Дебелн (округ)

Дебелн
Landkreis Döbeln
Округ
Saxony dl.png
Земја Германија
ПокраинаСаксонија
Укинат01.08.2008
Адм. цент.Дебелн
Површина
 • Вкупна424 км2
Население (2001)
 • Вкупно77,900
 • Густина180/км2
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Рег. таб.DL
Мреж. местоlandkreis-doebeln.de

Дебелн (германски: Döbeln) — поранешен округ (Kreis) во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од север надесно) окрузите Торгау-Ошац, Риза-Гросенхајн, Мајсен, Митвајда и Мулдентал.

Историја

Регионот бил првично населен од лужичките племиња. Во раниот среден век, се населиле Даленмиците долж реката Мулде. Тие биле протерани од Германците по битката кај Јана во 928 година.

Денешните граници на округот биле воспоставени во 1952 година, кога владата на Источна Германија создала нови окрузи. Дебелн е еден од неколкуте окрузи, кои не биле менувани по повторното обединување на Германија. Во август 2008 година, како дел од реформата на окрузите во Саксонија, окрузите Дебелн, Фрајберг и Митвајда биле припоени во новиот округ Средна Саксонија.

Other Languages