Долношлеско Војводство

Долношлеско Војводство
województwo dolnośląskie
војводство
Знаме на Долношлеско Војводство
Знаме
Грб на Долношлеско Војводство
Грб
Местоположба во Полска
Местоположба во Полска
Окрузи во Долношлеското Војводство
Окрузи во Долношлеското Војводство
Земја Полска
СедиштеВроцлав
Површина
 • Вкупно19.946,74 km2 (770,148 sq mi)
Население (2014)
 • Вкупно2.908.457
 • Густина150/km2 (400/sq mi)
 • Градскo2.047.151
 • Селско837.097
Рег. таб.D
Мреж. местоumwd.pl

Долношлеско Војводство (полски: województwo do)nośląskie) — војводство во југозападна Полска, наречено по историската област Долна Шлеска.

Војводството било дел од средновековната полска држава под водство на династијата Пјасти. По смррта на кнезот Болеслав III Кривоустиот во 1138 г. државата почнала да се раздвојува на делови. Шлеска станала полска покраина како кнежевство, но подоцна се расцепкало на мали кнежевства под власта на кнезови од семејството Пјасти. Во овој период стапило германското влијание, поради доселувањето на население од германските краишта на Светото Римско Царство. Ова оставило белег на архитектурата, обичаите и кујната. Сепак, Долна Шлеска останала и центар на полската култура. Тука е напишан ракописот кој ја содржи првата позната реченица на старополски јазик (Хенрикувска книга, XIII век), како и првата печатена книга на полски (Statuta synodalia Episcoporum Wratislaviensis, 1475), обете изложени во Вроцлав. Злоторија е најстариот град во Полска, прогласен со повелба на кнезот Хенрик Брадестиот (XII-XIII век). Низ вековите, Долна Шлеска доживеала редица епохални настани како протестантската реформација, Шлеските војни, индустријализацијата и двете светски војни.

Долна Шлезија се вбројува меѓу побогатите краишта во Полска поради значајните природни ресурси како бакарот, лигнитот и други камени материјали кои ги исползуваат најголемите претпријатија, како и развиено стопанство во разни други гранки.[1]

Седиштето Вроцлав е сместено на реката Одра. Градот е меѓу најголемите и најважните во Полска. Тука, како и во Тшебница, се гробниците на полските владетели. Војводството има многубројни замоци и дворци и ужива голема посетеност.

Other Languages
Bân-lâm-gú: Dolnośląskie Séng
беларуская (тарашкевіца)‎: Ніжнесылескае ваяводзтва
客家語/Hak-kâ-ngî: Dolnośląskie
Bahasa Indonesia: Provinsi Dolnośląskie
lumbaart: Dolnośląskie
Bahasa Melayu: Wilayah Lower Silesian
Tiếng Việt: Dolnośląskie