Диего Симеоне

Аргентина Диего Симеоне
Diego Simeone - 01.jpg
Симеоне на конференција за печатот на Атлетико Мадрид во септември 2013 година
Лични податоци
Полно имеДиего Пабло Симеоне Гонсалес [1]
Роден на28 април 1970 (1970-04-28) (воз. 48 г.)
Роден воБуенос Аирес, Аргентина
Висина&100000000000001810000001,81 м
Позицијаиграч од средниот ред
Клупски податоци
Сегашен клубАтлетико Мадрид (менаџер)
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
1987–1990Велес Сарсфилд76(14)
1990–1992Пиза55(6)
1992–1994Севилја64(12)
1994–1997Атлетико Мадрид98(21)
1997–1999Интер57(11)
1999–2003Лацио90(15)
2003–2005Атлетико Мадрид36(2)
2005–2006Расинг37(3)
Вкупно513(84)
Репрезентација
1989Аргентина Аргентина П204(1)
1996Аргентина Аргентина П236(1)
1988–2002Аргентина Аргентина106(11)
Раководител на екипите
2006Расинг
2006–2007Естудијантес
2008Ривер Плејт
2009–2010Сан Лоренцо
2011Катанија
2011Расинг
2011–Атлетико Мадрид
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Диего Пабло Симеоне (шпански: Diego Pablo Simeone) - е аргентински фудбалски тренер и поранешен фудбалер, кој во моментов ја води екипата на Атлетико Мадрид.

Тој е татко на Џовани Симеоне, фудбалерот на Фјорентина.

Клупска кариера

Диего Симеоне ја започнува својата клупска кариера во 1987 година во Велес Сарсфилд. Во 1990 година е привлечен од Мирчеа Луческу во италијанската Пиза. Следува краток престој во Севилја за потоа да направи трансфер во Атлетико Мадрид. Со „душекчиите“ Симеоне ги постигнува своите први успеси кога во сезоната 1995-96 ја освојува „дуплата круна“ во Шпанија. Во тоа време тренер е Србинот Радомир Антиќ, а капитен на тимот е Љубослав Пенев. Го освојуваат шампионатот на категоричен начин, првенството го завршуваат со предност од 7 бода пред Барселона и со цели 17 пред другиот „гранд“ Реал Мадрид. Во финалето на турнирот за Купот на кралот ја победуваат Барселона на Јохан Кројф со златен гол во 102. минута. Во 1997 година Симеоне преминува во Серија А и потпишува со Интер воден од Луиџи Симони. Две сезони е капитен на тимот, а во 1997/98 година го освојува Купот на УЕФА со победа во финалето со 3-0 над својот иден клуб Лацио, воден од Свен-Горан Ериксон. Во 1999 година преминува во Лацио каде игра рамо до рамо со своите сонародници и соиграчи од репрезентацијата на Аргентина - Ернан Креспо, Матијас Алмеида, Клаудио Лопес, Нестор Сенсини и Хуан Себастијан Верон. Уште во својата прва сезона со екипата на „орлите“ Диего Симеоне ги освојува трите титули на Италија, како и Суперкупот на УЕФА, победувајќи го во битката за трофеј Манчестер јунајтед со 1-0. Во борбата за скудетото Лацио и Јувентус се израмнети до последното коло во кое „бјанконерите“ губат од Перуџа, а Симеоне и неговите соиграчи ја победуваат Реџина и стануваат шампиони на Италија. Во финалето на Купот на Италија Лацио триумфира над Интер по 0-0 на Џузепе Меаца и победа со 2-1 на Стадион Олимпико, а победничкиот гол за „римските орли“ го постигнува Диего Симеоне. Во натпреварот за Суперкупот на Италија одново го победуваат Интер на Марчело Липи со 4-3. Во Рим Симеоне игра уште три сезона пред да се врати во Атлетико Мадрид во 2003 година и по нови две сезони за „душекџиите“ ја завршува кариерата во аргентинскиот Расинг.

Other Languages
azərbaycanca: Dieqo Simeone
български: Диего Симеоне
bosanski: Diego Simeone
čeština: Diego Simeone
Deutsch: Diego Simeone
English: Diego Simeone
español: Diego Simeone
euskara: Diego Simeone
français: Diego Simeone
hrvatski: Diego Simeone
Bahasa Indonesia: Diego Simeone
italiano: Diego Simeone
latviešu: Djego Simeone
lietuvių: Diego Simeone
Malagasy: Diego Simeone
مازِرونی: دیگو سیمئونه
Nederlands: Diego Simeone
português: Diego Simeone
română: Diego Simeone
Runa Simi: Diego Simeone
Simple English: Diego Simeone
slovenščina: Diego Simeone
српски / srpski: Дијего Симеоне
svenska: Diego Simeone
Türkçe: Diego Simeone
українська: Дієго Сімеоне
Tiếng Việt: Diego Simeone