Дрога

Кофеинот е најраспространетата психоактивна супстанција во светот.[1]
Цигарите се е една од најпродаваните дроги.[2]
Алкохолот е општоприфатена дрога во многу земји.
Конопот е често користена рекреативна дрога[3].

Дрога — природна или синтетичка хемиска супстанција која влијае на физиолошките и психичките (интелектуални, емоционални, мотивациони) функции. Повеќекратна употреба води кон навикнување или (психичка и/или физичка) зависност. Земањето на некои дроги (хероин, крек, кокаин) брзо предизвикува зависност, а наглото прекинување на нивната употреба предизвикува појава на апстиненцијален синдром.

Според Светската здравствена организција, дрога е „секоја супстанција, која е во состојба да, кога ќе се најде во жив организам, модификува една или повеќе негови функции и да по повторната употреба предизвика психичка или физичка зависност“. Дрогите главно делуваат на вегетативниот нервен систем. Зависноста од дрога се нарекува наркоманија.


Многу денешни дроги низ историјата се користеле како лекови (хероин, марихуана, хашиш, кокаин). Сумерите, Кинезите, Ацтеките и други народи користеле опиум, кокаин и халуциногени габи за отстранување на болки, зголемување на физичката издржливост на воините, како и во религиозни и други слични цели.

Во 2016 година бил спроведен обемен истражувачки проект (European School Survey Project on Alcohol and Other Drugs) во кој биле опфатени 96.043 ученици во 35 земји во Европа. Според спроведените анкети, во Чешка, 37% од учениците изјавиле дека барем еднаш користеле некоја дрога, а тој процент се движел од 30% до 32% во Бугарија, [[Франција, Лихтенштајн и Монако. Од друга страна, процентот на учениците кои пробале дрога бил помалку од 10% во следниве земји: Албанија, Кипар, Фарски Острови, Финска, Македонија, Исланд, Молдавија, Црна Гора, Норвешка, Шведска и Украина. Просечно, во сите земји вклучени во истражувањето, 21% до момчињата и 15% од девојките пробале дрога барем еднаш во животот. Во сите земји, најзастапена дрога била марихуаната која, во просек, ја користеле 16% од испитаниците, а 1% до 2% барем еднаш користеле и некоја друга дрога, како: екстази, амфетамини, кокаин и ЛСД. Во Македонија, 5% од учениците изјавиле дека барем еднаш пробале марихуана, а 4% одговориле дека користеле и некои други дроги.[4]


Поделба на дрогите

Светска здравствена организација ја дава следната подела на психоактивните дроги:

  • алкохол (алкохолни пијалоци и коктели)
  • амфетамини
  • барбитурати, хипнотици, седативи, транквилизанти
  • халуциногени ( ЛСД, мескалин, псилоцибин и др.)
  • коноп (марихуана, ганџа и хашиш)
  • кокаин (чиста материја и листови на растението кока)
  • опијати (сиров опиум, хероин, морфиум, кодеин, синтетичкиот препарат метадон и петантин)
  • испарливи средства и лекови богати со органски растворувачи (ацетон, гасолин, етер, хлороформ...)
  • дроги карактеристични за поедини региони или нови дроги ( крек, екстаза...)

Според начинот на кој дрогите се третираат во законските одредби, можат да се поделат на легални и илегални. Во легални дроги спаѓаат алкохолот и никотинот, како и многу лекови (пр. лекови за смирување, против болка, за спиење).

Според психоактивните ефекти дрогите можат да се поделат во три групи: психодепресори, психостимулатори и халуциногени.

Според зависноста дрогите се делат на тешки (опиум, морфиум, кодеин, хероин, кокаин, амфетамин...) и лесни (марихуана, хашиш, псилоцибин, мескалин).


Сооднос на делотворната и смртоносната доза и зависноста на психоактивните супстанции.
Other Languages
Afrikaans: Dwelmmiddel
Alemannisch: Droge
አማርኛ: መድኃኒት
asturianu: Droga
تۆرکجه: دواء
বাংলা: ঔষধ
Bân-lâm-gú: Io̍h-bu̍t
bosanski: Droga
brezhoneg: Dramm
català: Droga
Cymraeg: Cyffur
Deutsch: Droge
eesti: Droog
English: Drug
español: Droga
Esperanto: Drogo
euskara: Droga
فارسی: دارو
føroyskt: Rúsevni
français: Drogue
Gaeilge: Druga
galego: Droga
한국어:
Ido: Drogo
Bahasa Indonesia: Obat
interlingua: Droga
italiano: Droga
עברית: סם (כללי)
ಕನ್ನಡ: ಡ್ರಗ್
Kreyòl ayisyen: Dwòg
kurdî: Tiryak
Latina: Medicamentum
Bahasa Melayu: Dadah
Baso Minangkabau: Ubek
Mìng-dĕ̤ng-ngṳ̄: Iŏh
မြန်မာဘာသာ: ဆေး
Nederlands: Drug
日本語: 薬物
occitan: Dròga
ਪੰਜਾਬੀ: ਡਰੱਗ
Patois: Jogz
polski: Używka
português: Droga
română: Drog
Scots: Drog
shqip: Droga
sicilianu: Droga
සිංහල: බෙහෙත්
Simple English: Drug
српски / srpski: Дрога
srpskohrvatski / српскохрватски: Droga
Basa Sunda: Ubar
svenska: Drog
тоҷикӣ: Дору
Tiếng Việt: Chất gây nghiện
ייִדיש: דראג
粵語:
中文: 药物