Гандалф

Гандалф е лик од новелата Хобитот и трилогијата Господар на прстените на Џ.Р.Р. Толкин. Во нив Гандалф се појавува како волшебник, член и подоцна водач на редот познат како Истари, а исто така и водач на „Пријателите на прстенот“ армијата од Западот. Во Господар на прстените, на почеток е познат како Гандалф Сивиот, но откако се враќа од мртвите, станува Гандалф Белиот.

  • Концепт и создавање на ликот
  • Наводи

Концепт и создавање на ликот

Хемфри Карпентер во својата биографија од 1977 година вели дека Толкин имал разгледница насловена како Der Berggeist (германски: „планински дух“), и дека на пликот во кој ја чувал разгледницата запишал „потеклото на Гандалф“. Разгледницата била репродукција од слика на фигура со брада, како седи на камен под борово дрво на планина. Носи капа и долга црвена наметка, и гали едно бело јагне. Карпентер изјавил дека Толкин раскажувал дека таа разгледница ја купил во Швајцарија во 1911 година. Манфред Цимерман,[1] открил дека таа слика била на германскиот сликар Јозеф Мадленер и потекнува од средината на 1920-те години. Според ова, Карпентер смета дека Толкин се збунил околу потеклото на оваа разгледница.

Оригиналната слика била продадена на аукција Сотби во Лондон на 12 јули 2005 година за 84.000 фунти.[2] Претходниот сопственик сликата ја добил од уметникот Мадленер во текот на 1940-те години, и се сеќавал дека сликарот изјавил дека планините во позадина на сликата се врвовите на Доломитските Планини.[1]

Кога го пишувал Хобитот на почеток на 1930-те години, Толкин го дал името Гандалф на водачот на џуџињата од Средната Земја, а овој лик подоцна е преименуван во Торин Океншилд. Името е земено од истиот извор како и сите други имиња на џуџињата во Хобитот.[3] На старонордиски јазик името Гандалфр е составено од два збора гандр со значење „стап“ или (посебно во сложени зборови) „магија“ и алфр „ елф“.

Один, Скитникот (1886) од Георг вон Росен (1843-1923)

Името „Гандолф“ се појавува како лик во новела на Вилијам Морис од 1896 година, Изворот на крајот на светот. Книгата на Морис е „магично патување“ каде се вклучени елфови, џуџиња и кралеви во средновековен пејсаж, а оваа книга се знае дека оставила голем впечаток врз Толкин.

Волшебникот кој потоа станува Гандалф на почеток бил наречен Бладортин.[4][5] Подоцна Толкин ова име му го дал на древниот крал кој порачал копја од џуџињата.[6]

Other Languages
العربية: غاندالف
беларуская: Гэндальф
беларуская (тарашкевіца)‎: Гэндальф
български: Гандалф
bosanski: Gandalf
brezhoneg: Gandalf
català: Gàndalf
čeština: Gandalf
dansk: Gandalf
eesti: Gandalf
Ελληνικά: Γκάνταλφ
English: Gandalf
español: Gandalf
Esperanto: Gandalf
euskara: Gandalf
فارسی: گندالف
français: Gandalf
galego: Gandalf
한국어: 간달프
հայերեն: Գենդալֆ
hrvatski: Gandalf
Bahasa Indonesia: Gandalf
italiano: Gandalf
עברית: גנדאלף
ქართული: განდალფი
Latina: Gandalfus
lietuvių: Gendalfas
magyar: Gandalf
Bahasa Melayu: Gandalf
日本語: ガンダルフ
norsk: Gandalv
oʻzbekcha/ўзбекча: Gandalf
português: Gandalf
română: Gandalf
русский: Гэндальф
Scots: Gandalf
Simple English: Gandalf
slovenčina: Gandalf
slovenščina: Gandalf
српски / srpski: Гандалф
srpskohrvatski / српскохрватски: Gandalf
suomi: Gandalf
svenska: Gandalf
Türkçe: Gandalf
українська: Гендальф
vèneto: Gandalf
Tiếng Việt: Gandalf
Zazaki: Gandalf
中文: 甘道夫