Др. Дре

Др. Дре
Др. Дре настапува на фестивалот Coachella Valley Music and Arts Festival (2012)
Биографски податоци
Родено имеАндре Ромел Јанг[1]
Роден(а)18 февруари 1965[2]
Комптон (Калифорнија), САД
ПотеклоЛос Анџелес, Калифорнија, САД
ЖанровиРап, гангстерски рап
ЗанимањаПродуцент, рапер, претприемач, глумец
ИнструментиВокал, синтисајзер, фонограф, драм машина, семплер
Период на активност1984–сѐ уште
ИздавачиKru-Cut, Ruthless, Priority, Death Row, Interscope, Aftermath
СоработнициWorld Class Wreckin' Cru, N.W.A, The D.O.C., Knoc-Turn'al, Michel'le, Above the Law, Ајс Кјуб, Тупак Шакур, Снуп Дог, Еминем, Tha Dogg Pound, Изи-И, Фифти Сент, Гејм, Нејт Дог, Xzibit, Баста Рајмс, Кендрик Ламар
Мреж. местоdrdre.com

Андре Ромел Јанг, познат како Др. Дре (англиски: Dr. Dre) (1965), е американски музички продуцент, рапер и повремено глумец.[3] Др. Дре е заслужен за комерцијалниот пробив и успешните кариери на многу рапери, меѓу кои на Снуп Дог, Еминем, Фифти Сент и Гејм. Оттука, тој се смета за клучен поединец кој придонел во популаризацијата на џи фанкот, рап жанр кој се одликува со бавни фанк ритмови и текстови кои говорат за гангстерскиот живот.

Музичка кариера

Др. Дре е роден во 1965 година. Својата музичка кариера ја почнал како член на World Class Wreckin' Cru, група која изведувала старошколски хип хоп (Old School Hip Hop). Потоа го основал во култниот состав N.W.A, чии текстови биле препознатливи по експлицитниот приказ на уличното насилство и пресметките помеѓу градските банди. Поради непремостливите недоразбирања со Изи-И (исто така член на N.W.A), Дре продолжил како соло изведувач потпишувајќи за „Дет Роу Рекордс“. Таму, неговата кариера нагло отишла по нагорна линија, а стекнал и голема популарност поради неговите соработки со Тупак Шакур и Снуп Дог.

Неговиот прв студиски соло албум „Хрионика“ ( The Chronic) се смета за обележје на рапот од западниот дел на Америка, а заедно со деби албумот на Снуп Дог „Догистајл“ ( Doggystyle), тој ги отворил вратите за поширока прифатеност на хип хопот како суб-култура на целата територија на САД. По издавањето на вториот албум 2001 своето внимание го насочил кон пронаоѓање нови лица на хип хоп сцената.

Во таа смисла, Др. Дре најпрво потпишал договор со Еминем и му помогнал да оствари блескава кариера. Истовремено, Др. Дре ги компонирал битовите за најголем дел од песните на албумите Marshall Mathers LP и The Eminem Show, кои потоа станале најпродавани плочи од овој жанр на сите времиња во САД и во Канада. Во 2002 година, Др. Дре потпишал договор со Фифти Сент, а потоа и со Гејм, рапери со кои забележал задоволителен успех.

Detox би требало да биде третиот и последен негов студиски албум, чиј датум на објавување првично беше најавен за 2011, но поради презафатеност на Дре со други музички проекти, сѐ уште не е издаден.

Other Languages
العربية: دكتور دري
asturianu: Dr. Dre
azərbaycanca: Dr. Dre
تۆرکجه: دکتر دره
български: Доктор Дре
bosanski: Dr. Dre
català: Dr. Dre
čeština: Dr. Dre
dansk: Dr. Dre
Deutsch: Dr. Dre
eesti: Dr. Dre
Ελληνικά: Dr. Dre
English: Dr. Dre
español: Dr. Dre
Esperanto: Dr. Dre
euskara: Dr. Dre
فارسی: دکتر دره
français: Dr. Dre
Frysk: Dr. Dre
Gaeilge: Dr. Dre
Gàidhlig: Dr. Dre
galego: Dr. Dre
한국어: 닥터 드레
Հայերեն: Dr. Dre
hrvatski: Dr. Dre
Bahasa Indonesia: Dr. Dre
italiano: Dr. Dre
עברית: ד"ר דרה
ქართული: Dr. Dre
қазақша: Дәрігер Дре
Kiswahili: Dr. Dre
Latina: Dr. Dre
latviešu: Dr. Dre
lietuvių: Dr. Dre
magyar: Dr. Dre
Malagasy: Dr. Dre
မြန်မာဘာသာ: Dr. Dre
Nederlands: Dr. Dre
norsk: Dr. Dre
occitan: Dr. Dre
ਪੰਜਾਬੀ: ਡਾ. ਡਰੇ
polski: Dr. Dre
português: Dr. Dre
română: Dr. Dre
русский: Dr. Dre
Scots: Dr. Dre
Seeltersk: Dr. Dre
shqip: Dr. Dre
sicilianu: Dr. Dre
Simple English: Dr. Dre
slovenčina: Dr. Dre
slovenščina: Dr. Dre
Soomaaliga: Dr. Dre
srpskohrvatski / српскохрватски: Dr. Dre
suomi: Dr. Dre
svenska: Dr. Dre
Türkçe: Dr. Dre
українська: Dr. Dre
Tiếng Việt: Dr. Dre
Winaray: Dr. Dre
Yorùbá: Dr. Dre
žemaitėška: Dr. Dre
中文: 德瑞医生