013 г.
 • Вкупно$264.701 билиони [2] 
 • По жител$3,146[2] 
Џиниев коеф. (2008)30.8[3]
среден
ИЧР (2013) 0.682[4]
среден · 110та
ВалутаЕгипетска фунта (EGP)
Часовен појасИЕВ (UTC+2)
 • (ЛСВ)ИЕЛВ (UTC+3)
Се вози надесно
НДД.eg
Повик. бр.20
1.Зборувана варијанта е Египетски арапски јазик.

Египет арапски: مِصر, Миср; египетски арапски: مَصر, Маср) — држава во североисточна Африка и југозападна Азија.

Покривајќи површина од околу 1.020.000 км² Египет го вклучува Синајскиот Полуостров (кој обично се смета за дел на југозападна Азија), додека поголемиот дел од земјата се наоѓа во Северна Африка. Египет се граничи со Либија на запад, Судан на југ, Израел на североисток. На север излегува на Средоземно Море, а на југ на Црвено Море. Мнозинството во Египет ги населува бреговите на реката Нил (околу 40.000 км²). Големи делови од земјата се дел од пустината Сахара и се многу ретко населени. Главен град на Египет е Каиро. Има околу 75.000.000 жители.

Историја

Праисторија

Древниот Египет претставува многувековна држава, која се наоѓала во североисточна Африка, по долниот тек на реката Нил. Се смета дека во Египет имало населување на човекот дури пред 250.000 години. Во текот на 4000 година п.н.е. од многу мали територијални единици – номи, биле создадени две големи империи - Горен и Долен Египет со главни градови Ераконопол и Буто. Успехот за создавањето и обединувањето на државата се припишува на управникот на Горен Египет - Менес. Во времето на неговото владеење ( 3100 п.н.е.), главен град станал Мемфис, кој се наоѓал во јужниот дел на реката Нил. Првите споменици, кои се напишани со египетски хиероглифи се однесуваат кон крајот на четвртото и почетокот на третото илјадалетие п.н.е.

Стар Египет

Во периодот помеѓу XXVIII - XXIII век п. н. е. се формирала т.н. древно-египетската цивилизација. Единството на древниот Египет се однесувало во господарството на фараонот кој имал неограничена власт низ целата држава. Фараонот бил глава на митот кон сите богови во древниот Египет при што и самиот тој бил сметан за бог. Тоа тврдење најмногу доаѓа до израз при градењето на пирамидите за кои се смета дека всушност биле гробници на фараоните како Џосер, Снофер, Кеопс (Хуфу), Кефрен (Хафра) и Микерин (Менкаур). Исто така многу нараснал и култот кон богот на сонцето Амон Ра, а фараоните се нарекувале дека се негови синови.

Во текот на XXIII-XXI век древниот Египет се распаднал на множество номови (деловни единици). Новото државно обединување на древниот Египет започнало со нараснувањето на силите на номарсите на Хераклеопол (во Среден Египет). Тиванскиот фараон Ментухотеп I станал владетел на обединетиот Египет. Во текот на XXI-XVIII век за покровител на фараоните бил објавен богот Амон. Аменемхет I ја преместил престолнината од Тива во Итауи и по само неколку години повторно се распаднал обединетиот Египет. Во текот на XVIII-XVI век Древниот Египет бил заземен од страна на азиските Хиксоси, кои со презимањето на власта на Долен Египет си создале свој град со име Аварис и кој всушност станал и главен град во источниот дел на делтата на реката Нил. Ослободувањето на земјата му успева на Јахмос I. Во време на владеењето на Аменхотеп III, древниот Египет го достигнал своето величество. Од провинциите во Азија, древниот Египет добивал како даноци мед, олово, сребро, животни, вино, слонова коска и слично. Од државата Пунт пак, каде царицата Хатшепсут испраќала експедиција, во древниот Египет пристига исто така голема „помош“. Овде бил воздигнат и новиот сончев бог Атон, каде поради негова чест била основана нова престолнина - Ахетатон. По смртта на Ехнатон, престолнината била вратена во Тива во 1335 година п.н.е.

Кон 1290 г. п.н.е., фараонот Рамзес II повторно ја зајакнал моќта на Египет. Водел големи борби со Хетите и нивните сириски сојузници. Главен град во времето на владеење на овој фараон станува Пер-Рамзес. Во 945 година п.н.е либискиот военоначалник Шешонк I се прогласил за фараон, а за своја престолнина го избрал градот Бубастис во делтата на Нил. Тој го презел Ерусалим и го ограбил. Во 671 г. п.н.е. асирската војска на Асархаддон го презема и го ограбува Мемфис.

Во 667 г. и 663 г. п. н. е. Асирците ја преземаат Тива. Псаметих I успева повторно да го обедини Египет. Во времето на Нехо II, син на Псаметих I, бил направен канал, кој го поврзувал Нил со Црвеното Море.

Македонско владеење

Во текот на 332 г. п.н.е. во Египет навлегла војската на Александар Македонски и државата станала дел од неговата империја. По распадот на неговата империја, Египет потпаднал под власт на Птоломеј I Сотир — основачот на македонската династија на Птолемаидите (305-30 г. п.н.е.). Главен град станал Александрија. За време на управувањето на царицата Клеопатра, последна од династијата на Птоломеите, Египет се вовлекол во политички борби со Рим.

Римско владеење

Кралицата Клеопатра VII и нејзиниот син Птоломеј XV Цезарион во храмот кај Дендера

Римското владеење на Египет започнало во 30 п.н.е. година, каде последната кралица Клеопатра извршила самоубиство како последен владетел од династијата на Птоломеите. Првиот римски император, Октавијан Август, Египет го престроил во посебна провинција со кој управувал префект лично поставен од императорот, додека пак членовите на сенаторскиот сталеж им бил забранет влез во земјата без претходно одобрување. Во времето на римското владеење, Египет била најбогатата провинција од сите останати римски провинции. Освојувањето на Египет по текот на Црвено море се случило во времето на Клавдиј (4154), додека пак Адријан (117138) го посетил Египет на два пати. По кризата во III век, Египет за мал период станал дел од Зенобиската империја, но во 298 година Диоклецијан го вратил Египет и го поделил на три провинции. По разрушувањето на Ерусалим во 70 година, градот Александрија станал еден од најголемите едукативни еврејски центри во дијаспората. Од II век, Александрија станала и важен христијански центар, каде според легендата и евангелието, била основана епископијата од страна на Свети Марко. Најзначајни александриски теолози од тоа време се Климент Александриски, Ориген и други. По 324 година, кога Константин Велики го обединил царството под своја контрола, завршило и прогонувањето на христијанските верници.

Византиско владеење

Во времето на Византиската империја, престолнина на царството станал градот Константинопол (денес Истанбул). Така, испораката на житото се преусмерила од Рим кон Константинопол. По смртта на Теодосиј I во 395 година, Римската империја била поделена на два дела, по кое Египет припаднал на Источното Римско царство или Византија. Христијанизацијата на Римската империја напредувала постепено. Теодосиј во 391 година започнал да налага антипагански закони. Во негово време бил уништен храмот посветен на богот Серапис во Александрија. Во тоа време се појавило учењето на Ариј или аријанство. Тоа како ерес било осудено во 324 година на Првиот вселенски собор во Никеја. И покрај тоа, ова учење било во голема мера зачувано во земјата, се до крајот на IV век. Во тој период, како најголем бранител на никејскиот симбол на верата се истакнува Свети Анастасиј, епископ на Александрија, каде Александрија станал голем град-центар на христијанството. По Четвртиот вселенски собор се формирала Египетска коптска црква.[5]

Персиско владеење

Персиското освојување на Египет се случило во 618 година. Иако императорот Ираклиј успеал да ги прогони Персијците во 629 година, сепак следниот напад не бил доволен да се зачува земјата. Во периодот од 623-642 година, Египет бил освоен од страна на Арапите, кои го донеле исламот и арапскиот јазик. Со земјата во почетокот владееле намесниците на калифите. Во текот на IX век, силата на Адасидите од Багдад ослабнала, па земјата била раководена од страна на династија Тулунида (868905) и династија Ихшидида (935969). Во 969 година Египет бил освоен од страна на династијата на Фатимидите, кои биле шиити. Градот Каиро станал пресолнина на нивната земја во 973 година. Во 1099 година, во текот на првата крстоносна војна паднал градот Ерусалим во рацете на христијаните. Владетелот на фатимидите, Саладин, во 1168 година ги започнал своите војни против крстоносците. Не само што постигнал големи успеси против христијанската војска, туку Саладин го симнал од власт на последниот фатимидски владетел, повторно го воведел сунитскиот ислам и се прогласил за султан во 1175 година. Во следните векови, Египет бил на неколку пати напаѓан од страна на крстоносците, но безуспешно. Во 1250 година власта преминала во рацете на Мамлуците, кои во 1277 година ја зазеле Арка истерувајќи ги крстоносците од Светата Земја.

Османлиско и британско владеење

Египет под власта на Османлиската империја се нашол во 1517 година, во времето на Селим II. Значењето на Египет за Отоманците било економско и стратешко.[6] [6] Приходите од порезот на земјата, царината за морските и речните патишта биле користени за финансирање на војската. Градот Каиро станал голем центар во рамките на империјата. Во текот на XVIII век, Египет започнал со своите акции за добивање на автономија. Во 1798 година земјата била заземена од страна на Наполеопн Бонапарта. Сепак, Французите се повлекле во 1801 година. Во 1854 година Франција добила концесија за изградба на Суецкиот канал, отворен во 1869 година. Поради големите трошоци, египетскиот кедив бил принуден каналот да го продаде на Обединетото Кралство. Поради големото незадоволство, во 1879 година на чело со Ахмед Ураби, било формирано првото национално движење. Во 1882 година тој станал претседатењл на владата. Плашејќи се од губењето на контролата на каналот, Франција и Обединетото Кралство извршиле воена интервенција врз египетската војска.

По Првата светска војна, Османлиите конечно биле поразени и Британија добила голема контрола над земјата. По војната продолжиле конфликти за независност на земјата, која ја добила во 1922 година на чие чело застанал кралот Фуад II. Во 1936 година бил постигнат договор помеѓу Британија и Египет според кој британските трупи го контролирале само Суецкиот канал во земјата.

Модерна историја

Египетскиот претседател Гамал Абдел Насер во Мансура, 1960

На почетокот на Втората светска војна, Египет повторно станал протекторат на Велика Британија. Во 1952 година бил извршен воен удар,[7] и на чело на земјата дошол Гамал Абдел Насер, a за нов крал бил избран Фуад II. Во 1953 година Египет бил прогласен за република.

Other Languages
Acèh: Meusé
адыгабзэ: Мысыр
Afrikaans: Egipte
Akan: Igyipt
Alemannisch: Ägypten
አማርኛ: ግብፅ
Ænglisc: Ægypt
Аҧсшәа: Мысра
العربية: مصر
aragonés: Echipto
ܐܪܡܝܐ: ܡܨܪܝܢ
arpetan: Èg·ipte
অসমীয়া: মিছৰ
asturianu: Exiptu
Avañe'ẽ: Ehíto
azərbaycanca: Misir
تۆرکجه: میصر
bamanankan: Misra
বাংলা: মিশর
Bahasa Banjar: Mesir
Bân-lâm-gú: Ai-ki̍p
башҡортса: Мысыр
беларуская: Егіпет
беларуская (тарашкевіца)‎: Эгіпет
भोजपुरी: मिस्र
Bikol Central: Ehipto
български: Египет
Boarisch: Egyptn
བོད་ཡིག: ཨའི་ཅི།
bosanski: Egipat
brezhoneg: Egipt
буряад: Египет
català: Egipte
Cebuano: Ehipto
čeština: Egypt
Chamoru: Ehiptu
Chavacano de Zamboanga: Egipto
chiShona: Egypt
chiTumbuka: Egypt
Cymraeg: Yr Aifft
dansk: Egypten
davvisámegiella: Egypta
Deutsch: Ägypten
ދިވެހިބަސް: މިޞްރު
dolnoserbski: Egyptojska
eesti: Egiptus
Ελληνικά: Αίγυπτος
English: Egypt
español: Egipto
Esperanto: Egiptio
estremeñu: Egitu
euskara: Egipto
eʋegbe: Egipte
فارسی: مصر
Fiji Hindi: Egypt
føroyskt: Egyptaland
français: Égypte
Frysk: Egypte
furlan: Egjit
Gaeilge: An Éigipt
Gaelg: Yn Egypt
Gagauz: Egipet
Gàidhlig: An Èipheit
galego: Exipto
贛語: 埃及
Gĩkũyũ: Egypt
ગુજરાતી: ઇજિપ્ત
गोंयची कोंकणी / Gõychi Konknni: ईजिप्त
客家語/Hak-kâ-ngî: Âi-khi̍p
한국어: 이집트
Hausa: Misra
Hawaiʻi: ‘Aikupika
Հայերեն: Եգիպտոս
हिन्दी: मिस्र
hornjoserbsce: Egyptowska
hrvatski: Egipat
Ido: Egiptia
Igbo: Egypt
Ilokano: Ehipto
বিষ্ণুপ্রিয়া মণিপুরী: মিশর
Bahasa Indonesia: Mesir
interlingua: Egypto
Interlingue: Egiptia
Ирон: Мысыр
isiZulu: IGibhithe
íslenska: Egyptaland
italiano: Egitto
עברית: מצרים
Basa Jawa: Mesir
kalaallisut: Egypt
ಕನ್ನಡ: ಈಜಿಪ್ಟ್
Kapampangan: Ejiptu
ქართული: ეგვიპტე
कॉशुर / کٲشُر: مِسر
kaszëbsczi: Egipt
қазақша: Мысыр
kernowek: Ejyp
Kirundi: Misiri
Kiswahili: Misri
Kongo: Misiri
Kreyòl ayisyen: Ejip
kurdî: Misir
Кыргызча: Мысыр
кырык мары: Египет
Ladino: Ayifto
лакку: Мисри
лезги: Мисри
Latina: Aegyptus
latviešu: Ēģipte
Lëtzebuergesch: Egypten
lietuvių: Egiptas
Ligure: Egitto
Limburgs: Egypte
lingála: Ejipte
Livvinkarjala: Jegiptu
la .lojban.: misrygu'e
Luganda: Egypt
lumbaart: Egit
magyar: Egyiptom
मैथिली: मिस्र
Malagasy: Ejipta
മലയാളം: ഈജിപ്റ്റ്‌
Malti: Eġittu
मराठी: इजिप्त
მარგალური: ეგვიპტე
مصرى: مصر
مازِرونی: مصر
Bahasa Melayu: Mesir
Baso Minangkabau: Masia
Mìng-dĕ̤ng-ngṳ̄: Ăi-gĭk
мокшень: Египет
монгол: Египет
မြန်မာဘာသာ: အီဂျစ်နိုင်ငံ
Nāhuatl: Egipto
Dorerin Naoero: Idjipt
Na Vosa Vakaviti: Ijipta
Nederlands: Egypte (land)
Nedersaksies: Egypte (laand)
नेपाली: मिश्र
नेपाल भाषा: मिस्र
日本語: エジプト
Napulitano: Naggitto
нохчийн: Мисар
Nordfriisk: Egypten
Norfuk / Pitkern: Ejiipt
norsk: Egypt
norsk nynorsk: Egypt
Nouormand: Êgypte
Novial: Egiptia
occitan: Egipte
ଓଡ଼ିଆ: ଇଜିପ୍ଟ
Oromoo: Ijiipti
oʻzbekcha/ўзбекча: Misr
ਪੰਜਾਬੀ: ਮਿਸਰ
पालि: ईजिप्ट
پنجابی: مصر
Papiamentu: Egipto
پښتو: مصر
Patois: Iijip
ភាសាខ្មែរ: អេហ៊្សីប
Picard: Édjipe
Piemontèis: Egit
Tok Pisin: Ijip
Plattdüütsch: Ägypten
polski: Egipt
Ποντιακά: Αίγυπτος
português: Egito
Qaraqalpaqsha: Mısır
qırımtatarca: Mısır
reo tahiti: ’Aifiti
română: Egipt
Romani: Mêsire
rumantsch: Egipta
Runa Simi: Ihiptu
русиньскый: Еґіпет
русский: Египет
саха тыла: Эгиипэт
Gagana Samoa: Aikupito
संस्कृतम्: ईजिप्तदेशः
Sängö: Kâmitâ
sardu: Egitu
Scots: Egyp
Seeltersk: Ägypten
Sesotho: Egepeta
Sesotho sa Leboa: Egypt
shqip: Egjipti
sicilianu: Eggittu
සිංහල: ඊජිප්තුව
Simple English: Egypt
سنڌي: مصر
SiSwati: IGibhithe
slovenčina: Egypt
slovenščina: Egipt
словѣньскъ / ⰔⰎⰑⰂⰡⰐⰠⰔⰍⰟ: Єгѷптъ
ślůnski: Egipt
Soomaaliga: Masar
کوردی: میسر
Sranantongo: Egiptakondre
српски / srpski: Египат
srpskohrvatski / српскохрватски: Egipat
Basa Sunda: Mesir
suomi: Egypti
svenska: Egypten
Tagalog: Ehipto
தமிழ்: எகிப்து
Taqbaylit: Maṣer
tarandíne: Egitte
татарча/tatarça: Мисыр
తెలుగు: ఈజిప్టు
tetun: Ejitu
тоҷикӣ: Миср
ᏣᎳᎩ: ᎢᏥᏈᎢ
Tsetsêhestâhese: Egypt
Türkçe: Mısır
Türkmençe: Müsür
Twi: Egypt
тыва дыл: Египет
удмурт: Египет
ᨅᨔ ᨕᨘᨁᨗ: Mesir
українська: Єгипет
اردو: مصر
ئۇيغۇرچە / Uyghurche: مىسىر
Vahcuengh: Aehciz
vèneto: Egito
vepsän kel’: Egipt
Tiếng Việt: Ai Cập
Volapük: Lägüptän
Võro: Egüptüs
walon: Edjipe
文言: 密思兒
West-Vlams: Egypte
Winaray: Ehipto
Wolof: Isipt
吴语: 埃及
Xitsonga: Gibita
ייִדיש: עגיפטן
Yorùbá: Ẹ́gíptì
粵語: 埃及
Zazaki: Mısır
Zeêuws: Ehypte
žemaitėška: Egėpts
中文: 埃及
डोटेली: इजिप्ट
ГӀалгӀай: Мисаре
Kabɩyɛ: Egipiti
Lingua Franca Nova: Misre