Дунавски кнежества

Дел од серијалот за
Романија
Грб на Романија
Икона за портал Портал: „Романија“
Дунавски кнежества

На територијата на денешна Романија во минатото опстојувале три кнежества: Влашка, Молдавија и Трансилванија. Падот на Бугарија под византиска власт во почетокот на 11 век и татарските инвазии во 13 век довеле до силното слабеење на средновековна Унгарија. Така во 14 век било создадено Kнежевство Молдавија (1538) и Kнежество Влашкa. Во 15 век и 16 век двете кнежевства паднале под власта на Отоманската Империја но за разлика од Бугарија и Србија тие ја задржиле својата внатрешна самостојност. По поразот на Унгарија во Мохачката битка во 1526 година, под власта на Османлиите како вазално кнежество паднала и Трансилванија.

Молдавија

Средновековното Кнежество Молдавија било основано во 1359 година и опфаќало територии од денешна Молдавија и дел од источна Романија, дел од Украина. На запад се наоѓала денешна Трансилваљнија, на исток Бесарабија, на северозапад Буковина. Кнежеството било формирано од страна на влашките аристократски семејства на чело со Драгош со помош на унгарскиот крал поради одбрана на земјата од татарската инвазија.

Османлиите во 1420 година започнале со заземање на Молдавија. Во 1456 година кнежеството било потчинето како вазална држава и започнало да плаќа годишен данок. Во 1475 година се одвила битката кај Васлуј каде на чело на Молдавија се наоѓал Стефан III Велики заедно со христијанските сојузници од Кралство Полска и Кралство Унгарија. Христијанските сојузници оствариле голема победа. Битката била опишена како најголема победа на христијанството против исламот дотогаш. Мара Бранковиќ, сопруга на Мурат II, на венецијанскиот пратеник изјавила дека таа битка била една од најкатастрофалните за Османлиите. Кралот Стефан III подоцна од страна на папа Сикст IV бил награден со титулата "Verus christiane fidei aletha" (вистински заштитник на христијанската вера).

Во 1484 година било освоено молдавското црноморско крајбрежје, а во 1503 година цела Бесарабија. Целосното зазимање се случило во 1538 година кога султанот започнал да ги назначува новите кнезови на Молдавија и како титула била користена кајмакам на Молдавија. Освен тоа на Молдавија и било забрането да има било какви односи со странски земји на штета на Османлиите но и била дозволена внатрешна автономија. На Османлиите им било забрането законски да поседуваат земјиште или да градат верски објекти во Молдавија.

Во согласност со договорот од Букурешт во 1812 година, покрај многуте простести на молдавските благородници на сметка на нивната самостојна состојба, Отоманската Империја (чиј вазал бил Молдавија) ја отстапила земјата на Руската Империја источната половина од територијата на кнежевството на Молдавија заедно со Хотин и стара Бесарабија (денешен Буџак, Украина). Новата руска покраина била наречена „ Област на Молдавија и Бесарабија“, која на почетокот уживала висок степен на самостојност.

Западниот дел од Молдавија (кој денес припаѓа на Романија) останал самостојно кнежевство, кое подоцна во 1859 година се соединило со Влашка (романски: Wallachia) за формирање на Кралство Романија.

Other Languages