Глобализација

Глобализација е поим кој се користи за да ги опише промените во општествата и светската економија како резултат на драматично зголемената трговија и културна размена. Во специфично економски контекст, таа се однесува речиси исклучиво на ефектите на трговската либерализација, односно на слободната трговија. Помеѓу 1910 и 1950, по серија на политички и економски проблеми и колапси, значењето и интензитетот на трговската размена биле сведени на минимум. По Втората светска војна, светската економија зајакнала и драматично се зголемила, сето тоа со помош на меѓународните економски институции и програми.

Значење на поимот „глобализација“

„Глобализацијата“ може да означува неколку процеси:

Формирање на едно глобално село — поблизок контакт помеѓу различните делови на светот со растечки можности за лична размена, меѓусебно разбирање и пријателство помеѓу „светските граѓани“ и креирање на глобална цивилизација. Светската банка ја дефинира глобализацијата како „слобода на индивидуите и компаниите да иницираат доброволни економски трансакции со државјани на други држави“.

Економска глобализација — слободна трговија и растечки односи помеѓу членовите на една индустрија во различни делови на светот (глобализација на индустријата) со кореспондирачка ерозија на националниот суверенитет во економската сфера. Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) ја дефинира глобализацијата како „растечка економска меѓузависност на држави ширум светот преку зголемен број и начини на прекугранична транскација на стоки и служби, послободен меѓународен економски проток и побрза и поширока дифузија на технологијата“ - (од ММФ, Поглед на светската економија, мај 1997).

Негативните ефекти на т.н. „за профитмултинационални корпорации — употребата на супстанцијални, легални и финансиски средства за да се заобиколат локалните закони и стандарди со цел да се контролира трудот и услугите на нееднакво развиените региони меѓу себе.

Ширењето на капитализмот од развиените земји до земјите во развој.

Глобализацијата дели голем број на карактеристики со интернационализацијата и се користи без никаква разлика во контекстот, меѓутоа некои преферираат да го користат зборот глобализација со цел да ја нагласат ерозијата на националната држава или националните граници. А глобализмот пак, доколку го сведеме само на економски аспект, е во контраст со економскиот национализам и протекционизмот. Поврзан е со капитализмот и неолиберализмот.

Глобализацијата е мултидимензионален и комплексен процес, кој денес има значајна големина и се манифестира преку различни форми на интернационализација на производството, странските директни инвестици, мултинационалните корпорации, трансферот на технологија, движењето на капитал, миграциските текови, зголемената конкуренција помеѓу инвеститорите и поврзување на пазарите.[1] Глобализирањето на економските активности се однесува на сѐ поголемата меѓузависност на националните економии во делот на транснационалното движење на производи, услуги, нови технологии и финансиски средства. Економската глобализација вклучува глобални производствени активности, конкурентост на глобално ниво, глобална технолошка размена и продажба. Како катализатори за интеграцијата треба се странските директни инвестиции кои со посредство на мултинационалните компании од развиените земји се трансферираат во помалку развиените.[2]

Other Languages
Afrikaans: Globalisering
Alemannisch: Globalisierung
العربية: عولمة
aragonés: Globalización
asturianu: Globalización
azərbaycanca: Qloballaşma
Bân-lâm-gú: Choân-kiû-hòa
башҡортса: Глобалләшеү
беларуская: Глабалізацыя
беларуская (тарашкевіца)‎: Глябалізацыя
български: Глобализация
bosanski: Globalizacija
brezhoneg: Bedeladur
čeština: Globalizace
Cymraeg: Globaleiddio
English: Globalization
español: Globalización
Esperanto: Tutmondiĝo
euskara: Globalizazio
Fiji Hindi: Vaisvikaran
føroyskt: Alheimsgerð
français: Mondialisation
Gaeilge: Domhandú
ગુજરાતી: વૈશ્વિકરણ
한국어: 세계화
Հայերեն: Գլոբալացում
हिन्दी: वैश्वीकरण
hrvatski: Globalizacija
Ilokano: Globalisasion
বিষ্ণুপ্রিয়া মণিপুরী: বিশ্বায়ন
Bahasa Indonesia: Globalisasi
íslenska: Hnattvæðing
italiano: Globalizzazione
Basa Jawa: Globalisasi
ಕನ್ನಡ: ಜಾಗತೀಕರಣ
къарачай-малкъар: Глобализация
қазақша: Жаһандану
Kiswahili: Utandawazi
Latina: Globalizatio
latviešu: Globalizācija
Lëtzebuergesch: Globaliséierung
lietuvių: Globalizacija
Limburgs: Globalisering
Malagasy: Fanatontoloana
Bahasa Melayu: Globalisasi
Mirandés: Globalizaçon
монгол: Даяарчлал
Nederlands: Mondialisering
नेपाल भाषा: हलिमिकरण
norsk nynorsk: Globalisering
occitan: Globalizacion
ਪੰਜਾਬੀ: ਸੰਸਾਰੀਕਰਨ
Piemontèis: Mondialisassion
polski: Globalizacja
português: Globalização
română: Globalizare
русиньскый: Ґлобалізація
русский: Глобализация
саха тыла: Глобализация
संस्कृतम्: वैश्वीकरणम्
Simple English: Globalization
slovenčina: Globalizácia
slovenščina: Globalizacija
کوردی: جیھانگیری
српски / srpski: Глобализација
srpskohrvatski / српскохрватски: Globalizacija
svenska: Globalisering
Tagalog: Globalisasyon
татарча/tatarça: Глобальләшү
తెలుగు: ప్రపంచీకరణ
тоҷикӣ: Ҷаҳонишавӣ
Türkçe: Küreselleşme
українська: Глобалізація
Tiếng Việt: Toàn cầu hóa
Winaray: Globalisasyon
粵語: 全球化
žemaitėška: Gluobalėzacėjė
中文: 全球化