Вилични ’рбетници

Вилични ’рбетници
Период: Доцен ордовик - денес
Orca-Schädel.jpg
Gnathostomata ги вклучува ‘рбетниците со вилица
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Потколено: Vertebrata
Инфраколено: Gnathostomata
Подгрупи

Placodermi
Chondrichthyes
Acanthodii
Actinopterygii
Sarcopterygii

Виличните ’рбетници (на лат. Gnathostomata) сочинуваат голема група на ‘рбетници. Името на оваа група доаѓа од грчките зборови γνάθος (гнатос) што значи вилица и στόμα (стома) што значи уста.

Оваа група традиционално се смета за наткласа, разделена на две подгрупи: ‘рскавични риби и сите останати членови, како што се познатите класи на коскени риби, птици, цицачи, влекачи и водоземци. Таа е сестринска група на безвиличните ‘рбетници - Agnatha.

Скорешните генетски истражувања ја ревидираат систематиката на Gnathostomata како група.

Новите фосилни наоди укажуваат на тоа дека телодонтите (Thelodonti) се најблиските сродници на Gnathostomata. [1]

Се смета дека вилиците еволуирале од предните потпорни жабрени коскени лакови, кои преземале нова улога. Со отворањето и затворањето на усната празнина се испумпува водата кон жабрите - механизам на букална пумпа. Со ова, устата можела да стане поголема и поширока, овозможувајќи да се фати поголем плен. На овој начин, отворачкиот и затворачкиот механизам би станал посилен и поцврст, со што се изменил во вистински вилици.

Наместо заби, оклопните риби користеле остри коскени плочки, а поновите истражувања укажуваат на тоа дека вилиците кај оклопните риби еволуирале независно од тие на останатите вилични ‘рбетници. [2]

Други препознавачки карактеристики на денешните вилични ‘рбетници се миелинските обвивки на невроните. Исто така, присуството на стекнат имун систем кој користи V(D)J рекомбинација за да создаде препознавачки места за антигени. [3]

Виличните ‘рбетници најпрво се појавиле во Ордовик и станале чести во Девон.

Систематика и филогенија

Поттип 
Vertebrata
├─(нерангиран таксон) 
Gnathostomatomorpha
└─Инфратип Gnathostomata
      ├─Класа 
Placodermiизумрена (наоружани или оклопни вилични ‘рбетници)
      └Микротип 
Eugnathostomata (
вистински вилични ‘рбетници)
         ├─Класа 
Chondrichthyes (`рскавични риби)
         └─(нерангиран таксон) 
Teleostomi (Acanthodii & Osteichthyes)
             ├─Класа 
Acanthodiiизумрени ("бодликави ајкули")
             └Наткласа 
Osteichthyes (коскени риби)
                ├─Класа 
Actinopterygii (зракоперки)
                └─Класа 
Sarcopterygii (резноперки)
                     └Наткласа 
Tetrapoda
                         ├─Класа 
Amphibia (
водоземци)
                         └(нерангиран таксон) 
Amniota (со амниотско јајце)
                             ├─Класа 
Sauropsida (влекачи или сауропсиди)
                             │  └─Класа 
Aves (птици)
                             └─Класа 
Synapsida
                                 └─Класа 
Mammalia (цицачи)
 
Забелешка: линиите ги прикажуваат еволутивните врски.
Other Languages
Afrikaans: Kaakdiere
Alemannisch: Kiefermäuler
العربية: فكيات
azərbaycanca: Ağızçənəlilər
башҡортса: Яңаҡһөйәклеләр
беларуская: Сківічнаротыя
български: Челюстни
català: Gnatostomat
Cebuano: Gnathostomata
čeština: Čelistnatci
Deutsch: Kiefermäuler
Ελληνικά: Γναθοστόματα
English: Gnathostomata
español: Gnathostomata
Esperanto: Makzelulo
euskara: Gnatostomatu
Frysk: Kaakdieren
Gaeilge: Gnathostomata
galego: Gnatóstomos
한국어: 유악류
hrvatski: Čeljustouste
Bahasa Indonesia: Gnathostomata
interlingua: Gnathostomata
íslenska: Kjálkadýr
italiano: Gnathostomata
ქართული: ყბიანები
кырык мары: Онгылашлуанвлӓ
latviešu: Žokļaiņi
日本語: 顎口上綱
Nordfriisk: Tjaapdiarten
norsk nynorsk: Kjevemunnar
polski: Żuchwowce
português: Gnatostomados
română: Gnatostomate
sicilianu: Gnathostomata
Simple English: Gnathostomata
slovenčina: Čeľustnatce
српски / srpski: Чељустоусте
srpskohrvatski / српскохрватски: Čeljustouste
Tagalog: Gnathostomata
українська: Щелепні
Winaray: Gnathostomata
中文: 有颔下门