Дела на светите апостоли

Дела на Апостолите е една од книгите која спаѓа во канонскиот Нов Завет, и кој се користи во сите православни и римокатолички, како е во останатите христијански деноминации како протестанти, јехови сведоци, адвентисти и.т.н.

Според научните истражувања, оваа книга се препишува на авторот на Евангелието по Лука, односно Апостол Лука. Како и според евангелието на Лука, така и Делата на Апостолите започнуваат со обраќање кон Теофил, кој според некои бил римски големец. Според некои тој бил римски судија на судот на кој требало да му биде судено на Апостол Павле.

Во целина, Апостолски дела немаат конкретен назив, бидејќи поголемиот дел од книгата се однесува на животот и делото на апостолите Павле и Петар. За разлика од нив, останатите апостоли се споменуваа само неколку пати. Според некои научници, адекватниот наслов на книгата бил Дела на Светиот Дух.

Автор и име

Денеска сеуште се дебатира околу тоа дали Лука бил авторот на оваа книга која се наоѓа во Новиот Завет. Отците на раната црква споменуваат дека Лука бил лекар, дека делувал во Антиохија и дека бил голем приврзаник на апостол Павле. Се смета дека авторот на евангелието по Лука е истиот кој ги напишал и делата на апостолите. Меѓутоа не постои консензус, па според Рејмонд Браун, сегашното мислење околу авторството на Лука е еднакво поделено меѓу истражувачите.

Името на насловот Дела на апостолите не бил оригинален. За прв пати ова име било употребено од страна на Иринеј Лионски во доцниот 2 век. Некои сугерираат дека насловот бил Делата на Исус или Делата на Светиот Дух, бидејќи во глава 1:1 се започнува со самиот Исус и продолжува околу она што Исус започнал и какво е неговото учење.

Најстариот досега познат примерок на „Делата“ е посведочен фрагментарно на папирус кој во науката е означен како П45 датиран околу 250 година, а пак, најстарата целосно сочувана верзија се наоѓа во т.н. Codex Vaticanus, датиран во околу 320 до 350 година. Делата на светите апостоли претставува единствениот новозаветен текст сочуван во два текстуални облици (верзии), западна (латинска) и александриска (страрогрчка). Притоа, науката, речиси едногласно, смета дека александриската верзија на „Делата“ е хронолошки постара и оттука единствено оригинална. Ваквото тврдење е прифатено и од страна на црквата.

Other Languages
Afrikaans: Handelinge
Bân-lâm-gú: Sù-tô͘ Hēng-toān
беларуская (тарашкевіца)‎: Дзеі Сьвятых Апосталаў
Boarisch: Apostlgschicht
गोंयची कोंकणी / Gõychi Konknni: धर्मदुतांचो इतिहास
客家語/Hak-kâ-ngî: Sṳ́-thù-hàng-chhon
한국어: 사도 행전
Bahasa Indonesia: Kisah Para Rasul
interlingua: Actos del Apostolos
isiXhosa: IZenzo
isiZulu: IzEnzo
Basa Jawa: Para Rasul
Kreyòl ayisyen: Akdèzapot
latviešu: Apustuļu darbi
Lingua Franca Nova: Atas de la Apostoles
lumbaart: At di Apostuj
Mìng-dĕ̤ng-ngṳ̄: Sé̤ṳ-dù Hèng-diông
日本語: 使徒言行録
norsk nynorsk: Apostelgjerningane
Simple English: Acts of the Apostles
slovenčina: Skutky apoštolov
српски / srpski: Дела апостолска
srpskohrvatski / српскохрватски: Djela apostolska
українська: Дії апостолів
Wolof: Jëf ya
粵語: 使徒行傳
中文: 使徒行传