Драган Ташковски

Книгата „ За Македонската нација(кликнете за да ја отворите и читате во целост)
Книгата „ Раѓањето на Македонската нација(кликнете за да ја отворите и читате во целост)

Драган Ташковски ( Скопје, 10 септември 1917 - Хвар, септември 1980) — македонски историчар и публицист [1].

Образование и работен век

Основно и средно образование завршил во Скопје, а дипломирал и магистрирал на Високата школа за политички науки во Белград [1]. Одбранил хабилитационен труд под наслов „Кон етногенезата на македонскиот народ“ (Скопје, 12.IV.1975) и бил избран во звањето виш научен соработник [1]. Бил учесник во НОАВМ, а по Ослободувањето вршел разни општествено политички функции: наставник и директор на Политичката школа на ЦК на СКМ, професор по социологија на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, претседател на Друштвото на филолозите и социолозите на СР Македонија, претседател на Комисијата на Извршниот комитет на Претседателството на ЦК на СКМ за идеолошко-политичко оспособување на организациите и членовите на СКМ, директор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје [1].

Other Languages