Гоја во Бордо (филм)

„Гоја во Бордо“ (Goya en Burdeos) е филм од 1999 година, режиран од Карлос Саура (Carlos Saura) a снимен од Виторио Стораро (Vittorio Storaro), за последните денови на Франциско Гоја - познатиот шпански сликар. Филмот има добиено 12 награди, меѓу кои Европска филмска награда (кинематографија), 5 Шпански филмски награди „Гоја“, меѓу кои за најдобар актер и кинематографија и награда од фестивалот во Монтреал [1].

Синопсис

Франциско Гоја, е во доброволен егзил во Бордо, како протест против апсолутизмот во Шпанија. Во последните денови од неговиот живот, тој, во придружба на неговата последна жена Леосаида и ќерката Росарио, се присеќа на изминатиот живот. Режисерот Карлос Саура и снимателот Виторио Сторато ги раскажуваат приказните обидувајќи се да го вметнат сликарството на Гоја во секој кадар.


  1. http://www.imdb.com/title/tt0210717/awards
Other Languages
български: Гоя в Бордо
Deutsch: Goya (Film)
español: Goya en Burdeos
français: Goya à Bordeaux
Nederlands: Goya en Burdeos
polski: Goya (film)
português: Goya en Burdeos